Радикална албанска организација за нови граници

  • Креатор на темата Креатор на темата Polaris
  • Време на започнување Време на започнување
Да и после лавот и зебрата заедно ќе пијат вода во унијата каде сите се среќни и задоволни и живеат хармонично во слога, љубов и југомагнат...
Што ги спречува Турција и атинците да прават постојани провокации еден кон друг, а и двете земји се во НАТО?

Ама не се и двете во ЕУ. Јас реков за ЕУ. Нели?
 
Абе какви граници,нека напрат една радикална организација да си го описменат народо.
 
:uvo:
И јас мислев така додека не почнав да проверувам по нет.Нови клипови,карти,анкети,писма,закани.....

заканиклипови...а на терен условите шо кажуваат....тие можат да се палат ама кај нас албанско прашање НЕМА и НЕПОСТОИ односно решено Е!!!!!

значи нема сега изговори за права:toe:

македонија всушност треба да им предава демократија на соседите!!!!!
 
Дали во нашиве редови ке се јават радикали????????????????:raz::raz:
 
Фронтот за национално обединување на Албанците (ФБКСХ) повика на решавање на албанското прашање на Балканот, оценувајќи дека Албанците се колонизирани во земјите во регионот.
Во писмо упатено до Институтот за мир во САД, Организацијата наведува дека Албанците не уживаат доволно права во Црна Гора, Македонија и јужна Србија.
ФБКСХ оценува дека Албанија е единствената земја во светот, чии граници се вештачки одредени, истакнувајќи дека на тој начин соседните држави ги спречиле Албанците да напредуваат и да живеат достоинствено во 21. век, пишува подгоричкиот весник „Вијести“.
„Тие вештачки граници ќе се менуваат бидејќи поделениот и колонизиран албански народ нема да прифати да живее во ропство под словенските народи. По војните за ослободување на Косово, источно Косово (Прешево и Бујановац) и Илирида (западна Македонија), албанскиот народ политички работи на ослободување од колонизаторските режими“, се наведува во писмото потпишано од гласноговорникот на организацијата Гафур Адили.
ФБКСХ на јавноста и е позната како политичко крило на Албанската национална армија (АНА). Радикалната организација во јавноста се огласува само со интернет соопштенија, кои ги објавуваат албанските интернет портали.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109517

Ваљда мислеле дека Албанците спречиле достоинствено живеење...
 
Осум годишнина од судирите во Танушевци

Во Танушевци денеска беше одбележана 8 годишнината на започнувањето на вооружениот конфликт во Македонија и загинувањето на борците на поранешната ОНА, во оваа зона.

Поранешниот командант Џезаир Шаќири Хоџа, пред присутните ги обвини албанските политички лидери за нивното не ангажирање за реализирање на барањата на Албанците во Македонија, барајќи единство меѓу нив за овие прашања.

„сведоци сме во последно време, последниве години дека Никола Груевски презел офанзива особено против поранешните припадници на ОНА и на воената зона, но и воопшто против албанците. Албански политички партии кои сте биле на власт претходно или пак кои сте сега, не не потценувајте нам и себеси, гледаме дека се потценувате себеси. Не се плашете од Никола Груевски, барајте и војувајте, бидејќи имате синови кои ќе ве следат и никако нема да се предадеме“ рече Шаќири.

На оваа церемонија учествуваа и други поранешни команданти и војници на ОНА, но отсуствуваа лидерите на албанските политички субјекти од земјава. Гостите оддадоа почест кај гробиштата на паднатите борци во селото.

AЛСАТ-М

Ме интересира во врска со болдираното:
Зошто се толерира јавното повикување на војување???
Зошто институциите молчат ???
И зошто е Хоџа сеуште слободен граѓанин???

Не треба да бидеме слепи и глуви...
Подобро да ги спречиме отколку да ги лечиме евентуалните срања кои се мотаат во главите на вакви радикални типови...
 
Па јас не го доживувам цитатот како повик за воен судир, туку интелектуално, правно “војување“.:toe:
 
Па јас не го доживувам цитатот како повик за воен судир, туку интелектуално, правно “војување“.:toe:

Што е важно ти како го доживуваш цитатот...
Важно е како го доживеале тие на кои им бил наменет...
 
и да пробат да прават тоа им е ...
 
Abe ute koja ne kratenka nema da izmislat.sedat po doma i se potpisuvat .
Zavrsivte rabota i sega gledajte kade ste i zivejte kako luge.
Zivotot e ubav
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom