Колку ви значи зборот ИЗВИНИ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Извини значи многу, точно, ако е кажано од срце. Тогаш се познава.

Во тој случај, оној кој го прима извинувањето има избор: дали ќе го прифати или не. Моментот на кажување „извини“ е на некој начин ставање на својата глава на гилотина, која може да ја активира оној кој го прима извинувањето. Доколку го прифати, ќе му помогне на оној што се извинува да стане. Доколку не, ќе ја активира гилотината и ќе ја пресече главата на извинувачот (јасно, фигуративно), што е сигнал дека стореното дело не може да се прости и едно „извини“ не е доволно.



Но, како што велат: полесно е да добиеш прошка отколку дозвола. Па затоа „извини“ се користи пречесто и веројатно не баш ислрено, т.е. квалитетот на тој збор се намалил после сè почестото негово масовно користење. Затоа е многу тешко да добиеш едно чисто „извини“ во денешно време.
 
Извини не ми значи ништо кога осекам(знам) дека е кажан од неповерлив човек и знам дека никогаш нема да се оправи.Секоја чест на исклучоците и на оние што имаат му*а да го користат во вистинско време,и за вистинската работа.Иначе јас се извинувам по потреба кога знам дека сум заебал нешто на мој другар/ка.
 
извини?да бе брат ке те отепам па ке ти кажам извини не прифаќам.Извини значи дека се каеш а човек дур е жив не се кае за ништо не може пред 5 минути да сакаш да отепаш човек а после 10 минути да го сакаш нема измеѓу или или :wink:
 
зависи како е кажано тоа ИЗВИНИ и за што е кажано !:toe:
 
Ми значи доколку е ИСКРЕНО кажан. И е стварено зажалено за постапката што се направила.
 
Ништо, проклето ништо. Не ми треба никакво извини, ми требаат повеќе разумни луѓе, помалку причини за каење...
 
Ништо, проклето ништо. Не ми треба никакво извини, ми требаат повеќе разумни луѓе, помалку причини за каење...

зборот извини не треба да постои од извини не се живее
 
зависи од кого... на некои секој втор збор им е извини, не сакав.. а после 5мин пак старата приказна, односно не ми значи што ќе кажат едно извини... важна ми е постапката со која ќе покажат дека навистина се каат.
 
Ми значи...ама зависи за шо... и како.. некогаш дури не ми ни значи...со тоа не сум дозволувал секогаш да ми се врати мислењето назад како шо е било за тој шо ми е рекол извини...
 
Зависи како е кажано .. Ако е кажаново превод "знам дека не згрешив ама ај да не се караме" тогаш за џабе е извинувањето, но ако навистина го мисли тоа, тогаш секако дека ќе простам што и да е.
 
Зборот како збор, не ми значи ништо доколку знам дека не е кажан од срце, туку само така колку да се каже. А кога стварно ќе видам дека некој ми се извинува, колку и да ме изнервирал, знам да простам.
 
Ми значи ако е кажан од срце.:smir:
 
Ми значи ако е кажан од срце.:smir:
А како ќе знаеш дека е кажан од срце?:smir:
Денес секакви глумци постојат па можат да те убедат дека животот ќе го дадат за тебе а тоа везе нема.
Лично мене не ми значи многу, да не кажам ич. Постојат многу начини кога некој на дело може да покаже дека му е жал за некоја негова постапка, е тоа се цени а извини може да ти каже секој а воопшто да не го мисли тоа.
 
Зависи од изразот на лицето: многу или ништо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom