За христијаните СПЕЦИЈАЛНО

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
За сликите, се сеќавате каква крвава беше судбината на балканот. Овие млади (доброволци или не) беа дел од тоа. По нечија наредба или според лично убедување...не навлегуваме во причините за војната меѓу разните националности...тие молеле бога да не ги свирне куршум. Пекол... Не бев таму (за среќа стигнав само до Ниш па назад на Визбегово и Петровец), но доволно е да си бил и на воена вежба (во сфрј) па да видиш колку е незгодно свирењето и пукањето. Но тогаш не смеевме ниту ланче со крст да носиме, ниту да се прекрстиме...се одеше дотаму ни Штулиќ и Азра не смееја да се слушаат. Што е тоа ако не еден вид догма?

Што е лошо ако некој сака да се помоли пред да замине на фронт, можеби некому од нив е последно :toe:. У ствари на многумина им беше. Благослов, битна психолошка предност, благослов да си ја одбрани земјата и населението. Сликата не означува дека црквата ја води војната-тоа е сепак разлика.

Што ако немале благослов некои од нив (атеисти по убедување или слични), целта им била иста.
Нели во некое од правилата имаше Не Убивај во христијанството...а тука со АК-47 и икона...арно...

Првата слика е пред Сребреница, втората и третата пред Чеченија...ако се молат можат тоа самите...но тука има попови...има и други појезиви слики ама ајде...

Е па сега Штулиќ...субверзивна делатност хахааха Пољска у моме срцу хахаа

Зошто црквата не се огласи ни еднаш ни православна ни католичка против војната...арамилакот...приватизацијата...низ цела екс-сфрј...

Имало еден во Ел Салвадор...дигнал глас против неправдата...го почитувам иако бил поп...но папата дал сосгласност да се елиминира.

Оскар Ромеро. Го убиле како пес 1980...многу зборувал за правдини и слични небогоугодни работи.
 
Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Имаш право да се одбраниш кога животот твој и животите на твоите најблиски се загрозени.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Нели во некое од правилата имаше Не Убивај во христијанството...а тука со АК-47 и икона...арно...

Првата слика е пред Сребреница, втората и третата пред Чеченија...ако се молат можат тоа самите...но тука има попови...има и други појезиви слики ама ајде...

Е па сега Штулиќ...субверзивна делатност хахааха Пољска у моме срцу хахаа

Зошто црквата не се огласи ни еднаш ни православна ни католичка против војната...арамилакот...приватизацијата...низ цела екс-сфрј...

Имало еден во Ел Салвадор...дигнал глас против неправдата...го почитувам иако бил поп...но папата дал сосгласност да се елиминира.

Оскар Ромеро. Го убиле како пес 1980...многу зборувал за правдини и слични небогоугодни работи.
Ја знаеш онаа попската:
Немој да ме гледаш што правам, туку слушај што ти зборам...............
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Нели во некое од правилата имаше Не Убивај во христијанството...а тука со АК-47 и икона...арно...
Но ова не значи да седне и да се препушти на судбината. Тогаш и куче да го нападне и човек на улица да го напдане, тој треба да гледа млитаво и да чека уште еден удар. Не убивај напразно, а за овие војници напразно сигурно не е. Како прво, сметаат дека со тоа (според настанот што го спомна) сметаат дека ја бранат Србија или Русија, а второ, ако си бил војска и ако си одбиел конамда (макар во мирнодопски услови) нема да излезеш од затвор. А во услови на војна, по куса постапка. Кога веќе од тие причини влегува во опасна ситуација, барем да добие Збор за себе, да се помоли, да добие благослов за себе и своето семејство мир. Недај боже некој да се најде во таква ситуација. Но ова не значи дека црквата (барем нашата) дава благослов за зло. Ако некој спомне 2001, нека се сети за што беше тој благослов.

Зошто црквата не се огласи ни еднаш ни православна ни католичка против војната...арамилакот...приватизацијата...низ цела екс-сфрј...
Хм, дали некој смеел да се огласи? Соседот, само да му треба поен кај властите, веднаш те кодошел. Од каде ОЗНА знаела толку за граѓаните, како ги затворал?
Немало таков јунак, ниту во црковните редови, ниту во раководните/политички органи.

Имало еден во Ел Салвадор...дигнал глас против неправдата...го почитувам иако бил поп...но папата дал сосгласност да се елиминира.
Не знам дали некој гледаше -Во центар од Ефтов, со сведоци, најблиски соработници на Броз.
Случувањата во последните месеци пред смртта на Јосип Броз, а преку изјави на сведоци-лични помошници, готвачи, лекари кои биле вклучени во тие мигови. Досега не сум знаел дека Јосип Броз пред смртта преминал во католицизам. Беше прикажана и библијата која му ја дал некој свештеник, како последна отворена книга. А судбината на свештеникот е трагична (според сведоци и сестрата на свештеникот), гине под необјасниви околности, а трагите и индициите водат кон тогашна УДБА.
Така да...има разни дешавања, само треба некој да ги каже. Досега не се зуцкаше за најголемиот противник на црквата за време од околу 40 години, редно е и за тоа малку да пропеат сведоците. Тој кој не признавал црква, односно ја третирал како марихуана, тој пред крај на животот се покајал и влегол во католицизам. А наградата за тоа е смрт на свештеникот кој го спровел тој чин.

Оскар Ромеро. Го убиле како пес 1980...многу зборувал за правдини и слични небогоугодни работи.
Ех колку поблиску се случувале вакви работи, колку свештени лица се отепани од партизаните...ради комесаријатот :). Навистина требало постарите да остават некој белег од овој период, ама повеќето се починати, па така...без сведоци...лесно се заборава :smir:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Имаш право да се одбраниш кога животот твој и животите на твоите најблиски се загрозени.

епа ни библијата не може со инстинктот.

Хм, дали некој смеел да се огласи? Соседот, само да му треба поен кај властите, веднаш те кодошел. Од каде ОЗНА знаела толку за граѓаните, како ги затворал?
Немало таков јунак, ниту во црковните редови, ниту во раководните/политички органи.

црквата има влијание кај рајата и требало да се огласи....:toe:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ех колку поблиску се случувале вакви работи, колку свештени лица се отепани од партизаните...ради комесаријатот :). Навистина требало постарите да остават некој белег од овој период, ама повеќето се починати, па така...без сведоци...лесно се заборава :smir:
Во последниве 18 години црквата нема кренато глас за ниедна неправда. Или сметаат дека живееме во рајо земски или се арамии. Трето нема.
А можда има убдаши некогашни и во црквата. хахаха
Нема таков пример како Ромеро тука бидејќи тој се побунил против неправдите. За што го подигнале гласот Гавриловци,Михајловци и Стефановци? Пример?

А за тоа кој кого брани или напаѓа, сите си се во право нели. И трите страни во ју-војните...кој е во право? пак прашањето само се наметнува...
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Среден век или мрачен најдобро кажано. Музичко професорката во втора година ни кажа баш интересна информација. Тогаш забрането било жените да влегуваат во црква, ги сметале за грешни. И бидејќи им требало женски глас да пее во црквите,како мали оние машки деца што ќе биле избрани за таа намена им ги кастрирале јајцата пред да влезат во пубертет. Затоа што мутирањето на гласот е поврзано со тестисите. И така добивале високи "женски" гласови.....
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131

Болдираното не ти е точно...Во Средниот век улогата на жената било тесно поврзана со црквата..забраната се однесува на просторот зад олтарот..
За ова второто прв пат слушам..што не значи дека не е точно...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
А можда има убдаши некогашни и во црквата. хахаха
Има нешто и во ова. Не удбаши, но...лица кои барајќи егзистенција отишле во попови. Но, како велат. И во најубавото жито има ѓубренца и отпадоци.

Инаку, што со оние (воглавно криминалните структури) кои вршат злосторство (ликвидација, физичка пресметка, продажба на дрога), а после тоа ода во црква да се исповедаат за простување на гревовите?

Сегде има вакви отпадници па и во православната црква. Преку православната на пример земани се имоти во Македонија (за ова имаше и Атеистот пишувано). Но тие не се претставници на црквата и Господ, тие се обични криминалци.
Не секогаш облеката и звањето го прави некој човек-човек.

Во последниве 18 години црквата нема кренато глас за ниедна неправда. Или сметаат дека живееме во рајо земски или се арамии.
За ова искрено не знам, мене исто ми е чудно колку мало влијание има црквата врз сето ова. Некој можеби ќе каже дека не треба да се меша. Напротив, би требало секогаш за своите верници да се грижи. Затоа...и ја овде сум затекнат, но за ова немам размислувано.

Можеби ради секуларниот начин на устројство на нашето општество.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Болдираното не ти е точно...Во Средниот век улогата на жената било тесно поврзана со црквата..забраната се однесува на просторот зад олтарот..
За ова второто прв пат слушам..што не значи дека не е точно...
Моја грешка,како и да е фала за укажувањето:smir: Иначе ова ми го кажа професорка, оние што учат музичко би требало да го знаат.

Римската цивилизација ја признавала жената како роб по власта на на мажот. Немала апсолутно никакви права. Во Рим е одржан концил на кој што е разгледувано прашањето за жените. Донесена е одлука која што вика:„ Жената е битие без душа, нечиста е, и затоа нема да има удел во идниот живот.”
Нејзината позиција во во средниот век поблиску ја одредуваат следните факти:
Данскиот писател Виетх Кордстен со следните зборови го прокоментирал ставот на црквата спрема жената:„Вниманието спрема жената во средниот век било многу ограничено, а тоа е последица на тенденцијата која што жената е сметана за второстепено суштество”.Во Франција 586 год. е повикан концил кој што го испитувал прашањето дали жената е од човечки род или не. После долги расправи, собраните дошле до заклучок дека жената сепак е човечки род, но створена е да му служи на мажот.
 
Soulscar

Uber macedonische
Член од
29 мај 2009
Мислења
154
Поени од реакции
8
За сликите, се сеќавате каква крвава беше судбината на балканот. Овие млади (доброволци или не) беа дел од тоа. По нечија наредба или според лично убедување...не навлегуваме во причините за војната меѓу разните националности...тие молеле бога да не ги свирне куршум. Пекол... Не бев таму (за среќа стигнав само до Ниш па назад на Визбегово и Петровец), но доволно е да си бил и на воена вежба (во сфрј) па да видиш колку е незгодно свирењето и пукањето. Но тогаш не смеевме ниту ланче со крст да носиме, ниту да се прекрстиме...се одеше дотаму ни Штулиќ и Азра не смееја да се слушаат. Што е тоа ако не еден вид догма?

Што е лошо ако некој сака да се помоли пред да замине на фронт, можеби некому од нив е последно :toe:. У ствари на многумина им беше. Благослов, битна психолошка предност, благослов да си ја одбрани земјата и населението. Сликата не означува дека црквата ја води војната-тоа е сепак разлика.

Што ако немале благослов некои од нив (атеисти по убедување или слични), целта им била иста.

пРОБЛЕМ НЕ Е НЕКОЈ ДА СЕ ПОМОЛИ ПРЕД ДА ОДИ НА ФРОНТ. проблемот е што:

1. На балканот има: Христијани православни и христијани католици, како и протестанти во последно време + некои други помали сектички, потоа тука да не ги заборавам муслиманите. Значи тоа е само за верата.

2. Националности еден куп тие и не треба да ти ги набројувам. А на ова како додаток е и историското минато на сите нив, т.е. кој со кого бил па кој кого заебал итн.

3. Мешањето пак на истиве довело и до еден куп други смеси на народи на кои исто така им се признава разлика од другите и постоење.

Затоа велат на балканот не се пие ЧАЈ, овде ти е збир на сите овие националности религии и истории па затоа е и нонстоп воено подрачје и нонстоп ќе биде јас ти гарантирам. На балканот викаат СВАКО СЕЛО ИМА СВОЈЕ БОЈЕ.

Но да не забегам од темата, КАКО ЕДНА ОД ГЛАВНИТЕ ПРИЧИНИ КОИ ДОВЕЛЕ ДО ВОЈНА Е И РЕЛИГИЈАТА ПОКРАЈ ДРУГИТЕ. Не можеш да речеш дека не е така. Еве и пример: Косовската битка, за време на СФРЈ конфликтот со Албанците на косово за кој сигурно знаеш и многу други.

Значи пак и религијата е раздорна

Нели во некое од правилата имаше Не Убивај во христијанството...а тука со АК-47 и икона...арно...

Првата слика е пред Сребреница, втората и третата пред Чеченија...ако се молат можат тоа самите...но тука има попови...има и други појезиви слики ама ајде...

Е па сега Штулиќ...субверзивна делатност хахааха Пољска у моме срцу хахаа

Зошто црквата не се огласи ни еднаш ни православна ни католичка против војната...арамилакот...приватизацијата...низ цела екс-сфрј...

Имало еден во Ел Салвадор...дигнал глас против неправдата...го почитувам иако бил поп...но папата дал сосгласност да се елиминира.

Оскар Ромеро. Го убиле како пес 1980...многу зборувал за правдини и слични небогоугодни работи.
Така е целосно си во право. Црквата наместо да смирува она разгорувала, а и ако не сте знаеле. Хрватските затвореници по ослободување од српските затвори напоредно пред распадот на југославија ги пречекале црковни лица на хрватската граница и истите ги прогласиле за херои и народни борци `што во превод значи` - само напред овци гинете!!!!!!!!!!!!:pop::pishtoldz

Моја грешка,како и да е фала за укажувањето:smir: Иначе ова ми го кажа професорка, оние што учат музичко би требало да го знаат.

Римската цивилизација ја признавала жената како роб по власта на на мажот. Немала апсолутно никакви права. Во Рим е одржан концил на кој што е разгледувано прашањето за жените. Донесена е одлука која што вика:„ Жената е битие без душа, нечиста е, и затоа нема да има удел во идниот живот.”
Нејзината позиција во во средниот век поблиску ја одредуваат следните факти:
Данскиот писател Виетх Кордстен со следните зборови го прокоментирал ставот на црквата спрема жената:„Вниманието спрема жената во средниот век било многу ограничено, а тоа е последица на тенденцијата која што жената е сметана за второстепено суштество”.Во Франција 586 год. е повикан концил кој што го испитувал прашањето дали жената е од човечки род или не. После долги расправи, собраните дошле до заклучок дека жената сепак е човечки род, но створена е да му служи на мажот.
Е тоа ти е како да стојат група луѓе и да се расправаат дали двете дрва непосредно пред нив се дрва или не дали се од ист род???:uvo:
Значи ограничени сме во секој поглед како по уверување така по полови карактеристики па расно нацвионално и друго.:tapp:

Што да ти расправам-ЛУЃЕ-
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
пРОБЛЕМ НЕ Е НЕКОЈ ДА СЕ ПОМОЛИ ПРЕД ДА ОДИ НА ФРОНТ. проблемот е што:

1. На балканот има: Христијани православни и христијани католици, како и протестанти во последно време + некои други помали сектички, потоа тука да не ги заборавам муслиманите. Значи тоа е само за верата.

2. Националности еден куп тие и не треба да ти ги набројувам. А на ова како додаток е и историското минато на сите нив, т.е. кој со кого бил па кој кого заебал итн.

3. Мешањето пак на истиве довело и до еден куп други смеси на народи на кои исто така им се признава разлика од другите и постоење.

Затоа велат на балканот не се пие ЧАЈ, овде ти е збир на сите овие националности религии и истории па затоа е и нонстоп воено подрачје и нонстоп ќе биде јас ти гарантирам. На балканот викаат СВАКО СЕЛО ИМА СВОЈЕ БОЈЕ.

Но да не забегам од темата, КАКО ЕДНА ОД ГЛАВНИТЕ ПРИЧИНИ КОИ ДОВЕЛЕ ДО ВОЈНА Е И РЕЛИГИЈАТА ПОКРАЈ ДРУГИТЕ. Не можеш да речеш дека не е така. Еве и пример: Косовската битка, за време на СФРЈ конфликтот со Албанците на косово за кој сигурно знаеш и многу други.

Значи пак и религијата е раздорна

Така е целосно си во право. Црквата наместо да смирува она разгорувала, а и ако не сте знаеле. Хрватските затвореници по ослободување од српските затвори напоредно пред распадот на југославија ги пречекале црковни лица на хрватската граница и истите ги прогласиле за херои и народни борци `што во превод значи` - само напред овци гинете!!!!!!!!!!!!:pop::pishtoldz

Е тоа ти е како да стојат група луѓе и да се расправаат дали двете дрва непосредно пред нив се дрва или не дали се од ист род???:uvo:
Значи ограничени сме во секој поглед како по уверување така по полови карактеристики па расно нацвионално и друго.:tapp:

Што да ти расправам-ЛУЃЕ-
Нема војна во која поповите не биле на една од завојуваните страни. Во британската армија дури имало и вработени попови - по еден на секој полк...војни лица...

Национализмот е на исто погонско гориво како и религиите.
А во југо-распадот религијата одигра огромна улога...кој памети...што се случуваше...ривајвл на религијата 1990-95...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Еве и пример: Косовската битка, за време на СФРЈ конфликтот со Албанците на косово за кој сигурно знаеш и многу други.

Значи пак и религијата е раздорна
Но тоа беа меѓунационални борби, конфликти.

Дали излегува дека во крајна линија воените конфликти и војните во 90-тите на балканот се религиозни војни? Дека како основа ја имаат религијата?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom