Ќе се гради триумфална порта

  • Креатор на темата Креатор на темата Soreno
  • Време на започнување Време на започнување
Па се натпреваруваме со Бугарите кој повеќе споменици ќе изгради во Македонија. Сега засега водат тие. :pos2:
 
Оваа Валентина да не се ебе бе со владава нешто? Све на неа дасибе векот. Ако и треба помош за пренесување парите нека вика :)

Море море, мамата. Само споменици, куршлузи, врагови да се прават.

Можеби не се е.. ама сигурно е некоја роднина на некој висок функционер на ВМРО.
А за портата.....глупост бр.35.
 
Значи се гради во една празнина наречена центар, каде имаме само кутии(згради), трафики(чичко Стоилко) и ништо повеќе.
Се што ќе изградиш во таа празнина е содржина, нешто што немавме изминативе 60 години.
Е сега содржината им смета на истите тие кои за скулптурата на Александар Македонски велат скулптура на коњот Букефал, на тие што им смета се што е историска тема и што е дел од целина, опозит на празнината.
 
:tv::tv::tv::uvo::uvo::pos2::pos2::pos2::nesvest::nesvest:

Umobolni, nemam drugo sto da dodam.
 
Е ова не треба барем не сега.
Нека се изгради таква порта по обединувањето ако некогаш се случи, а вака е безвеза.
 
Добро е, како што немаме инфраструктура, во градов кога ќе заврне еден дожд, кога ќе избие од тоа канализациите па, па, па, па............Скопје ќе стане Венеција.
Ем ќе имаме споменици, триумфални порти (и останатите срања), ем владава ќе пушти тендер за гондоли, и конечно Скопје ќе биде разубавено.
 
a d izgradeja nekoj pametnik vo vnatresnosta.....spomenik od car samoil vo resen pod itno )))

Еве бе има и во внатрешноста,како овој на Итар Пејо во Прилеп:

100_0749-1.jpg
 
Зарем има уште место за да се гради? :uvo:
Што све нема да изградат.
 
Немам претстава како оваа капија ќе се вклопи во амбиенотот во центарот на Скопје, туку да почекаме, па после ќе коментираме, можеби пак и убаво ќе изгледа:toe:
да не мислеше од ГРДОСИЈАТА опкружена со пола згради,коли насекаде,вирови,катастрофални патишта итн .не ме ни чуди што ќе градат вакви порти. ВАКОВ град/НИКАКОВ/(зборам НЕплански и НЕурбанистички) ЗАСЛУЖУВА ВАКВИ објеткти:sekss:
 
Има две вистини:

Тие градат, а другите плукаат, па потоа другите плукаат а тие градат.


Добро има и такви што ниту градат, ниту плукаат. :toe:
 
Значи се гради во една празнина наречена центар, каде имаме само кутии(згради), трафики(чичко Стоилко) и ништо повеќе.
Се што ќе изградиш во таа празнина е содржина, нешто што немавме изминативе 60 години.
Е сега содржината им смета на истите тие кои за скулптурата на Александар Македонски велат скулптура на коњот Букефал, на тие што им смета се што е историска тема и што е дел од целина, опозит на празнината.

Се.
И Мона Лиза да ја донесеш на сред улица во огромна кутија од плексиглас да стои на еден огромен парапетен ѕид, а од другата страна на ѕидот да стои, еве на пример, некоја мртва природа од Рембрант, и да ја поставиш кутијата на примеееер....наспроти Мекдоналдс, на паркингот, е добро, бидејќи и тоа е празен простор кој треба да се пополни, денес, час поскоро.

Славјански, знаеш дека не сум политички обоен. Знаеш дека студирам архитектура, наука која би требало да се занимава со овие проблематики, наместо возбудениот Влатко Ѓорчев кој фасцинантно зборуваше за споменикот на цар Самоил кој пред Фуфо ќе стоел, и ќе личел, онака...царски.

Дајте ни го Самоил во Охрид. Крале Марко во Прилеп. Гемиџиите во Велес. Во Битола нека е Климент. Или Филип. Ако веќе се има толкуа ќеиф за скулптурите.

Имаме мал милион места каде СЕ инвестира (археологија, вајарство) но БИ САКАЛ да се инвестира повеќе и поподробно на одредени конкретни проекти за да се финализираат и да бидат долгорочен репрезент на Македонија, отколку набрзина да се трошат пари за поставување на толку многу знаци во просторот, за кој одредени нации во минатото „трошеле“ децении, а не дека не можеле за 3 години да ги направат.

Филозофијата на политикантската архитектура е апсолутен феномен, секогаш присутен - архитектурата секогаш била во служба на политиката, или одела рака под рака со неа, во најмала рака речено. Но, УСУЛ и ВКУС! Две вредности кои ни фалат во моментов. Ако ги немаш, конечниот епилог на добрата идеја може да се претвори во дебакл.

Еве, стискам палци дека нема да е така, дека ќе грешам во анализава кратка....

Инаку, има една прикаска за Наполеон, кој исто така градел триумфални арки/капии/порти во Париз. Поминал низ сите три, успеал да го направи тоа. Ама, само низ две успеал да мине триумфално. Третата, најпознатата L'Arc de triumphe (ако грешно спелувам, јбг, незнам француски) ја поминал на неславен начин... Чисто како анегдота.

И мило ми е што гледам разум кај многу членови на форумов по однос на ова прашање.
 
Имаме, победите на Александар Македонски и на Самуил. Само што погрешно е сега да се гради она што некогаш не се изградило. Некои работи едноставно не можат да се вратат.
Ne e ist narod.
 
Види, разбирам што е мотивот и го поддржувам апсолутно, како идеја, како лајт-мотив... Македонија, Македонско, Македонци, Македонизам. Чувство за националност, чувство на гордост. Дигање на главата.

Го сакам тоа, не дај боже, ќе умрам за тоа еден ден - велам, не дај боже, ама све бидува.

НО...
(со сиот ризик да призвучам како некој новинар кого сум го плукал)

-кога Сведмилковец или Татовец ќе минат под Капијата, нема да ја осетат моќта на Самоил во полн сјај
-кога бранител ќе мине под Александра (или на пример Портата на Херонеја), пелин в грло ќе му дојде, од малку мака...

***Кога Македонија ќе се пласира на светско првенство во фудбал, ЕНЕРГИЈАТА И МАКЕДОНИЗМОТ ќе бидат верувајте ми посилни од сето чувство на гордост кое овие триумфални капии некогаш ќе го дадат.

МОРА да си ги почитуваме предците.
Но мора исто така повеќе да ги евалуираме приоритетите.

Напред Македонија!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom