Стратегија за името: Никој да не си игра со идентитетот

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
И да тоа се зборови на Груевски , мегутоа тоа се и мои зборови, мислењата ни се совпаѓат...
Инаку нема што да му се верува на Груевски доволно е да се погледне што добивме со промените кои поранешните влади ги направија под Гејски притисок...Дали денес се спомнуваат тие одстапки...
Добро, зарем не гледаш дека преку наводно цврстата стратегија, власта сака да се испере за промената на името кое ќе се користи за меѓународна употреба.

Мислам, потегот е многу приsирен.

Уште пред една година напишав дека Груевски во игра ќе го стави идентитетот и јазикот, за на крај да се јави како спасител на истите.
Картата на цела Македонија никогаш официјално не била користена , туку се користи во приватни сврхи...
Но најверојатно со неа или пред неа, не би требало да се сликаат и високи државни службеници.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Искрено ме заболе што ќе каже Грција. Ако можат они во сред парламент да имаат карта на Грција, со територии во денешна Турција и Италија, ондак не на етничка Македонија, можат нашиве да се сликаат пред карта на Македонија во времето на Александар.

Назад на темата. Потегов на Груевски го очекував, како што кажа реален, од дамна може да се насети. Затоа, МОРА да издејствуваме прекин за преговорите, што побрзо, толку по НЕ штетно ќе биде за Mакедонците.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Користењето на картата на географска Македонија од наша , е аргумент плус за грчката страна во преговорите.

Па ти види :toe:
Не држи.
До 2006 година немаше никакви провокации.
Дали се договоривме, дали попуштија барем 1мм во нивниот став.
Ние треба да си ја тераме нашата работа, они и така си ја тераат нивната работа.
Тенковите во полињата на Македонците од Беломорска Македонија се нивна работа и виде од ЕУ некој да проговори нешто за тоа ?

За Грците ова е идеална шанса која не смеат да ја пропуштат.
Да ги натераат Македонците да турат параф на поделбата на Македонија од 1913.
Тоа им е само во мислата, ги заболе нив за Александар Македонски кој им стои во депоата од 1976 година.
Го користат само за да докажат дека геноцидот врз Македонците е геноцид врз дојденци Словени од 6 век и ние сме кривите што сме дошле а не они што не истребиле.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Држи, и те како.

Еве го аргументот за иридентизам на грците во Букурешт.



До 2006 година немаше никакви провокации.
Дали се договоривме, дали попуштија барем 1мм во нивниот став.
Ние треба да си ја тераме нашата работа, они и така си ја тераат нивната работа.
За воља на вистината, грчките почетни позиции беа никакво споменување Македонија во компромисното име.
НАшата почетна позиција беше компромис со двојна формула за билатерално обраќање помеѓу Македонија и грција.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Држи, и те како.

Еве го аргументот за иридентизам на грците во Букурешт.



За воља на вистината, грчките почетни позиции беа никакво споменување Македонија во компромисното име.
НАшата почетна позиција беше компромис со двојна формула за билатерално обраќање помеѓу Македонија и грција.
И што сакаш да кажеш дека поради фотката на Грујо со цела Македонија не не примија во НАТО? Тоа е целиот аргумент на Грците? Па, ние и во устав пишавме дека немаме територијални претензии, нели?

П.С.
Не грчките стартни позиции, туку и европските стартни позиции

“The European Council reiterates the position taken by the Community and its member States in Guimaraes on the request of the former Yugoslav Republic of Macedonia to be recognized as an independent state. It expresses its readiness to recognize that republic within its existing borders according to their Declaration on 16 December 1991 under a name which does not include the term Macedonia.”
- Лисабонска декларација од 1992 анекс 1
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
И што сакаш да кажеш дека поради фотката на Грујо со цела Македонија не не примија во НАТО? Тоа е целиот аргумент на Грците? Па, ние и во устав пишавме дека немаме територијални претензии, нели?
Јас само сакам да укажам за непотребното давање бонус аргументи на грците.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Јас само сакам да укажам за непотребното давање бонус аргументи на грците.
Грците на своја страна немаат ниту еден аргумент, освен аргументот на силата. И тој го користат на секој чекор. Издржавме 19 години, за сега да се предаваме во нашата праведна борба?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Џабе му објаснуваш, него задачата му е да не го вади од уста Груевски.

Темава пак успеа да ја сврти на агитација против Груевски и така секоја можна тема без престан.

На ниту една друга тема нема оставено коментар, која би била од поинаков карактер, која не ги засега СДСМ-ДПМНЕ.

Не си губете време на активистот реален07 , нека си тера по шемата тој.



Што се однесува на Андов, па тој несамо што наведе апсурдални точки во неговата стратегија, туку и симптоматично е како чекал дури до сега да “смисли“ стратегија, за која инститираше да биде - јавна.

Бем ти стратегија.

Како втора забелешка, тој во 1993 го протежираше името СЛАВОМАКЕДОНИЈА како решение за блокада на Грција.

Така, Андов се надевам ќе ја доживее лустрацијата.


Во однос на национална стратегија, зад која би застанале сите партии и политички фактори во земјава, по грчкиот модел, е неопходно.
 
Член од
17 мај 2009
Мислења
349
Поени од реакции
16
национален спорт стана да се правиме наудрени, да бидеме неутрални кон спорот што грците го имаат со нас. АМАН, со студена глава се размислува за односите помеѓу канада и мексико, малезија и сингапур, француските нуклеарни проби. да се биде рамнодушен, неутрален во однос на самиот себе е ЛУДО, а лудоста ни станува секојдневие.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Неможам да дефинирам бонус документи, затоа што напишав бонус АРГУМЕНТИ :toe:

ОК бонус Аргументи, моја грешка...пад на концетрација...
Дефинирај што подразбираш пд тоа...

Дефинирање на Александар и Филип како дел од нашата историја...???
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Во однос на национална стратегија, зад која би застанале сите партии и политички фактори во земјава, по грчкиот модел, е неопходно.
А ти демек не можеш да видиш дека позади ова стратегија всушност се крие промена на името за меѓународна употреба.

Или веќе почнаа да ти недостасуваат аргументи за форсирањето на твојата теорија дека владата само глуми преговори, и дека грција ќе се распадне ?
Не си губете време на активистот реален07 , нека си тера по шемата тој.
Која е твојата шема сега ?

Да докажуваш дека ништо не губиме доколку се промени името за меѓународна употреба ?
Треба да изиграваш амортизер ?
Тоа ли ти е најновата задача од ДПМНЕ на форумов ?
ОК бонус Аргументи, моја грешка...пад на концетрација...
Дефинирај што подразбираш пд тоа...

Дефинирање на Александар и Филип како дел од нашата историја...???
Аман бе kultuzin, ти напишав дека сликањето пред картата на етничка Македонија од страна на Груевски, грците во Букурешт го искористиа како доказ за иредентизам од наша страна.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
А ти демек не можеш да видиш дека позади ова стратегија всушност се крие промена на името за меѓународна употреба.

Или веќе почнаа да ти недостасуваат аргументи за форсирањето на твојата теорија дека владата само глуми преговори, и дека грција ќе се распадне ?
Која е твојата шема сега ?

Да докажуваш дека ништо не губиме доколку се промени името за меѓународна употреба ?
Треба да изиграваш амортизер ?
Тоа ли ти е најновата задача од ДПМНЕ на форумов ?


Повторно си ја вртиш водата на твоја страна...
Јас стратегијата не ја гледам како припрема за промена на името туку како граница до која може да се разговара...
А оваа стратегија во форма во која е објавена никогаш нема да биде прифатена од Грчка страна , затоа што тие јасно кажаа дека сакат промена на името и во уставот на Македонија....
Инаку оваа стратегија е лимитирана од тоа што преговорите се прилично во одмината фаза и јас ја гледам како максимум извлечен од сегашната ситуација без да се излезе од преговорите...
Ако се усвои и испочитува ваква стратегија сигурен сум дека промена на името нема да има па дури ние и да го сакаме тоа Грците нема да го сакат...
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Повторно си ја вртиш водата на твоја страна...
Јас стратегијата не ја гледам како припрема за промена на името туку како граница до која може да се разговара...
А границата е промена на името за меѓународна употреба.

Така ли ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom