Фан Клуб: Милан

  • Креатор на темата Креатор на темата zocipro
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ПОБЕДА!!!!!! :bravo::bravo::bravo:

посебно честитки за малиот Палоши и за Калач да не беше тој ќе изгубевме одлично бранеше.

:ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea:
 
Честитки за победата, 1-0 најлезетски :)
 
Интересна работа е то шо Милан нема примено гол по гостувањето на Аталанта, шо значи 4 натпревари.

Иначе и на овај натпревар имаше неколку спорни судиски одлуки, на 2 пати Инзаги во регуларна позиција беше сопрен поради офсајд. Но и на другата страна беше поништен гол на Сиена поради офсајд, на прв поглед се чинеше дека е судиска грешка, ама на полувреме се разгледуваше ситуацијата и сите италијански новинари или шо и да беа во студиото се согласија со линискиот судија. Истотака на многу пати судијата не досудуваше прекршок за Милан и скоро никогаш изедначена ситуација не појде во полза на Милан. Како и да е се преживеа и овај натпревар.

Честитки за Палоски (мислам дека вака се чита, не Палоши) одличен удар изведе при голот и цело време се враќаше да поможи во одбраната, максимално ја користеше шансата да се докажи. Калач одличен и константен, Инзаги добро се отвараше, Кафу и Сержињо со одлични центаршутеви, Пирло ѕвер ја крепеше цела игра.

Слабо се играше во одбраната, многу грешки Бонера и Младини 2-3 грешки имаа шо многу лесно можеше да завршат со гол. Амброзини многу корисен но и премногу груб и несмасен. Броки солидно играше со оглед на то шо нема многу слобода во нападот, веднаш бара да додаде.

То е то за натпреваро, го преживеавме некако со оглед на повредите. Класична 4-4-2 формација со 2 офанзивни бекови и без играч зад напаѓачите.
 
Од кај излезе овај Палоши? Па и гол даде.... Немојте да речите дека е деби гол за него во серија А, а и истовремено деби настап :) Милан има одличен напад со Кака, Пато, Џила и Палоши, сега им треба инвестиција во среден и одбрамбен ред.
 
Точно така. Деби настап со деби гол.

Инаку во купот кога игравме со Катанија малиот постигна еден гол дома и еден на гости.
 
Можеби се промовираше самиот во нова звезда на Милан!Дај боже да продолжи малиот вака па можеби ке добие шанса заедно со Пато да игра во нападот!
 
Ај честитки за победата! Браво'с и без најдобрите играчи победувате :)
 
браво браво ... баш сакам кога им се дава шанса на младиве :vozbud:
 
Од кај излезе овај Палоши? Па и гол даде.... Немојте да речите дека е деби гол за него во серија А, а и истовремено деби настап :) Милан има одличен напад со Кака, Пато, Џила и Палоши, сега им треба инвестиција во среден и одбрамбен ред.

Па нели све знаеш за Милан бе!!!! Палоши е од младинците играше на двете куп утакмици со Катанија, и дае два гола!! Инаку му е деби настап ова во серија А и си ја искористи шансата.....
 
Па нели све знаеш за Милан бе!!!! Палоши е од младинците играше на двете куп утакмици со Катанија, и дае два гола!! Инаку му е деби настап ова во серија А и си ја искористи шансата.....

Еј, ало, спушти се малку. Гледаш дека му кажав фино лепо.

icon_sad.gif
 
Ах брат не сум компјутер? А и кај сум рекол дека се знам за Милан? Дека навивам за нив да, дека ги пратам редовно во л.ш. да, ама италијанско не гледам многу. Да ме прашаш со кој играат наредно незнам :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom