Кучиња скитници

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    619
Член од
8 октомври 2009
Мислења
39
Поени од реакции
10
Јас сум животнољубец и сеа??
И сеа...ништо. Самиот си одговори на прашањево неколку поста претходно. Кога членови на твоето потесно семејсто би биле нападнати од глутница разбеснети кучиња, со заби би го задавил алфа мажјакот. Што е се разбира, нормална човечка реакција. Во радикални ситуации кои изискуваат радикални решенија, а имаме конфликт на интереси, се одлучуваме да го заштитиме повредното. Ова донекаде се коси со веќе постоечкиот мејнстрим принцип на сеопшта љубов, кој не подразбира градација на приоритети, али...кога веќе не може да се најде посоодветно решение, најдобро е кучињата скитници да се успиваат од милосрдие. И тоа милосрдие кон сигурен и безбеден човечки живот. Похумано отколку да се задават со заби, нели?
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Кажете што сакате за мене ама некако сум скептик дека веста поставена од Тончи е вистина.
Ок, повредите на раката од женава се реални и не спорам дека можеби ја каснало куче скитник, ама околностите опишани се крајно сомнителни.
„Јас сакам кучиња и не се плашев од кучиња, ама ова за ни ништо ми скокна и ме изгриза. :vozbud: Башка и од тие бележаните (третираните во вардариште) беше“ Абе ајаде.
Ова да видам па нема да верувам. :toe:
Жал ми е за женава, ама мене ова пиказна ми личи на мештаљка. Во крими сериине кога детективите ќе влезат во соба во која има “оргија“ од докази (против некого) автоматски се сомневаат на наместена работа. :pipi:

Фантом ако прочиташе малку поназад ќе видеше дека имам пишано дека ме нападнале чучиња (повеќе пати) ама пак не добивам идеја да ги истребам на најбрутален начин.
Исто така ме нападнале и наркомани (тројца) па не тргнав во поход да ги требам сите постоечки џанкери. :toe:
Немојте сеа пак со муабетите за приоритетите околу луѓето и животните... Јас му давам приоритет на ЖИВОТОТ. Некои овде некако многу лесно посегнуваат по животот на кучињата без некое валидно објаснување и без да се исцрпат сите останати можности. :tapp:


ПС. Филозофке, отворив и тема каква што бараше http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=46680
Прочитај го воведниот пост не насловот на темата (го сменија :nesum:) ти не се појави да ми “објасниш“. :toe:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Па И Хитлер и Чарлс Менсон имаат фанови.
За среќа ти не си од тие забеганите. Само кучиња кои се опасни по луѓето сакаш.
Odis von tema Tonchie i toa go znaes.

И сеа...ништо. Самиот си одговори на прашањево неколку поста претходно. Кога членови на твоето потесно семејсто би биле нападнати од глутница разбеснети кучиња, со заби би го задавил алфа мажјакот. Што е се разбира, нормална човечка реакција. Во радикални ситуации кои изискуваат радикални решенија, а имаме конфликт на интереси, се одлучуваме да го заштитиме повредното. Ова донекаде се коси со веќе постоечкиот мејнстрим принцип на сеопшта љубов, кој не подразбира градација на приоритети, али...кога веќе не може да се најде посоодветно решение, најдобро е кучињата скитници да се успиваат од милосрдие. И тоа милосрдие кон сигурен и безбеден човечки живот. Похумано отколку да се задават со заби, нели?
Procitaj dali rekov so zabi? I dali rekov sekoe kuce tuku samo besno ( a besniloto e strasna bolest, neli, od koja se umira). ne tuku mi mudruvajte kolku da kazete nesto.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
ПС. Филозофке, отворив и тема каква што бараше http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=46680
Прочитај го воведниот пост не насловот на темата (го сменија :nesum:) ти не се појави да ми “објасниш“. :toe:
Не сум барала отварање на таква тема но сепак, малце офтопик ќе цитирам неколку мислења што ми се допаднаа од темата
Лејди Сатори напиша:
Колку би било се едноставно и лесно кога би застанале зад тврдењето на Ками и би ги оправдале сите наши насилни и вулгарни дејствија и би ги отфрлиле моралот, религијата и свесноста.
Аххх, силата на метафората или нејзината буквалност, би ги оправдале и канибалите затоа што јадат човечко месо ... како животни де.
Neporazen напиша:
Ма дај... Смешно ама интересно прашање...Па вака.... АЈ да одговорам.. Човекот не е Животно..Животните не размислуваат. Немаат чувства.Човекот чувствува,плаче,осеќа...љуби..сака...и размилува во многу пошироки граници за разлика од животните...Она што човекот може да си го замисли е поголемо од самиот простор и време.....
JokeR!=) напиша:
Се си кажа човеков , работата која не дели од животни е СВЕСТА , а тоа дека сеуште еволуираме тоа мислам дека не е така.
Се сложувам дека свеста е најсилниот елемент што не одвојува од животните, животните не знаат да размислуваат свесно и тие се водени од примарни инстинкти на преживување затоа кучињата напаѓаат често без повод и причина поттикнати од моменталната агресија и чувство за глад напаѓаат само кој ќе одговара за сите тие напади?
Ние како луѓе живееме во едно цивилизирано урбано општество и тие напади од човек на човек се регулирани со Кривичен законик, но што кога ќе нападне улично куче? Кој ќе одговара? Во сите наброени напади од претходно никој не превземал одговорност и кучињата се повторно на улица слободни и го повторуваат делото.
Во која цивилизирана ззаедница постојат глутници на кучиња кои слободно се шетаат освен кај нас? и да не одолговлекувам..........
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Не сум барала отварање на таква тема но сепак, малце офтопик ќе цитирам неколку мислења што ми се допаднаа од темата
Вони варас ако сакаш да расправаме кој е звер дали луѓето или животните можеш да отвориш тема во Филозофија ок?
Не те служи меморијата Филозовке па морам да те потсетувам. :tapp:

Не пренесувај туѓи цитати овде, туку пиши таму на зададената тема.
Овде нели друго е тема на муабет. :toe:

На неколку пати на темава е кажана „Хумано да се успијат, УБИЈАТ кучињата“
Што е хуманото (човечкото) во убивањето?
Не разбирам ако може да ми објасните.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Не те служи меморијата Филозовке па морам да те потсетувам. :tapp:

Не пренесувај туѓи цитати овде, туку пиши таму на зададената тема.
Овде нели друго е тема на муабет. :toe:

На неколку пати на темава е кажана „Хумано да се успијат, УБИЈАТ кучињата“
Што е хуманото (човечкото) во убивањето?
Не разбирам ако може да ми објасните.
Ахам добро еве ќе ти пишам поенче дека сум рекла да се отвори таква тема:tapp:многу јак аргумент во полза на уличните кучиња бај д веј иако гледаш и сам дека темата што си ја отворил е без врска и преполна со аргументи во твоја штета

, ги цитирав мислењата зошто сакав да се надоврзам на нив нема јас што да ти коментирам на глупавата тема не ме ни интересираат твоите филозофски гледишта за тоа кој е поголем звер, очигледно сметаш дека човекот е најголем звер така и се изјаснуваш,

еве да речеме дека јас се согласувам дека човекот е звер*хипотетички* НО!

сепак човекот звер одговара за своите злодела, човекот звер ја плаќа цената на своите постапки за разлика од другите зверови кои што не го прават тоа,

зашто не пуштиме мечки, лавови и тигри по улиците?
Јас еве лично сметам дека тие животни што живеат во зоолошката градина во Скопје не се криви за ништо зашто тие животни се лишени од своето примарно право, а тоа е правото на слобода, дали тоа значи дека треба да ги пуштиме сите животни од кафезите по улица?
Зашто тие животни страдаат таму и умираат од глад само за некој звер од човек да има забава и разонода кога ќе појде во Зоолошка градина?

Дали е тоа во ред?

Зарем мислиш дека кучињата скитници сакаат да бидат гладни напуштени и болни по улиците?

Што е похумано според тебе да се остават во таква состојба на улица или да се згрижат, зошто сите кучељупци на темава не сакаат да посвојат улично куче?
Има многу прашања на кои што мудро избегнувате одговор ти и сите ванабихуманисти на темава.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.505
Поени од реакции
8.086
Кажете што сакате за мене ама некако сум скептик дека веста поставена од Тончи е вистина.
Да не го правам мојот пост предолг го цитирав само овој дел. Ако некој ја критикува работата на градската администрација и администрацијата на општините со вмровски градоначалници, тоа сигурно се ВЕСТ, Дневник и Утрински Весник.

Како и да е, слична информација беше објавена и во Вечер на 29.03.2010: Сузана Манчиќ искасана од куче-скитник. Информацијава е превземена од SVET кој ја објавил на 27.03.2010 Suzanu Mančić napao pas lutalica. Ама да не испадне сензационализам од темава ова дури сега го спомнувам.

Се извинувам за оф-топиков, ама морав.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.154
Поени од реакции
4.038
Ja glasav deka sum za da se usmrtat ama ustvari nemam srce za neso tolku zlobno (taka da neznam ustvari zaso glasav). Od edna strana sakam pod sekoja cena da se resi problemot so niv i da gi nema niz grad, ama pa stvarno e greota da se resi toa so ubivanje, treba da se bara drugo resenie... Ili ako veke sakaat da gi ubivaat bar bolje neka gi izvezuvaat vo Kina kako hrana pa barem profit da se prai (crn humor, ne me sfakajte za ozbilno i ne go komentirajte vicov, znam deka bese zlobno). So znam...
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.505
Поени од реакции
8.086
На неколку пати на темава е кажана „Хумано да се успијат, УБИЈАТ кучињата“
Што е хуманото (човечкото) во убивањето?
Не разбирам ако може да ми објасните.
Еве едно мало потсетување а воедно и прашање:

Дали е похумано стручно лице да им инјектира течност од која безболно ќе отидат во вечните ловишта, или да бидат мета на лицата кои со импровизирани средства вршат намалување на бројот на уличните кучиња?
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.699
Поени од реакции
34.231
Mуабетов е "не ги успивајте, хуманисти изиграваме, освен ако не каснат некој, тогаш оправдуваме"

Мора да има жртва, во името на хуманоста и хипокризијата.
 
?

..........

Гостин
Муабетов е да се покаже инатот на одредени стари веќе напатени души, кој заканата за убиство ја искажуват јавно, а ваму бранат кучиња, хаха која пародија, зини земјо голтни го.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Еве едно мало потсетување а воедно и прашање:

Дали е похумано стручно лице да им инјектира течност од која безболно ќе отидат во вечните ловишта, или да бидат мета на лицата кои со импровизирани средства вршат намалување на бројот на уличните кучиња?
Лицата кои со импровизирани средства убиваат кучиња, изгаснуваат нечии (дури и животински) живот се нелуѓе, подвидови, кариката која недостига итн.

А таканареченото хумано успивање?? Тоа прашај како се изведува, со сјај, со отров, со хемиска парализа на телото, да не може да дише, се угушува, а неможе да квекне, умира со минути, се мачи!
Зошто? Оти штедат и немаат доволно од оние кои се безболни.

Mуабетов е "не ги успивајте, хуманисти изиграваме, освен ако не каснат некој, тогаш оправдуваме"

Мора да има жртва, во името на хуманоста и хипокризијата.
Ако си ти лицемер не се сите! Некој е искрен и хуман!

Муабетов е да се покаже инатот на одредени стари веќе напатени души, кој заканата за убиство ја искажуват јавно, а ваму бранат кучиња, хаха која пародија, зини земјо голтни го.
Ти научи да говориш, потоа лани ланата!

Ти си од оние за кои говорам, кои патат од недоволно внимание во реалниот живот, та затоа тука тролуваат зџа да се направат квази интересни и да имаат многу контакти на мсн за евентуален сајберсекс.

Закана за убиство? Не е закана, сеуште е реалност која ќе се случи!


Кучето, скинтник кучето има многу повеќе во него душа отколку тие таквите како тебе кои убиваат наоколу, фрлаат отрови од кои мали деца може да се отрујат, без да размислат со тоа тимбата.

П.С. Се обложувам дека си некој нерд кој само за малку сајберсекс и зеленко лафка наоколу, а дека не си го сторил тоа иако сакаш, не за друго, немаш муда.

Ајт и ти на игнор листа кај мене, конечно да се отарасам од твоите небулози.
 
?

..........

Гостин
Ха, се препозна дедо мраз:helou:
говори дека сум пател од недоволно внимание во реалниот живот, 40 годишен со 22 000 мислења, спие на форумот:vozbud:
кучињата скитници се реална закана за слободно движење на граѓаните, без разлика на кој начин тие мора да се одстранат од улиците, дали со успивање дали со куршум дали со ланата мора да се тргнат.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
39
Поени од реакции
10
Procitaj dali rekov so zabi? I dali rekov sekoe kuce tuku samo besno ( a besniloto e strasna bolest, neli, od koja se umira). ne tuku mi mudruvajte kolku da kazete nesto.
Дубоко се извињавам, не сум знаел дека давење со заби или со голи раце е драстична разлика во твојот животен светоглед. И не мудрувам, мудрувањето е очигледно само твоја привилегија...

Кога сте веќе толку цврсто убедени во исконски добрата нарав на песовите, дури и напад на глутница кучиња врз недолжно дете да се случува пред вашите очи, ќе се сомневате во веродостојноста на податоците што ви ги даваат сетилата, а не па во непристрасен новинарски извештај. Ама тоа не е мој проблем...
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Додека јадев пред Нино 5 сираци ми поминаа, ај што со самата глетка ти се гади плус и смрдат, замараат луѓе и те пцујат ако не им дадеш пари.
А 2 кученца лежеа, мирно ги гледаа луѓето без нималку агресивност и тие знам никогаш не би нападнале...затоа си добија храна од мене:pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom