Гоч
33 1/3 rpm
- Член од
- 17 мај 2009
- Мислења
- 1.417
- Поени од реакции
- 47
НАТО Букурешт 2008 - Црвенковски: Фрустрациите и ирационалната позиција на Грција ја спречија поканата на Македонија во НАТО (ДПЛ)
Букурешт, 3 април (МИА) - Единствената пречка зошто Македонија денеска не доби покана за членство во НАТО се фрустрациите на нашиот јужен сосед Грција која својата ирационална позиција ја издигна на такво ниво да го злоупотреби правото на вето како членка на Алијансата, изјави македонскиот претседател Бранко Црвенковски по средбата во Букурешт со американскиот претседател Џорџ Буш.
- Гледано од тој аспект сакам да им порачам на сите граѓани на Република Македонија, но и на нашите соседи во Грција дека Република Македонија ќе опстои, нашиот народ и ова ќе го издржи. Ќе продолжиме по патот што сами го определуваме и секој што мислел дека на овој начин ќе не спречи како народ или како држава да ја оствариме иднината што ја посакуваме силно греши. Некој тоа ќе го сфати порано, некој подоцна, а ние тоа веќе го знаеме, рече претседателот Црвенковски.
Тој оцени дека на Самитот на НАТО во Букурешт се реализирало најлошото можно сценарио за Република Македонија.
- Не ја добивме поканата и покрај тоа што сите држави членки на Алијансата, без исклучок, што значи и Грција, јавно се произнесоа дека Македонија ги исполнува сите базични критериуми и стандарди за полноправно членство. Не се оспоруваат подготвеноста на земјата, резултатите постигнати во реформате. Само еден единствен проблем - разликите со името со Грција се појави како пречка и нејзиното право да го употреби, односно да го злоупотреби ветото, истакна Црвенковски.
http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=125&vId=40813486&lId=1&title=ЕВРО-АТЛАНСКИ+ИНТЕГРАЦИИ
Значи, мапата на цела Македонија, преименувањето на аеродромот, антиквизација (што и да значи тоа) не се причината. Барем така ни кажаа нашите политичари по самитот во Букурешт

Нели ти самиот кажа дека тоа ти е прифатливо?А границата е промена на името за меѓународна употреба.
Така ли ?