Имав прилика да присуствувам на неколкупати кога се дискутираше за скулптурите и општо за ликот на Скопје по 4 години, и мојот впечаток е дека навистина истиот ќе биде променет, дека луѓето кои што се нафатија да го направат тоа имаат комплетна (поширока) слика за изгледот и дека истото ќе го спроведат.. и до ден денес имаме кавги расправии и дискусии дали било Скопје поубаво пред или после земјотресот од вакви или онакви еминентни архитекти.. така ќе биде и по4 години.. некој ќе се гордее некој ќе вели ја изгуби Скопје онаа драж што ја имаше и тоа е приказна актуелна во секој град во секоја држава..
Тоа што сакам да посочам е по однос на полтиката односно политикантството при коментирањето на овие работи.. едноставно некои профили едноставно бидејќи некој друг тоа го градел ( а неговите воопшто не ни помислувале на градење) со цел само да се изгребат за некој поен плукаат и ругаат со се што имаат.. навистина кусогледо.. така беше и со плаошник и со крстот па и со калето во охрид..добро има и луѓе што пак безрезервно бранат нешто единствено поради тоа што неговиот градел..
Јас се радувам што има дискусија околу тоа што е изградено или што ќе се гради на сметка на оние бескрајни кавги од претходно што НЕбило изградено.. едноставно ги сакам обележјата на нашиов ни град.. имаше и претходно модернистички статуи..3 метра подоле од македонија улицата, спроти стара желеаничка што да прашаш никој не ни знае што значи но мене ми е убава.. упте тогаш имав слики, и уште неколку други.. е сега најверојатно противниците на шмизлата ќе речат еее ама тоа има уметничка вредност овие другите не

иако се од иста генерација или стил на уметници :Д .. што не доведува до почетокот.. некој ќе ги сака некој нема да ги сака но двокатните автобуси ќе минуваат низ нашите улици, и ќе го подобрат јавниот превоз во иста мера колку што и капиите и статуите ќе го надградат изгледот на Скопје .. гет ит? :smir: