- Член од
- 22 ноември 2008
- Мислења
- 415
- Поени од реакции
- 11
Ако не сте слушнале за ова мало девојче претходно, сигурно вртејќи по радио станиците сте ја слушнале нејзината најнова песна која ја пее заедно со Паркети (и за која е направен спот), а се вика „Јас те сакам тебе“.
Ако следите Супер Ѕвезда, тогаш сигурно сте „фатиле“ некој од нејзините настапи кои ги има на овој фестивал уште од 6 годишна возраст. Освен на македонските детски фестивали, има учествувано на интернационалниот фестивал Свит талантив, што се одржа во Киев каде го доби првото место за интерпретација, а има учествувано и на познатиот италијански фестивал „Ил пучинела д оро“ (Златна маска), на кој ја има освоено наградата „Премија еко ди Наполи“. Сега има 9 години, доволно песни за да издаде албум и на добар пат е да има успешна музичка кариера.
Мене ме интересира вашето мислење за ова мало девојче.
Некои велат дека е чудо од дете, некои дека е премногу форсирана од нејзините искомплексирани родители, некои се плашат дека за време на пубертетот ќе се промени нејзиниот глас, а некои едноставно ја жалат што и е скратено детството со големиот број настапи, шминкања, дотерувања...
Јас сметам дека е талентирана и ми е мило кога на интернет ќе прочитам доста позитивни коментари од странци за нејзиниот глас и песни, иако сметам дека малку претеруваат кога ќе ја видам на сцена нашминкана, дотерана во некакви фустани... едноставно не личи на 9 годишно девојче.
На YouTube има еден куп видеа со неа, така што можете да ѕирнете... :wink: