Фронтот за национално обединување на Албанците (ФБКСХ) повика на решавање на албанското прашање на Балканот, оценувајќи дека Албанците се колонизирани во земјите во регионот.
Во писмо упатено до Институтот за мир во САД, Организацијата наведува дека Албанците не уживаат доволно права во Црна Гора, Македонија и јужна Србија.
ФБКСХ оценува дека Албанија е единствената земја во светот, чии граници се вештачки одредени,
истакнувајќи дека на тој начин соседните држави ги спречиле Албанците да напредуваат и да живеат достоинствено во 21. век, пишува подгоричкиот весник „Вијести“.
„Тие вештачки граници ќе се менуваат бидејќи поделениот и колонизиран албански народ нема да прифати да живее во ропство под словенските народи. По војните за ослободување на Косово, источно Косово (Прешево и Бујановац) и Илирида (западна Македонија), албанскиот народ политички работи на ослободување од колонизаторските режими“, се наведува во писмото потпишано од гласноговорникот на организацијата Гафур Адили.
ФБКСХ на јавноста и е позната како политичко крило на Албанската национална армија (АНА). Радикалната организација во јавноста се огласува само со интернет соопштенија, кои ги објавуваат албанските интернет портали.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109517