По твое како што те разбрав, релевантни да дискутираат по ова проблематика во државава се само Паско Кузман, Миленко и овј што под спонзорство на власта ја пишуваше новата историја.
Ништо не си разбрал бе батка, ти се трудиш да не разбереш бидејќи така ти одговара.
Која е
новата историја, имаш ли ти акал што зборуваш?
Треба да се засрамиш што одиш по таа деградирачка линија, користејќи бездушно некои фрази, за ефтина политичка манипулација.
Ќе ви се врати со камата, сета оваа анти-македонска активност, да ви биде јасно.
Да продолжам:
Во 1983 г. Блаже Ристовски пишува:
„Вистина, основната маса на денешниот македонски народ се Словените што дошле на овој дел од Балканскиот Полуостров главно во VI и на почетокот на VII век, но и
покрај сите погроми тие не го нашле овој простор наполно испустен:
апсорбирајќи делови од затечените народи (антички Македонци, Илири, Траки, Грци, Римјани, прадедовците на денешните Албанци и Власи и др.) Словените ја апсорбирале и нивната култура и при тоа смешување постепено се создавал народ со претежно словенски етнички елементи, со словенски јазик и словенско-византиска култура. ...Во историјата на македонскиот народ несомнено важна улога имал словенскиот карактер на основниот етник,
но не може и не треба да се превиди ни значењето на античките Македонци што посредно му дадоа на овој народ територија, име и крв. Ако историјата на турно-монголските Бугари се прима како неразделен дел од историјата на современиот бугарски народ, зошто Македонците да не го почитуваат минатото и славата на својата земја, на своето име и на дел од својата крв? Зашто, како што вели Д.Македонски во 1871 г. „не зинала земјата па да ги голтне“ тие стари Македонци, ами тие се влеале во масата на овој народ.“
( Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација. Скопје 1983. I. стр. 22 и 32)
Според Драган Ташковски:
„македонското име, кое од XVII век почна да се употребува меѓу македонските Словени, не го донесоа само дубровничките, венецијански и други трговци од Запад. Напротив, во тоа значително придонесоа и нашите трговци и кираџи кои одеа во Европа и се судираа со овие нови разбирања за нивната земја и народност. Факт е и тоа дека тоа име во почетокот го усвоија само еден тесен круг луѓе, што е и обичен случај со секоја нова идеја. Но со времето тоа сè повеќе и повеќе се ширеше и се усвојуваше од македонските Словени, кои во него најдоа не само неутрално име што би ги „оделувало“ од другите соседни народи, туку и за да го обележат најадекватно својот етнос.“
(Драган Ташковски, Раѓањето на македонската нација. Скопје 1970. 153-154)
Според тврдењето на Анте Поповски името Македонци било усвоено од „македонските Словени“ истовревено со словенската колонизација, имено:
„бил остварен чин на импозантна историска средба на две етнии: македонската античка етнија, која вкрстувајќи се со словенската - исчезнувала како самобитна и автогена, и етнија која ги наследила не само незјините огништа и слава, туку по еден неодминлив и непореклив природен закон ги наследи во многу нешта и крвта и поривот и заветот на античките Македонци.“
(„Историја без географија“ - Анте Поповски во книгата Македонија на стари мапи подготвена од Илија Петрушевски, Скопје 1992. 7)
Која е таа “нова“ историја?
Само ви одговара така вештачки да наметнувате некои термини и дилеми, дека се работи за нешто “ново“, за да можете да си ги пласирате агитаторските тези и ништо повеќе.