Ќе организираме ли протест?

ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
Треба да дејствуваме.....вака силејки се пред тастатура тешко дека ќе постигнеме нешто.
Мој предлог ако нешто се организира е да има од секој град по неколку луѓе кои ќе бидат задолжени за организацијата и донесување на луѓето до Скопје.
Да испратиме јасна порака.....
НЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
јас па инаку размислуам,да се организира во повеќе градови,ама колку е тоа изводливо ке видиме,скопјани ги бива прилепчани истотака,нека се соберат у битола заедно,штип и струмица,мислам дека подруга ке биде пораката после,ама пред нив треба еден голем,само за организација треба многу организации,никој не би можел сам,треба и медиумска поддршка флаери ово оно.оти виа народ без да се случе нешто не се собира лесно,а сеа и по одмори се човеците и на лозјињата
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Огледај се на добрите примери, а тие кои не се грижат за Македонија еден ден ќе им се врати :toe:
Има и грци кои доаѓаат во Македонија и трошат пари кај нас , не берете гајле, убаво ќе беше да сме ние попаметни да знаеме да бидеме во предност ама ете гледаш, има и кај нас глуп и луѓе без совест и чест!
спореди ми го тоа во проценти,те молам, зашто ЈАС не разбирам!!
па да ЌЕ ми се врати,ќе бидам сиромашен,ќе немам доволно пари да ги образувам моите деца,работа ДАЈ шо ДАШ итн и додека ја се освестам дека ТИЕ што се "грижат" за МАкедонија станаа богати,си имаат убав живот,дел ќе се отселат....... ЈАС уште ќе си јадам г...а по форумов!!!
со ваков народ овде ништо не бидува,сите одеднаш станаа квази-европејци,мултидемократи,мултиетнички настроени,леберални и уште фали добар процент на хомосексуалци!!!
се виде лани КОЛКУ СМЕ МАКЕДОНЦИ и колку СМЕ СЛОЖНИ,кога ни ставија вето за во НАТО(од страна на Грција) сите плукаа Грција ова,она се да и е.........м ЈАС СЕ РАДУВАВ....ДА ДА СЕ РАДУВАВ...си викав сега ќе се зајакнеме како народ.......и што бидна .........кога беше повикан бојкот за да не се иде на одмор во грција,се појавија такви Македончиња кои се "грижат" за Македонија и отидоа на одмор....и после тоа си реков ДА ТИ Е..М НАРОДОТ
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
271
Поени од реакции
42
shto ne se sklopi edno izvestuvanje (koga,kade...) za protest i da se startuva rabotava?
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
shto ne se sklopi edno izvestuvanje (koga,kade...) za protest i da se startuva rabotava?
за да се стартува, организират, и испадне на протести треба да се има мадиња, овде на форумот ке наидеш на еден куп патриоти и силни мажиња кој се силат и палат ко петарди, а во јавност ги нема никаде.....:nesum:
 

kIRe9

OK. u'r right
Член од
4 март 2009
Мислења
1.419
Поени од реакции
73
треба да се обратиме на некоја организација да се обратиме... anybody???????
 

ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
за да се стартува, организират, и испадне на протести треба да се има мадиња, овде на форумот ке наидеш на еден куп патриоти и силни мажиња кој се силат и палат ко петарди, а во јавност ги нема никаде.....:nesum:
Така, но треба и организација.
Луѓе кои ќе се погрижат(на разни начини) да најдат превоз за сите кои што се од внатрешноста и сакаат да учествуваат во протестот да можат да допатуваат во Скопје.
Составувањето на некакво известување е најмал проблем, но ќе биде без ефект доколку нема асални луѓе кои ќе организираат на локално ниво.
Ја исклучувам можноста за протести во секој град посебно, поради тоа што ми се чини дека на тој начин само ќе се расцепка народот и пораката на протестот ќе ја изгуби силината.
Хаотичен и неорганизиран протест е контрапродуктивен.
 

Cool

Untouchable
Член од
21 февруари 2006
Мислења
467
Поени од реакции
9
Дали постигнавме нешто со протестот на плоштад? Ништо. Никој не не слуша, а пак медиумиве како да се срамеа да го пренесуваат. Повеќе постигнаа од Пиринскиот и Егејскиот дел од колку ние, во слободна Македонија. Јас навистина не знам што треба да се случи, за да овој народ се освести и каже стоп. Се мислам цело време и не можам да најдам ама баш ништо што може да го разбуди народов. Секој си тера свој живот како ништо да не се случува, како сево ова да се случува во некој друг свет...Навистина јас се прашувам дали воопшто има Македонци во оваа држава?!!! Или пак само некакви попатни странци кои и не знаат што значи зборот татковина или пак национално чувство или пак да се биде горд на една библиска земја Македонија?!!! Ми се смачи веќе да читам вести и постови, кои не вродуваат со никаков плод, препукувања од типот ти реков ми рече...Дури помислувам и дека не заслужуваме да ја имаме таа чест да го носиме името Македонци...се погазивме пред сите, не исмејува кој како стигне, се множат разноразни преговарачи кои последната шанса за докажување ја гледаат во нас, нивни заморчиња...Просто останав без текст...но, кога ќе ја погледнам онаа убавина, мојата Македонија од терасата во Дојран, што се чини дека ми е на дофат на рацете, не можам да ви опишам како се чувствувам, во исто време и тажна и среќна...Среќна, на моите сеќавања за приказните од баба и дедо за тоа што значи да живееш во војна, сиромаштија, глад, но да останеш тоа што си по крв, Македонец...Тажна, бидејќи одбројувањето започна на моето небитие...на моето простување со мојот идентитет и мојата татковина која умира заради мене, тебе, заради сите нас денес, што не успеавме да ја зачуваме и да ја славиме. Јас нема веќе да ја посетувам Кајгана бидејќи и неа ќе ја закопаме во гробот со се македонско. Се простувам и од сите вас, Македонци, бидејќи утре ќе ми биде забрането да го употребам тој збор, но потајно ќе се надевам дека еден ден ќе се случи чудо и Македонија повторно ќе воскресне со сиот нејзин сјај и тогаш ќе знам дека навистина сум постоела.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Кул, немој толку песимистички пошто тоа е целта на нашите непријатели. Притисокот е огромен и не е само од нашите комшии туку и од Европа па и внатрешни непријатели пред се во СДС (а во поново време и ѕверките од дпмне си ги покажаа роговите) кои постојано работат на уништување на македонскиот идентитет. Наше е да се прегрупираме и да се спремиме за пресметка се или ништо. Тоа трае предолго време и битката не е лесна и точно дека и моралот кај народот е паднат, ама постоиме тука сме, а народов како да чека некој да го испровоцира со поставување референдум или некоја слична провокација од домашниве предавници за последен пат и да прелее чашата па да експлодира.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Јас сум за еден предупредувачки мирен протест и да се организира во континуитет секој месец или секои 2 недели, како притисок на тие што протежираат промена на име, кој би завршил како масовен митинг, негде на почеток на есента, или недај боже порано ако решат да сменат нешто....
 

Cool

Untouchable
Член од
21 февруари 2006
Мислења
467
Поени од реакции
9
Кул, немој толку песимистички пошто тоа е целта на нашите непријатели. Притисокот е огромен и не е само од нашите комшии туку и од Европа па и внатрешни непријатели пред се во СДС (а во поново време и ѕверките од дпмне си ги покажаа роговите) кои постојано работат на уништување на македонскиот идентитет. Наше е да се прегрупираме и да се спремиме за пресметка се или ништо. Тоа трае предолго време и битката не е лесна и точно дека и моралот кај народот е паднат, ама постоиме тука сме, а народов како да чека некој да го испровоцира со поставување референдум или некоја слична провокација од домашниве предавници за последен пат и да прелее чашата па да експлодира.
Не сум воопшто песимист, меѓутоа самата ситуација налага на моето согледување.

Недостига акција, бунт, револуција, тоа ме вади од такт, што луѓево веќе немаат мотив. Ако ти кажам дека повеќето од мојата околина се помирени со фактот дека името ќе се смени и не размислуваат воопшто нешто да сменат, дали мислиш дека ќе случи протест и одбрана на името?

Јас сум за протест и тоа поголем и погласен од оној за осамостојувањето, но сама како единка не е изводливо. Можам само реков, да се надевам да се случи чудо, да се случи Македонски непокор.:smir:
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Ако е до толку да нема кој да организира протести, на крај ако треба од тука пак ќе почне работата како што направи Серпико, па после тој протест кој исто така не беше баш за потценување со оглед на краткиот рок за организирање и слаба медиумска покриеност, се направи еден масовен. Така ќе биде и овој пат. Треба луѓето да видат дека има некоја маса која ќе се дигне па после и тие попасивните ќе се придружата .
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
И плус , протест не можеш да организираш на форум.... Бидејки бројката ке биде страшно мала.... А за протест како што зборува отварачот на темата, треба мноооооооогу народ:smir:
 
С

Спенсер

Гостин
И плус , протест не можеш да организираш на форум.... Бидејки бројката ке биде страшно мала.... А за протест како што зборува отварачот на темата, треба мноооооооогу народ:smir:
добро,тука дадовме предлог, може да побараме поддршка од некоја организација, па да се напраат постери и да се залепат на секаде...
 

Kombajner

ZMAJ
Член од
16 јуни 2009
Мислења
7
Поени од реакции
0
Samo da ne ispadnat kako pozslednite protesti koga imase jedva 45 dusi na celo so Milenko.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom