Ме натера овој меч да пишувам овде, а не сакам фановите на Реал да го сватат како провокација или нешто слично.
Реал потроши ова лето над 250 милиони за засилувања од калибарот на Кристијано Роналдо. Океј е тоа, играчите вредат. Ама џабе се потрошени тие 250 милиони кога на клупата редат тренер кој не може да го носи притисокот на еден голем тим. Пелегрини е тотална утка на тренерската позиција во Реал. Не знае да чува водство од 1:0, а го чува Игуаин на клупа, немам повеќе коментари. Да беше на негово место Гус Хидинк, Фабио Капело, Жозе Мурињо и ред други поголеми стратези, резултатот немаше да биде ваков, но што е тука е.
Друго, гледам само неколкумина пореални фанови на Реал што го прифатија поразот без бунтовање. Инаку без лутење:smir: ако ги гледате постовите пред натпреварот против Милан ќе видите како ги подценивте и колку летате во воздух со тоа што го имате најдобриот состав по имиња, но како што кажав погоре без тренер кој може да ги води истите(без лутење,прифатете ја критиката). Се надевам дека не навредив никого, а доколку некој се почуствува навреден однапред нека го прими моето извинување.:helou: