Една од главните причини за паспадот на бугарско-македонската целина е точно изборот на североисточните говори (трновско) како литературен јазик. Што вели Мисирков?
И да iет имало некога таква целост, она можит од одот на историiцките прилики да се нарушит. Во секоi случаi обшчите интереси можат да се поддржаат со взаимно согласуаiн'е мег'у членоите на целината.
Интересите на целината требит да сет iеднакво скапи за сите членои, шчо iе состауваат: од неiа требит да имаат сите iеднакви згоди, и во неiна полза соте требит да праат iеднакви жртви. Ако тоа се немат, и ако од неiа, iедни имаат голема полза, не праеiки никакви жртви, а друзите праат големи бесполезни жртви, целината се раздел'уат.
Националната бугарцка целина, во коiа се односуваа: Бугариiа,
Тракиiа и Македониiа, не можит да се сочуат, зашчо немат таков
етнографцки центр, шчо можит прочно да соiединит тиiе три страни,
као шчо сет соiединени србцко-хрватцките земiи, немат постредин на тиiе земiи iедно наi распространено, и iеднакво оддалечено от сите нивни краiишча наречиiе, коiе да притегл'уат около себе периферичните наречиiа и да распространуат обшчо национално самосознаiне мег'у сите, шчо зборуваат на тиiа наречиiа. Во таков случаi секоi ке сознааше, оти не само македонците, ами и бугарите од Бугариiа и Тракиiа праат iеднаква со ниф отстапка во полза на центрот.
Сега пак случаiот издигнал за литературен iазик на бугарите источното бугарцко наречиiе, коiе се наог'ат на краiната протиоположна страна од Македониiа.Оно не можит да служит за обшч литературен iазик на бугарите и македонците, зашчо не можит дуовно да обiединит на iеднакви праа сите три припаметени области; Тоi задаток би можело да исполнит западно-бугарцкото или шопцкото наречиiе, да не беше мало распространено и со многоброiни оригинални особини, коiе се немаат
во друзите наречиiа во Бугариiа, Тракиiа и Македониiа. Наi после за сочувуаiн'е на националната целост мег'у Бугариiа и Македониiа, првата не ке се согласит, за обшч литературен iазик на македонците и бугарите да се изберит македонцкото централно наречие, на место источнобугарцкото. Ето зашчо прашаiн'ето: коiе наречиiе требит да бидит обшч литературен iазик за македонците и бугарите, ако првите и за однапред ке се вел'ат бугари, — коiе, прашаiн'е, сега не се постаат на дневен ред, зашчо умоите на сите македонци сега сет зафатени со револ'уционото движеiн'е iеден ден неминуемо ке поведит и без друзи причини кон iедно расцепуаiне мег'у Бугариiа и Македониiа, со создааiн'ето от последната своi литературен iазик.