Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.027
- Поени од реакции
- 61.944
Значи настрана грозотиите од типот на Пила или Хостел и сите слични филмови кои не се трудат да бидат страшни туку одвратни...
Единствени филмови кои некогаш ми биле страшни се психолошките хорор - филмови, оние кои удираат во некој дел од психата кој се плаши од „натприродното“, или од работите кои не ги разбира. Филмови кои кога бевме мали знаеја да не остават без спиење подолго време.
Се разбира, за ова треба да си во вистинските години и сеуште да веруваш во бабини деветтини; еден ден кога ќе пораснеш и кога ќе престанеш, ти останува само да се препуштиш на имагинацијата и да му „помогнеш“ на филмот да си ја оправда целта, т.е. да те уплаши барем на кратко.
Енивеј, кога бев мал најмногу што ме има преплашено е филмот
The Omen (1976), кој зборува за доаѓањето на антихристот и е филм во кој малиот Демијан руши се пред себе и ти се чини дека пристигнал крајот на светот. Покрај тоа, има и навистина страшен саунд-трак, што е задолжително за филмот да биде страшен (овој елементарен факт го заборавиле оние кои направија римејк на филмот, затоа новиот Omen е ѓ**** кое не може да исплаши ни мало дете).
Покрај тоа, крајот на 70-тите и во текот на 80-тите (период во кој овој жанр растураше), донесе многу добри хорори, а повеќето кои ги изгледале хорорите од тој период ќе се сложат дека A Nightmare on Elm Street (1984) серијалот беше најстрашното што можеше да се случи: додека по останатите хорори се мачевме да заспиеме, после овој се плашевме да заспиеме...
Првиот дел од Halloween (1978) исто така беше страшен. Сега сите знаат дека некој тип со нож таму ги сецка па нема од што да се плашат многу, но во тоа време ова било вистински шок за публиката.
Ставам во ова друштво уште два филма:
The Fog (1980)
Маглата која се приближува полека но сигурно до едно градче во заливот, влегува низ отворот под вратите и со себе носи сигурна смрт... Преплашен бев секогаш кога ќе паднеше магла, долго време
И од поновите, The Ring (2002)