Најстрашен филм што го имате гледано

  • Креатор на темата Креатор на темата Mikiyo San
  • Време на започнување Време на започнување
Значи настрана грозотиите од типот на Пила или Хостел и сите слични филмови кои не се трудат да бидат страшни туку одвратни...

Единствени филмови кои некогаш ми биле страшни се психолошките хорор - филмови, оние кои удираат во некој дел од психата кој се плаши од „натприродното“, или од работите кои не ги разбира. Филмови кои кога бевме мали знаеја да не остават без спиење подолго време.

Се разбира, за ова треба да си во вистинските години и сеуште да веруваш во бабини деветтини; еден ден кога ќе пораснеш и кога ќе престанеш, ти останува само да се препуштиш на имагинацијата и да му „помогнеш“ на филмот да си ја оправда целта, т.е. да те уплаши барем на кратко.

Енивеј, кога бев мал најмногу што ме има преплашено е филмот
b.gif
The Omen (1976), кој зборува за доаѓањето на антихристот и е филм во кој малиот Демијан руши се пред себе и ти се чини дека пристигнал крајот на светот. Покрај тоа, има и навистина страшен саунд-трак, што е задолжително за филмот да биде страшен (овој елементарен факт го заборавиле оние кои направија римејк на филмот, затоа новиот Omen е ѓ**** кое не може да исплаши ни мало дете).

Покрај тоа, крајот на 70-тите и во текот на 80-тите (период во кој овој жанр растураше), донесе многу добри хорори, а повеќето кои ги изгледале хорорите од тој период ќе се сложат дека A Nightmare on Elm Street (1984) серијалот беше најстрашното што можеше да се случи: додека по останатите хорори се мачевме да заспиеме, после овој се плашевме да заспиеме...

Првиот дел од Halloween (1978) исто така беше страшен. Сега сите знаат дека некој тип со нож таму ги сецка па нема од што да се плашат многу, но во тоа време ова било вистински шок за публиката.

Ставам во ова друштво уште два филма:

The Fog (1980)
Маглата која се приближува полека но сигурно до едно градче во заливот, влегува низ отворот под вратите и со себе носи сигурна смрт... Преплашен бев секогаш кога ќе паднеше магла, долго време :)

И од поновите, The Ring (2002)
 
Еден од пострашните на кои во моментов ми текнува е “Егзорцизмот на Емили Роуз“. Филмот ме истресе од гаќи буквално, но ми е еден од поомилените. Го изгледав без да трепнам. Ок, на моменти мижев. :)
 
„The Ring“ едвај го догледав,уф колку ми беше страшен.
 
Ги имам гледано и Прстенот, и Егзорцимот на Емили Роуз, и Омен, и Магла. Не биле толку страшни.
Ништо страшно како Сјаење ("Shining"). Тој со Џек Николсон. Многу напнат филм.
Кога го гледав прв пат, дури и ја поттерав една сцена. Си ја гледаш сценава, и одеднаш...
 
За сите љубители на хоророт, го препорачувам The Eye (2002). Не сум го гледал, ама еден другар викаше дека по 15 мин. гледање, го исклучил. :vozbud::vozbud:
 
Егзорцимот на Емили Роуз е срање хорор .. беден римејк направен за тие лесно плашливи ..бидејќи оригиналот беше премногу за некој ..

Гледајте го оригиналот The Exorcist од 1972 .. тоа е прав хорор
 
Егзорцимот на Емили Роуз е срање хорор .. беден римејк направен за тие лесно плашливи ..бидејќи оригиналот беше премногу за некој ..

Гледајте го оригиналот The Exorcist[/B] од 1972 .. тоа е прав хорор


Егзорцизмот на Емили Роуз е еден од најдобрите понови хорори во последниве години.
Башка е направен според вистинска приказна,језив е цел филм и на некој сцени додека го гледав филмот рипав од кревет...

Болдот...се согласувам со тебе потполно го имам дома и според мене најдобар хорор филм од постарите е,не е како денешниве филмови,правени без врска,со исклучок на Емили Роуз.

Најдобри хорори за мене...Фреди Кругер сите делови,Прстенот,Омен чат-пат,Хоророт во Амитивил,Константин со Кијану Ривс,кој го нема гледано,а сака добар хорор филм,да го гледа...има уште но не ми текнуваат.
 
Искрено по страшан филм од тој немам гледано...

 
Не зезајте каков страшен, ова беше одвратен филм да ти се згади животот, ништо страшно немаше...
 
Многу луѓе ми имаат зборено позитивни работи за филмов :

Има вистина у мабетиве ??? :)
Да го симињам :raz:??
 
Најстрашен филм од поновите. Единствен што по долго време успеа да ме уплаши а јас гледам многу хорор филмови и тоа се случува многу ретко.


The Mist.

Од овој како дете ми беше многу страв, па и нема пострашно нешто од кловнови со заби.


A и овој не смее да се заборави. Страшен филм од многу аспекти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom