Мојот став околу името и т.н. преговори околу него е оддамна кажан, и образлаган тука на Политика и вести.
И ова, го сметам како дел од специјалната војна, и, да ги наречеме, подготовките на народот за промена на името.
Би поставил едно прашање, сите кои ќе го прочитат, да размислат, и со сопствена глава да размислат, и да одговорат, ако не јавно, на форум, барем во себе, ама искрено...
Вака:
Можеби, во овој момент, перспективата на Македонија е во НАТО и ЕУ. Не би ја спомнувал тука контрадикцијата која се бара од нас, во смисла себеоткажување, за влез во некои организации и навидум светла иднина на државата со влезот во таквите организации...
Ако ги гледаме работите во историска перспектива, се е минливо, па и НАТО и ЕУ...сега ги има, за 10-20-30, хммм...не е ни битно колку години, ги нема.
Држави се распаѓале, за организации и институции, реални и персонални унии како држави и да не правиме муабет, ама, заради такви, т.е. влез и членување во нив, ниедна нација, ниеден народ не се себеукинал. Ние би биле прв преседан...и единствен најверојатно...
Сте размислиле ли некогаш дека генерациите Македонци пред нас опстоиле во неспоредливо потешки услови од денешните?
Дали некои идни генерации Македонци нема да не осудуваат нас заради промената на името? Да се разбереме...ако отиде името, во пакет оди и јазик и идентитет, и култура...наводните гаранции се само мачкање очи...
И, прашањето за крај:
Дали вреди да се менува името?
Јас велам НЕ!
Јасно и категорично!