Дали постигнавме нешто со протестот на плоштад? Ништо. Никој не не слуша, а пак медиумиве како да се срамеа да го пренесуваат. Повеќе постигнаа од Пиринскиот и Егејскиот дел од колку ние, во слободна Македонија. Јас навистина не знам што треба да се случи, за да овој народ се освести и каже стоп. Се мислам цело време и не можам да најдам ама баш ништо што може да го разбуди народов. Секој си тера свој живот како ништо да не се случува, како сево ова да се случува во некој друг свет...Навистина јас се прашувам дали воопшто има Македонци во оваа држава?!!! Или пак само некакви попатни странци кои и не знаат што значи зборот татковина или пак национално чувство или пак да се биде горд на една библиска земја Македонија?!!! Ми се смачи веќе да читам вести и постови, кои не вродуваат со никаков плод, препукувања од типот ти реков ми рече...Дури помислувам и дека не заслужуваме да ја имаме таа чест да го носиме името Македонци...се погазивме пред сите, не исмејува кој како стигне, се множат разноразни преговарачи кои последната шанса за докажување ја гледаат во нас, нивни заморчиња...Просто останав без текст...но, кога ќе ја погледнам онаа убавина, мојата Македонија од терасата во Дојран, што се чини дека ми е на дофат на рацете, не можам да ви опишам како се чувствувам, во исто време и тажна и среќна...Среќна, на моите сеќавања за приказните од баба и дедо за тоа што значи да живееш во војна, сиромаштија, глад, но да останеш тоа што си по крв, Македонец...Тажна, бидејќи одбројувањето започна на моето небитие...на моето простување со мојот идентитет и мојата татковина која умира заради мене, тебе, заради сите нас денес, што не успеавме да ја зачуваме и да ја славиме. Јас нема веќе да ја посетувам Кајгана бидејќи и неа ќе ја закопаме во гробот со се македонско. Се простувам и од сите вас, Македонци, бидејќи утре ќе ми биде забрането да го употребам тој збор, но потајно ќе се надевам дека еден ден ќе се случи чудо и Македонија повторно ќе воскресне со сиот нејзин сјај и тогаш ќе знам дека навистина сум постоела.