Кварк сум кажал и порано ама ев еќе повторам, етничка припадност не се гледа по потекло, туку етничка припадност е нешто што секој лично го определува. Следствено потеклото во однос на просторот и одредените групи не е во директна врска со моменталната генетска структура на една етничка група. Етничката група е општествена категорија и неможеш да јас следиш етничката припадност секогаш по генетско наследство. Затоа погрешно е да се зема дека некоја етничка група која се обидува да ги пренесе своите културолошки и јазични одлики на што е можно повеќе наследници ја има потполно истата генетска структура како и тие што први ја основале и почнале да ја пренесуваат и негуваат таа култура и еден вид на култ преку кој се самоидентификуваат. И нормално секоја едно култура трпи со текот на времето одредени промени ради разно разни причини.
Едноставно кажано нам смисла да се одредува според генетското потекло да се определува дали некој дури и денес припаѓа на една или друга етничка група, а уште помалку има смисла тоа да се прави за некој кој оддамна е мртов и не постои можност тој лично да се произнесе со кој денешен етникум денес би се идентификувал односно кој го голеда како наследен од културата која тој лично ја негувал.