- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Повторно откорнати граничните камења меѓу Македонија и Косово
Жителите на пограничните села на македонско-косовската граница повторно ги извадија граничните камења.
Велат дека сè уште не е решен проблемот со нивните имоти. Ги обвинуваат ДУИ и ВМРО за застој во процесот. Извори во МНР во Скопје велат дека незавршеното разграничување е главната причина зошто доцни воспоставувањето дипломатски односи меѓу Скопје и Приштина.
Граничната линија меѓу Косово и Македонија во делот на Танушевци и Дебалде продолжува да биде јаболко на раздорот меѓу двете земји. Жителите на пограничните села од страната на Косово уште еднаш во знак на незадоволство ги урнале повеќето од камењата кои ја одбележуваат граничната линија затоа што и понатаму сметаат оти 2.500 хектари нивна земја останува во Македонија. Спорно останува и дел од место викано „Корда Фура“, за кое Косовците сметат дека треба да им припадне ним.
“Порано македонската комисија рече дека границата ќе биде таму каде што беше, а во меѓувреме ги измени зборовите и рече дека Кодра Фура нема да ја отстапат и затоа граничните камења се извадени и моментално тоа не е завршено. Тие се наши приватни имоти. Ги извадивме во знак на незадоволство и тоа земјиште нема и да ù го дадеме не само на владата на Македонија, туку и на никој друг. Немаме земјиште за продавање никому. Нашите барања се границата да биде таму каде што беше и да ни се плати отштета затоа што веќе десет години немаме пристап на нашите имоти“ вели Шемседин Мурсели, жител на село Дебалде.
„Македонија се обидува по секоја цена да ни ги одземе имотите. За мене и за нашето село неприфатлив е договорот меѓу Србија и Македонија. Ние сме на нашите имоти. Не бараме ниту повеќе, ниту помалку од она каде што беше границата, таму и да остане. Да ни дозволат да ги обработуваме нашите имоти, да се вратиме во нашите домови бидејќи границата што ја одредија е до ѕидот на куќата. Тоа е неприфатливо за нас како жители на село Мијак“ рече Самет Металари, жител на село Мијак.
„Граничните камења се извадени затоа што жителите се незадоволни со одредувањето на границата. Македонците на Косово му одземаат територија. Му одземаат најмалку 2.530 хектари, па жителите од селата Дебалде, Лубижде, Бозовик, Мијак, Крблиќ и Летница не се задоволни. Властите не можат без согласност на жителите да ги постават камењата“ смета Рахим Исмаили од Дебалде.
На граничната област меѓу Косово и Македонија во планинското село Танушевци, единствениот граничен камен кој ги одбележува Косово и Македонија е овој тука. Другите се отстранети од жителите на селата Мијак и Дебалде, револтирани бидејќи демаркацијата им ги одзела нивните имоти.
Создадената состојба околу одбележувањето на граничната линија ја коментираше и Џезаир Шаќири, поранешниот командант Хоџа. Според него, овој процес е во застој во последните три месеци, па за тоа ги обвинува владините коалициони партнери ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.
„ДУИ и ВМРО ја блокираа работата за границата. Знаеме за случајот. Жал ми е што ВМРО-ДПМНЕ ја условува ДУИ по секоја цена да се заврши демаркацијата на границата за потоа да се воспостават дипломатските односи меѓу Косово и Македонија. Ние во овие интриги на ВМРО-ДПМНЕ, јас лично со жителите од овој крај, не сакаме да учествуваме. Луѓе без беса како од ВМРО и ДУИ досега во мојот живот не сум видел. Не исполнија ништо од она за кое се договорија со жителите на Танушевци или на Дебалде, Мијак, Лубижде или Станчиќ, а за што и јас бев посредник. Незадоволство постои повеќе од камењата кои сами ги поставија. Денеска никој нема храброст да дојде и да ги постави тие камења затоа што тие се поставени на приватни имоти“ изјави Шаќири.
Според извори во Министерството за надворешни работи во Скопје, незавршувањето на одбележувањето на граничната линија меѓу Македонија и Косово е главен проблем поради кој сè уште не се воспоставуваат дипломатски односи меѓу двете држави.
Шкелзен Аќифи
АЛСАТ-М
До кога и дали некогаш ќе се реши овој проблем...
Косово треба да расчисти со самоволието на своите граѓани....