Радикална албанска организација за нови граници

  • Креатор на темата Креатор на темата Polaris
  • Време на започнување Време на започнување
Голема Македонија е на север до Дунав, на исток до Хималаите на југ до Египет.
Ние имаме етничка Македонија, и под неа и на неа македонско.
Мада се повеќе под неа е македонското.
За жал.
 
Јас мислам дека сите треба да се послушаат, па да се направи Голема Албанија, Голема Србија, Голема Бугарија и Голема Македонија :tapp::tapp::tapp:

прашањето е каде???? Од една страна сите сакаат да приграбат нечија територија а од друга толку многу се измешани етникумите на балканот така што кај и да ги ставиш никаде не ги собира, и секогаш има некој незадоволен :toe:.
Тези големи држави ке бидат можни само во ЕУ.
Албанците сакат да приjaдат со власт,но има зашто да плашат и знаеме дека могат доста да навредат.
 
Тези големи држави ке бидат можни само во ЕУ.
Албанците сакат да приjaдат со власт,но има зашто да плашат и знаеме дека могат доста да навредат.
Во Е.У. ке ги имаат сите права, така да таму не ке можат да рипаат бидејки границите помеѓу државите се фиксни и непроменливи (под услов Е.У. да не се распадне за брзо)
 
неќе биде лошо овие албанци малце да се дерадикализираат
за доброто на сите
 
Смрди ова,нешто е труло(и не мислам миризба на албанец).
 
Ako sakaat vojna Albancite-vo red,neka ima!:toe:

Ama prasanjeto e:dali so lesno ke si pominat ovoj pat?
 
ФНОА бара нови граници за Албанците на Балканот



Во писмо упатено до Институтот за мир во САД, Организацијата наведува дека Албанците не уживаат доволно права во Црна Гора, Македонија и јужна Србија.
Оваа органзиација оценува дека Албанија е единствената држава во светот чии граници се вештачки одредени, истакнувајќи дека на тој начин соседните држави ги спречиле Албанците да напредуваат и да живеат достоинствено во 21. век, пишува подгоричкиот весник Вијести.
„Тие вештачки граници ќе се менуваат бидејќи поделениот и колонизиран албански народ нема да прифати да живее во ропство под словенските народи. По војните за ослободување на Косово, источно Косово (Прешево и Бујановац) и Илирида (западна Македонија), албанскиот народ политички работи на ослободување од колонизаторските режими“, се наведува во писмото потпишано од гласноговорникот на организацијата Гафур Адили, кичевчанец водач на АNA.
Во историската анализа на односот на големите сили кон Балканот што ја прави во ова соопштение FBKSH,се наведува дека ткн. албанско прашање на Балканот ќе станува се’ поактуелно.
„Недостигот на слобода создава услови Албанците на Балканот да поведат антиколонијални војни, бидејќи за нив е најважно нционалното прашање“, предупредува во текстот Гафур Адили.

FBKSH е позната као политичко крило на Албанската национална армија (АNА). Радикалната организација во јавноста се огласува само со интернет соопштенија, кои ги објавуваат албанските интернет портали. Таа отворено се залага за воспсотавување етничка албанска држава во чиј состав би влегле сите територии на живее албанско мнозинство и кои според нив биле одземени од Албанците.



Особено беше активна во периодот на конфликот во Македонија од 2000-та. Повремено се јавуваше во прилог на албанските притисоци во Македонија како што беше референдумот за неприфаќање на новата територијална поделба или кога требаше да се одбележува границата меѓу Македонија и Косово.

Најчесто коминикеата на FBKSH се потпишуваат од секретарот Валдет Вардари (алијас Гафур Адили), политичкиот секретар Албан Вљоса и началникот на штабот на AKSH - генералите Рамадан Вериколи и Виган Градица.

Гафур Адили кој наводно дваесет години живее во Луцерн Швајцарија и Таип Мустафаи од Гостивар, командант на организацијата, во јули 2003 беа уапсени на периферијата на Тирана. Претходно истата година беше вратен при обидот легално да влезе преку тиранскиот аеродром Ринаси.

Прoтив Адили во Македонија во 2001 г. беше поднесена кривична пријава за здружување заради непријателска дејност и поттикнување меѓуетнички судири, а е осомничен за подметнување експлозиви и експлозивни направи во Македонија и за тероризам.

http://www.forum.com.mk/#_tools/article/3649/view
 
Гафур Адили не беше оној мрснион тип што “гостуваше“ во една емисија на Ефтов снимана во Тирана?

Кој јавно велеше дека го обезбедува ЦИА?
 
Тој е бил... шу ти се вика меморија.


Добро е барем знаеме за кој се работи.
 
Еве ви го нивниот соживот и сите права кои не ги уживаат во Македонија, а ние пак се збратимуваме со нив, заедно ќе градиме Македонштина сега.
Ех глупи политичари (предавници) македонски, цела нација заради вас пати и изумира!
 
Вакви прдловци ниту се интересни ниту пак можат да уплашат некого.
 
Вакви прдловци ниту се интересни ниту пак можат да уплашат некого.

:uvo:
И јас мислев така додека не почнав да проверувам по нет.Нови клипови,карти,анкети,писма,закани.....
 
Ujkan и demmian се банирани од тема (поради тролување и/или давање инструкции што да се прави) и неколку мислења со меѓусебни препукувања се избришани. Нивото на толеранција опаѓа. Code Red.

Едит: и Wolver1nЕ баниран од тема... 17 годишно дете "војна јупиииии :vozbud:"... божем крем банани се делат при војни...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom