Теоријата за балканското потекло на Словените денес најмногу егзистира токму во центарот на словенството - во Русија! Нејзин предводник е истакнатиот руски славист Г. С. Гриневич. Гриневич тврди дека предци на Словените се големите балкански народи - Пелазгите. Гриневич исто така констатира дека прасловенскиот јазик, т.е. јазикот на Пелазгите е многу сличен со т.н. старословенски јазик.
Но, каков бил тој јазик на Пелазгите? Херодот (кој бил нивни современик) тврди дека нивниот јазик воопшто не бил грчки. Во врска со ова Херодот пишува:
" Каков бил поранешниот јазик на Пелазгите не можам да кажам со сигурност. Но, ако го претпоставимепреку јазикот на денешниве Пелазги - на пример, на оние кои живеат во Крестонија (македонска област, з.м.) над Тиренците, кои, пак порано престојуваа во областа наречена Тесалија и им беа соседи на Дорците или на оние (Пелазги) кои ги основаа Плација и Скилица над Хелеспонт и кои привремено живееја заедно со Атињаните, или пак, на оние кои живееја и во другите градови, а всушност се Пелазги - значи ако направиме споредба со секој од нив, ќе мораме да потврдиме дека Пелазгите зборувале на барбарски јазик.Од своја страна, мислам дека Пелазгите беа барбарски народ."
За Пелазгите (античките Македонци) од македонската област Крестонија Херодот е уште подециден:
"Со сигурност се знае дека народот во Крестонија зборува на јазик кој е различен од соседните јазици."
Значи, според Херодот, Пелазгите се едни од предците на античките Македонци, а според Гриневич и Словените потекнуваат од Пелазгите (врз основа на бројните словенски зборови најдени на Балканот уште од времето на антиката).
Во врска со потеклото на Словените, постои и една друга интересна и солидно аргументирана теорија (иако истата сe уште треба да се поткрепува со докази и иако истата е во спротивност со некои елементи што претходно ги изнесовме). Тоа е претходно навестената "втора" теорија за потеклото на Словените. Според оваа теорија, Словените отсекогаш живееле на сите европски простори каде што и денес живеат (Македонија, Србија, Чешка, Полска, Бугарија, Русија, Украина итн.), па според тоа, оваа теорија очигледно содржи елементи од претходно изнесената теорија за балканското потекло на Словените.
Но, пред да направиме осврт кон аргументите и застапниците на оваа теорија, најпрвин сакам да укажам да една, би рекол, неправда во врска со теориите за потеклото на Словените. Имено, извесен број публицисти кај нас, реагирајѓи на неумереното префорсирање на теоријата за заткарпатското потекло на Словените во македонската историографија, ја обвинија руската историска наука за ваквиот став на овие наши историчари (!?). Наводно, руските научници, за време на едноумието ни ја "наложиле" теоријата за заткарпатското потекло на Словените, која нашите историчари, небаре по партиска директива, ја прифатиле и до денес добар дел од нив, по автоматизам, ја форсираат.
Но, ова воопшто не е точно. Верувам дека ќе биде големо изненадуваwе за неупатените ако кажам дека токму руските научници се најголемите приврзаници на теоријата за балканското потекло на (јужните) Словени! Веќе го спомнавме Гриневич, кој тврди дека сите Словени потекнуваат од Балканот, а сега ќе ја спомнеме и теоријата според која Словените отсекогаш си живееле таму каде што во најголем дел живеат и денес (што значи и на Балканот). И на оваа теорија најбројни приврзаници се токму руските научници. Оваа теорија со децении била третирана како официјален став на целокупната поранешна советска наука за потеклото на Словените! Намерно напишав советска (а не руска) наука, затоа што терминот советска е многу поширок термин и тој практично значи дека теоријата за балканското потекло на јужните Словени била сметана како официјален став не само на руската, туку и на украинската, белоруската и на претставниците на сите останати национални науки во бившиот СССР!
Но, да поминеме на презентираwе докази. Рускиот професор Валентин Дитјакин во својот труд "Советската наука за потеклото на Словените" (Зборник "Словенско братство", Белград, 1947 год.; стр. 696-710), прави анализа на дотогашната руска и странска наука за потеклото на Словените. Тој тврди дека сите сознанија, од разни научни дисциплини, потврдуваат дека Словените се стар европски народ и дека тие отсекогаш живееле на просторите во Европа,каде што отприлика живеат и денес. Во врска со ова Дитјакин пишува:
"Археолошките истражуваwа изведени во последниве педесет години на територијата на СССР и во земјите на јужните и западните Словени, непобитно докажаа дека не само што целата територија што денес ја населуваат словенските народи отсекогаш била нивна исконска татковина, туку дека нивна била и онаа територија што во минатото им ја одзеле нивните непријатели." (Подвлекувањето е мое, з.м.).
Пишувајќи за предците на Словените, професорот Дитјакин исто така ги споменува Венетите, за кои тврди дека порано живееле на Балканот и дека нивното живеење на Балканот го спомнал уште Херодот во 5 век, п.н.е. Професор Дитјакин тврди дека Венетите како жители на Балканот ги спомнал и Софокле! Во врска со ова тој пишува: "Во истото време, или нешто порано, стануваат познати имињата и на другите предци на словенските народи. Тое се Венеди, Венети, кои ги знаат Херодот и Софокле (5 век, п.н.е.)."
Во врска со овие тврдења, да кажеме дека Херодот во своите дела, не го споменува токму терминот Венети, но го споменува терминот Енети (Енети), кој фрапантно личи на терминот Венети. Херодот и навистина вели дека Енетите живееле на Балканот!
ТЕОРИЈА ДЕКА НЕМАЛО ДОАЃАЊЕ НА СЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ
Но, да се вратиме на проф. Дитјакин. Тој тврди дека не постоело никакво доааwе од страна на јужните Словени од зад Карпатите на Балканот, туку дека тие отсекогаш овде си живееле. Во врска со ова тој пишува:
"Јасни се основните патишта за настанокот на Јужните Словени. И овде комбинираното проучување на податоците од археологијата, палеолингвистиката, фоклорот, палеоетнологијата и сведоштвата на античките и средновековните автори, ни даваат можност да ги одбележиме тие патишта доста аргументирано. Отфрлувајќи ја постоечката претстава на буржоаската наука дека јужните Словени дошле на Балканот од север, зад Карпатите, од заедничката словенска "прататковина" и дека божем дошле на Балканот со веќе утврдено племенско уредување и карактеристични црти на својот јазик, ние во овој случај се обрнуваме кон проучуваwето на етничката историја на Балканскиот Полуостров."
Понатаму, проф. Дитјакин тврди дека периодот на римската окупација на балканските земји, довела до потполна стабилизација на месните протословенски народности, по што биле формирани јужните Словени како народи. Овде читаме:
"Епохата на римските освојувања била тој датум кога, како точка за ориентација, можеме да ја сметаме појавата на јужните Словени како народи, повеќе или помалку формирани во тоа време овде на Балканот, а не некаде на друго место."
Овој руски професор тврди дека немало никакви упади на Словените од преку Карпатите и нивна војна со Византија, туку дека тоа бил само бунт на домородното балканско население, кое тогаш стигнало на повисок степен од својот општествен развиток. Во врска со ова Дитјакин пишува:
"Дури во ваквата низа на мисли станува јасна вистинската суштина на фамозните "упади" на Словените на Балканскиот Полуостров во 6 и 7 век. Војните на Словените со Византија од тоа време не биле знак за никаков упад однадвор или доселување на Словените од некаде, туку тоа била активизација на домородните балкански жители, активизација која го следела преминот на формираwе на словенските народи на следниот степен од социјалниот развиток, на степен на воена демократија. Во овие војни конечно завршува процесот на консолидација на јужнословенските народи."
Но, кој бил професорот Дитјакин? Дали можеби тој бил само осамен и ексцентричен пример од руската наука, кој тврдел дека балканските Словени биле староседелци на Балканот? Веднаш ќе одговориме со - не! Не само што проф. Дитјакин не бил никаков (условно кажано) ексцентрик, кој им "опонирал на останатите руски научници", туку тој бил официјален советски историчар! Најголем доказ за ова е што неговиот гореспомнат труд е објавен токму во високоугледниот и реномиран интернационален Зборник "Словенско братство", во кој, тогаш им било дозволено да објавуваат само на најголемите умови од словенските земји. Значи целата советска (руска, белоруска, украинска итн.) официјална историографија своевремено тврдела дека балканските Словени се домородни жители на Балканот!
Но, руската наука и пред постоењето на СССР тврдела дека балканските Словени се староседелци на Балканот. Така, на пример, научниците В. В. Хвојко и Т. Н. Пасек, проучувајќи ја древната т.н. "Култура на Трите полиња", утврдиле дека истата била распространета отприлика 3000 год. п.н.е., на териториите од Дунав и Днестар, па сe до јужните делови на Балканот. Откривачот на оваа Култура, археологот В. В. Хвојко, уште во 1913 година (значи во времето пред СССР!) дошол до заклучок дека носители на оваа култура биле - Прасловените!
Понатаму, и прочуениот руски академик Державин, вршејќи темелни антрополошки и палеонтолошки истражуваwа, дошол до заклучок дека постои органска сукцесивност и континуитет на антрополошкиот тип на жителите на Балканскиот Полуостров, почнувајќи од неолитот, па сe до денешните Словени. Од сето ова гледаме дека воопшто не е точно дека Русите ни ја наметнале тезата за задкарпатското потекло на Словените!
Па, кој ли тогаш им "направи магија" на бројните македонски историчари и денес упорно и тврдоглаво да се држат само за теоријата за наводното задкарпатско потекло на Словените, без речиси ни да спомнат дека во сите останати науки (а пред сe токму во руската!), постојат сериозни тврдења за балканското потекло на Словените и без ниту да спомнат дека Словените порано се викале Венети? Јавно ги повикувам конечно да приложат докази за својата "задкарпатско-мочуришна теорија", но без притоа да се цитираат еден со друг.
На крајот да кажеме дека оваа теорија има и одредени слабости, но факт е дека постојат силни индиции во нејзина полза. Иако е очигледно дека оваа теорија отстапува од претходноизнесената теорија, според која, Словените не биле староседелци на земјите во кои денес живеат, факт е дека и оваа теорија си има индиции и аргументи во своја полза. Целта ми беше само да го свртам вниманието на нашите официјални историчари, барем да ги спомнат овие две теории за потеклото на Словените, наместо и натаму упорно и тврдоглаво да ја форсираат исклучиво "задкарпатската мочуришна теорија" за потеклото на Словените.
Видовме дека има уште најмалку две теории за потеклото на Словените (балканско-пелазгиската и теоријата дека Словените се староседелци во сите земји каде и денес живеат). Видовме дека овие две теории (исто како и "задкарпатско-мочуришната теорија"), имаат свои слабости, но и аргументи во сопствен прилог. Според тоа, тие по ништо не заостануваат од "задкарпатската теорија" и истите заслужуваат рамноправно да бидат спомнувани со неа.