Еве само што го догледав натпревар, па да пишам едно резиме за целиот тим.
Сите играчи одиграа борбено, веруваа во таа победа, веруваа во пресврт. Знаеа дека ќе бидат 1 на табела, и на најдобар можен начин ќе го прослават роденденот. Реал играше одлично, примија два несреќни гола, од две полушанси. Звучи чудно, ама така е, двата гола им ги поклонивме, двата гола беа смешни. Несфатлива ми е реакцијата на Касиљас за вториот гол, топката лета од 40 метри, а тој не можеше да го процени нејзиниот пад. Но се случуваат и такви грешки, и тој е човек.
Одбраната беше одлична, иако примивме два гола, Севиља имаше само два шута во голот, одбраната се успеа да блокира. Средниот ред функционираше одлично, секогаш комбинираа нешто, како да играат заедно 100 години. Чаби несреќно си постигна авто-гол, но за мене е еден од најдобрите играчи на натпреварот. Пресече мал милион на напади, креираше акции, стигна и да упати по некој шут. Лас беше солиден, неколку грешни пасови, но му се опростува тоа, затоа што Чаби сето тоа го поправаше. Кака лошо, игра топло-ладно, во минатиот натпревар беше најдобар, сега најлош, никако да одигра 3-4 натпревари константно во добра форма. Роналдо исто така одличен, човекот играше за тимот, трчаше, разигруваше, додаваше, шутираше, даде гол.Одлична игра од него. Игуаин, беше добар, солиден, за одличен фалеше гол. Погоди и пречка и статива, но едноставно не го посака топката. Гути кој влезе во второ полувреме, ја погоди пречката, даде неколку одлични пасови, ја разигра екипата што е најважно. Внесе во играта некоја нова димензија кога влезе во игра. Ван Дер Варт многу се трудеше, се виде во него желба дека сака да избори место во првиот тим. На крајот даде одлучувачки гол, на убав начин го прослави, штета што не играше од првата минута, но можеби и вака е добро.
Ете, после подолго време сме на првата позиција, таму треба да останеме и до крајот на првенството. Дочекавме кикс на Барса, треба да ги добиеме во Ел Класико, но не треба да брзаме. Одиме чекор по чекор, прво Лион па после сите останати. Да не се замараме за Барселона, сега самите себе одлучуваме за титулата, но има уште многу до крајот. Треба да го гледаме Реал, и да уживаме додека играат вака борбено, убаво за око. Долго време тоа не сме го гледале. Сите можеме да бидеме среќни што сме мал дел од овој тим. Убаво е да се биде навивач на Реал.