@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
ЗА ЈОХАНА ШАРП ОД ЛОНДОН ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Е НАЈУБАВО ВО ЕВРОПА
30 години летува во иста соба во ист хотел во Охрид
Во 1981 година јас и мојот пријател Охрид го запознавме преку една реклама, во која беше рекламиран како најубаво место во Европа. Тогаш сe уште не бев мажена, но тогашниот мој пријател Хари, кој подоцна ми стана маж, веднаш се вљуби во Охрид.Тоа се случи и со мене", раскажува Шарп
Пензионерката Јохана Шарп од Лондон од 1981 година непрекинато доаѓа во Охрид, а својот одмор го поминува во ист хотел и во иста соба. Таа отседнува во "Инекс - Горица" во собата бр. 211, од која се протега прекрасен поглед кон Езерото и кон градот. За неа Охридското Езеро и Охрид се најубави во Европа, рајско место кое може само да се сонува.
"Во 1981 година јас и мојот пријател Охрид го запознавме преку една реклама, во која беше рекламиран како најубаво место во Европа. Набргу донесовме одлука да отпатуваме за Македонија и кога стигнавме во Охрид, нe пречека дожд. Дождот лееше неколку дена, но набргу времето се поправи и градот беше облеан од сонце. Такви сончеви денови немам доживеано никаде.Тогаш сe уште не бев мажена, но тогашниот мој пријател Хари, кој подоцна ми стана маж, веднаш се вљуби во Охрид.Тоа се случи и со мене", раскажува Шарп.
Кога пристигнала во Охрид, Јохана Шарп најмногу била импресионирана од луѓето што ги сретнала.
"Ме освои љубезноста на овдешните луѓе, нивната едноставност. Сите беа пријателски расположени кон нас. Јас многу читав за поранешна Југославија, а имав можност да посетам и повеќе градови, меѓу кои се Дубровник, Љубљана. Донекаде имав претстава каде ќе заминам на одмор, но кога веќе дојдов во Охрид, си реков дека тоа е вистинското место за одмор. Се здобив и со многу пријатели во Охрид, во околината, во хотелот", појаснува госпоѓа Шарп.
Нашата соговорничка, чија сестра има стан во Охрид, кажува зошто доаѓа во истиот хотел и во истата соба.
"Најпрвин, кога ќе пристигнам во хотелот, речиси сите ме пречекуваат со насмевка и ме прегрнуваат. Таа топлина која ја чувствувате во такви моменти, не можете никогаш да ја заборавите и веднаш си велите: ' Идната година повторно морам да дојдам овде на одмор'. Собата е прекрасна, јас и Хари отседнувавме во оваа соба. Има убав поглед кон Езерото. Оттука го гледам малото парче рај. Ако сакам да бидам сама, не ми пречи цел ден да седам на терасата, да го гледам Езерото. Во тие моменти ништо друго не ми треба. Собата не се разликува многу од другите, но за мене е најубава, тука се чувствувам исполнето и среќно", кажува Јохана Шарп.
Сега, како пензионерка, Англичанката што е вљубена во Охрид вели дека овде има создадено многу пријателства.
"По толку години, секогаш наоѓам нешто ново, убаво во Охрид, во неговата околина. Со моите пријатели ги обиколувам околните места, сакам да пробам нови специјалитети од македонската кујна, слушаме што ни кажуваат луѓето. Интересни ми се средбите со овдешното население. Имам чувство дека се среќни, иако сигурно имаат свои проблеми. Јас се чувствувам прекрасно, бидејќи кога живеете во Лондон каде што е многу бучно, ова ми е еден вид бегство ќто ме освежува, ми ја враќа енергијата", вели госпоѓа Шарп.
Додека била работно активна, Шарп во Лондон работела во стоматолошка ординација, потоа како државна службеничка.
На разделба на госпоѓа Јохана Шарп и посакавме во Охрид да доаѓа и во наредните три децении, на што таа, со блага насмевка, одговори:
"Можеби толку време не ќе можам да доаѓам поради законите на природата, но ако организирате директен лет од аеродромот 'Стансет' до Охрид, тогаш во блиска иднина ќе можам да доаѓам овде три до четири пати годишно. За жал, тоа беше можно само во времето кога во Охрид, пред многу години, летував преку 'Југотурс'".
http://www.vest.com.mk/?ItemID=6A5D90E4A605FF44A33522FB2B38990D
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ТУРОПЕРАТОРИ ОД ГЕРМАНИЈА УБЕДЕНИ ДЕКА ЛЕТОСКА ЌЕ СЕ ВРА­ТАТ СО ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА
Германска средна класа ќе го преплави Охрид
Гру­па германски туроператори деновиве престојуваше во Македонија и со­би­раше податоци за македонската туристичка понуда.
"Ох­рид­ски­те плажи, Езерото, неговата околина, природните убавини на Мав­ро­во ќе бидат основата на нашата приказна со која во Германија ќе се обидеме да ги привлечеме германските туристи да дојдат на одмор во Македонија. Туристичката приказна ќе им ја намениме на Гер­ман­ци­те од средната класа што најмногу патуваат, но и на помладите", ед­ног­лас­ни се десетина германски туроператори.
Од лошите впечатоци, тие го одвојуваат оној за Аеродромот во Охрид за кој велат дека треба да се среди и лете да биде поискористен од Скоп­ски­от, бидејќи нивните клиенти бараат директна авионска линија од Минхен, Франкфурт или од Берлин до Охрид. Додаваат дека и ма­ке­дон­ски­те патишта и улици не се толку добри како во Германија, но тоа не го земаат како некој голем недостаток.
"Јас сум првпат во Македонија. Скопје ми остави впечаток на една ти­пич­на источноевропска метропола. Но на патот за Охрид, кога го по­се­тив­ме Маврово, заклучивме дека ова место може да има убава ту­рис­тич­ка иднина. Охрид ме изненади со прекрасното езеро, плажите, со око­ли­на­та, а има и неколку убави хотели. Ние сме подготвени овде да до­не­се­ме гости што за седум дена со авионски превоз би платиле околу 600 ев­ра по човек. Некои хотели се прескапи, но има и со прифатливи це­ни. Сметам дека можеме да обезбедиме во Охрид и во Македонија да дојдат поголем број Германци од средната класа и возраст", вели Кар­стен Херцог, сопственикот на "Балтика турс" од Олденбург, кај Бре­мен.
Оваа туристичка агенција планира македонскиот туризам да го прет­ста­ви на германската туристичка мапа во најзначајните германски спи­са­ни­ја за туризам, а ќе организира презентации и за други германски ту­ро­пе­ра­то­ри.