Постои ли правда?

  • Креатор на темата Креатор на темата ***РЕНАТА***
  • Време на започнување Време на започнување
Често слушаме "Што си посеал,тоа ќе жнееш" " Што си надробил,ќе си сркаш" и сл.вакви поговорки,изреки,фрази,не е битно...

Колку има вистина во ова?
Постои ли правда?
Ако правда значи ние лично да повлечеме неколку конци, да постои. Ретки се оние случаеви каде последиците за грешките се појавуваат онолку интензивно колку што била грешката.
Секој си добива според заслугата,постои ли награда за доброто,казна за злото?
И ако постои,кој казнува и кој наградува?Господ,луѓето,некоја виша сила?
Во било кој сегмент од животот,генерално гледано,постои ли некаква рамнотежа,некоја праведност?
Има ли поубава награда ако самиот пред себе си чист и свесен дека денес си направил добро дело? Потребна ли ти е виша сила за да знаеш дека денес некој за тебе помислил дека си пратен од Бога за да му помогнеш?
За злото постои казна а тоа е совеста. Колку и да некој тврди дека нема совест, таа секогаш ќе остане длабоко закопана во него, и во моментот кога најмалку ќе очекува, таа ќе почне да го јаде.
Казнуваме и наградуваме самите ние, поточно тоа кое не прави она што сме:)
Рамнотежата постои. Само никогаш не може терезијата да покаже еднаква тежина на двете страни. Еднаш левата, а пак еднаш десната страна ќе биде погоре.

Ако верувате,врз основа на што го темелите таквото верување,сопствено искуство/примери од непосредна и посрдна околина/религија/некое учење/нешто друго?
Го знам она што го кажувам согледувајќи како функционира се’ околу мене и секако предводен од работите кои до сега ги имам искусено:)
 
Правда постои, секој ќе добие по заслуга према тоа што го направил , Ако не од други, тогаш сам на себе ќе си биде судија . Може ли да биде мирен човек кој згрешил ? Душевниот мир е награда или казна .Има ли полошо или подобро од тоа .
 
Нема правда ниту некогаш имало. Комплетно измислен човечки поим кој нема основа во природните закони кои функционираат врз принципите на случајност и правото на посилниот.
 
da vo pravo si, pravdata nikogas ne e apsolutna...
Во контекст на цитатот и ќе прашам...Што е правда?
Има страна која е апсолутно во право и страна која апсолутно греши, па првата заслужува добро/втората лошо?
И дали тоа е правда?
 
Во контекст на цитатот и ќе прашам...Што е правда?
Има страна која е апсолутно во право и страна која апсолутно греши, па првата заслужува добро/втората лошо?
И дали тоа е правда?


Точно е дека нема определена дефиниција што би ги убедила луѓето дека точно една или друга концепција за правдата е токму онаа вистинската.Концепција што би одговорила на предизвикот на вистинскиот идеал на правдата,по која човештвото е во емотивна потрага.

Во најголемиот број случаеви при проценка на нешто дали е праведно или не се раководиме според логичното размислуванје или мнозинството.

Кога се работи лично за самите нас најчесто се водиме од нашето внатрешно чувство за да процениме некаков настан од аспект на неговата правичност,при што брз нас имаат влијание огромен број иманентни параметри,почнувајќи од воспитувањето,личното искуство итн.

Лично за мене праведно би било да постои извесна хармонија во односот влог-добивка или на секоја акција -логичен,соодветен одговор како реакција.

Нормално дека не постои апсолутна правда,како што не постои ни апсолутно погрешна/апсолутно исправна страна,али пожелно е е да постои оптимална правда,барем во случаи каде не е тешко да се одреди тоа.

А,дали исправната страна заслужува награда,а погрешната казна?
Да,и тоа е правда,според мене.

Лејди Сатори
Треба ли да постои правда?
:icon_roll
 
Значи порано мислев дека нема правда ... Обично заради тоа што најчесто не бев стрплив да ги видам резултатите .... Али како што поминва времето се поке и поке ми се чини дека она „ Се врти тркалото “ е вистина ... Се почесто и почесто увидвам дека е многу точна реченицата .
Така да не се бунтовајте дека нема правда , ке видите дека оние кои не вредат да се на позициа ке паднат , оние кои згрешиле ке им се врати , они кои лажеле ке бидат лажени ... Само треба трпение .
Универзумот има начини како секогаш да ти го врати како бумеранг она кое си им го направил на лугето .
 
Божјата правда каде и да си кога и да е ке те стигне! точно е дека се сто човек прави, мисли дали добро или лошо ко бумеранг му се враќа навистина за тоа има многу живи примери!
 
Не може да постои правда за секого. Факт. За еден да осети правда, друг треба да осети болка и страдање.
 
Најголемата неправда обично си ја нанесуваме самите на себеси.
За Калимеро никогаш нема да има правда. Ама за да постои правда треба да постои и неправда, како нејзин опозит, многу субјективно е одредена правдата особено на суд за некој објективната правда ќе значи голема неправда за друг.
 
:oftopic: Да! постои Правда, но мислам дека жената си е сосема нормална и обична домаќинка со две деца и маж најозбилно:toe:, која нема потреба овде во подфорумот Филозофија и психологија да докажуваме постои или не.:helou:

Он Топик. Правдата постои затоа што како резултат на неа неправдата владее со светот. Како инаку би ја мереле неправдата ако немаме јасно дефинирано што е правда. Оттаму многу лесно оценуваме колкава е неправдата. Ако не постои правдата како би заклучиле дека некој е неправеден кон нас. Проблемот кој не става во недвоумица за да се прашуваме дали постои правдата е измислен од самите нас за да си направиме алиби кога, за да дојдеме или постигнеме нешто во животот ја користиме неправдата затоа што пократкиот нејзин пат ни заштедува време.
 
:oftopic: Да! постои Правда, но мислам дека жената си е сосема нормална и обична домаќинка со две деца и маж најозбилно:toe:, која нема потреба овде во подфорумот Филозофија и психологија да докажуваме постои или не.:helou:

Иако логикава е неразбирлива,ќе морам да се надоврзам.
Жената е најправедниот и најнеправедниот судија кој природата го благословила со факторот незнаење.
Жената не дискриминира,таа раѓа без да одредува пол.
Абортира со истиот превез на очи.
Не знае,а може да биде и Творец и џелат.
Правдата е слепа. :)
 
Иако логикава е неразбирлива,ќе морам да се надоврзам.
Жената е најправедниот и најнеправедниот судија кој природата го благословила со факторот незнаење.
Жената не дискриминира,таа раѓа без да одредува пол.
Абортира со истиот превез на очи.
Не знае,а може да биде и Творец и џелат.
Правдата е слепа. :)
:oftopic: Логиката си е токму таа, си постои жена со име Правда, значи жената се вика Правда. Интересно или не ама кумот така ја крстил.

Он топик:За другото, го кажав своето мислење. :smir::helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom