Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Нели во некое од правилата имаше Не Убивај во христијанството...а тука со АК-47 и икона...арно...За сликите, се сеќавате каква крвава беше судбината на балканот. Овие млади (доброволци или не) беа дел од тоа. По нечија наредба или според лично убедување...не навлегуваме во причините за војната меѓу разните националности...тие молеле бога да не ги свирне куршум. Пекол... Не бев таму (за среќа стигнав само до Ниш па назад на Визбегово и Петровец), но доволно е да си бил и на воена вежба (во сфрј) па да видиш колку е незгодно свирењето и пукањето. Но тогаш не смеевме ниту ланче со крст да носиме, ниту да се прекрстиме...се одеше дотаму ни Штулиќ и Азра не смееја да се слушаат. Што е тоа ако не еден вид догма?
Што е лошо ако некој сака да се помоли пред да замине на фронт, можеби некому од нив е последно. У ствари на многумина им беше. Благослов, битна психолошка предност, благослов да си ја одбрани земјата и населението. Сликата не означува дека црквата ја води војната-тоа е сепак разлика.
Што ако немале благослов некои од нив (атеисти по убедување или слични), целта им била иста.
Првата слика е пред Сребреница, втората и третата пред Чеченија...ако се молат можат тоа самите...но тука има попови...има и други појезиви слики ама ајде...
Е па сега Штулиќ...субверзивна делатност хахааха Пољска у моме срцу хахаа
Зошто црквата не се огласи ни еднаш ни православна ни католичка против војната...арамилакот...приватизацијата...низ цела екс-сфрј...
Имало еден во Ел Салвадор...дигнал глас против неправдата...го почитувам иако бил поп...но папата дал сосгласност да се елиминира.

Оскар Ромеро. Го убиле како пес 1980...многу зборувал за правдини и слични небогоугодни работи.