Постои ли правда?

  • Креатор на темата Креатор на темата ***РЕНАТА***
  • Време на започнување Време на започнување
Ne , pravda nema . Karma mozda, ali pravda nema..

Kako sto e pesnata What goes around , comes around .. samo nesto misticno , a nekoj pravda da istera na videlina , ne.

Токму кармата е правда. Што е правда? Слободна дефиниција:

-Правда е задволување на вистината, поставување на материјалните и психичките нешта во идеален баланс за една или повеќе личности.

Со ваква дефинција, правда јок. Од едноставна причина што универзумот никогаш не стои а исправањето и искривувањето на линијата секогаш работат, па идеална правда никогаш нема да има. Но токму кармата ги поставува работите на свое место многу побрзо од тоа што ни се чини иако се жалиме дека за тоа треба... ages.

Можеби ние ќе останеме физички и ментално не допрени, но нашта крв не е само во нас, нашата љубов не е само за нас. Казната која правдата може да ја донесе е разновидна и неприметлива а со сигурност некој друг ги води тефтерите со цртички под плусчето и минусчето место нас.

Дали постои правда? Не, ама работите секогаш доаѓаат на свое место од длабок минус во дебел плус, за подоцна да се искриват пак и така во недоглед...
 
Можеби ние ќе останеме физички и ментално не допрени, но нашта крв не е само во нас, нашата љубов не е само за нас. Казната која правдата може да ја донесе е разновидна и неприметлива а со сигурност некој друг ги води тефтерите со цртички под плусчето и минусчето место нас.

Да,ама ако задоволувањето на правдата се одрази на нашите поколенија или на нешто/некој што го сакаме,самото по себе е неправедно.
 
Да,ама ако задоволувањето на правдата се одрази на нашите поколенија или на нешто/некој што го сакаме,самото по себе е неправедно.

О и тоа како е праведно. Може да те боли ако некој те удри, но многу повеќе боли ако го удрат брат ти.

Поентата е дека секоја неправда која ќе ја сториш, секое злодело кое ќе го направиш или само лоша мисла која ќе ја смислиш, ќе ти се одрази на страшен начин, па затоа е подобро да внимаваш многу добро што правиш, бидејќи не го даваш само својот живот како залог.

Религиските муабети во библијата можеби се мета на потсмев во моментов, но токму оние кои ги исмеваат воопшто и не ги разираат а доколку е така, свесно ги игнорираат и тоа секако ќе им се удри од глава. Бидејќи библијата и да е напишана од човек или од пролетен ветрец во рацете на некој месија, во себе содржи лекции за животот и сведочење на патот и наравот на универзумот, на природата која е безгрешна и циклусот го носи секогаш на на почетокот од каде тргнала. Така ја исполнува својата правда. И тоа нема никаква врска со Господ кој ние го замислуваме, ниту има било каква врска со 75 папи кои го контролираат светот. It is how it is, it`s not like we can do much about it. Ниту ние, ниту папите.
 
Се согласувам со се`,ама сум се запнала за ова.:)
О и тоа како е праведно. Може да те боли ако некој те удри, но многу повеќе боли ако го удрат брат ти.

Повеќе ќе ме боли мене,ама работата е што ќе го боли и него,а тој не заслужил да го удрат,и тоа не е праведно за него.

Колку и совршено урамнотежено да ја спроведува правдата Господ,природата или незнам кој,секогаш ќе има извесни пропусти,барем на моменти или периоди,секогаш ќе има такви што ќе добијат жежок шамар што не го заслужиле.

Како што кажа,концептот за идеална правда е илузорен,реално е да се надеваме на неков релативен,делумен баланс,неограничен ни просторно ни временски..
 
Како што кажа,концептот за идеална правда е илузорен,реално е да се надеваме на неков релативен,делумен баланс,неограничен ни просторно ни временски..
Да очекуваме дека воопшто некогаш ќе доживееме ред е лудо... да се надеваме на истото е човечки.
Не сакам да живеам со идејата дека смееш да ми сториш што сакаш и да се извлечеш неказнета. Освен што јас не сакам, и статистиката покажала дека секој платил за своите гревови. И тоа ми се допаѓа. Верувам во човечкиот разум и се надевам дека еден ден тој ќе надвладее и тоа директно поттикнат од овој универзален принцип на “What goes around comes around“.

:helou:
 
Правда ...Дефинитивно НЕ посебно не у нашата држава али и воопшто
 
Правда ...Дефинитивно НЕ посебно не у нашата држава али и воопшто
Зошто сметаш дека тоа е така?
Верувам дека можеш истото да го поткрепиш со конкретни примери или ставови, кои те донеле до тоа тврдење (затоа што за се што тврдиме, ние, барем потсвесно имаме некоја причина/асоцијација/ што и да е, со која го поткрепуваме/оправдуваме нашиот став)

Се согласувам со се`,ама сум се запнала за ова.:)


Повеќе ќе ме боли мене,ама работата е што ќе го боли и него,а тој не заслужил да го удрат,и тоа не е праведно за него.

Колку и совршено урамнотежено да ја спроведува правдата Господ,природата или незнам кој,секогаш ќе има извесни пропусти,барем на моменти или периоди,секогаш ќе има такви што ќе добијат жежок шамар што не го заслужиле.

Како што кажа,концептот за идеална правда е илузорен,реално е да се надеваме на неков релативен,делумен баланс,неограничен ни просторно ни временски..
Кармата, како принцип, е ослободена од емоции/грижа на совест и сл. Всушност, може да се сведе на математички прецизен принцип кој вели дека секоја мисла и секое дело се рефлектира на се околу, како што и најмалата капка дожд која паѓа во океанот создава одредени бранови. И тука е личниот избор на мисли и дела, кој соодветсвува со нашата моментала свесност, да одреди каква рефлексија ќе оставиме за себе и за другите.

А, што се однесува до поколенијата кои го отплаќаат гревовите...Секоја душа која се инкарнира на светов, се инкарнира во одредено опкружение (семејство, град, држава, временски период) со одредена цел. Поинаку, одбираме родители и сл. преку кои најдобро ќе ја прочистиме нашата карма и ќе ја научиме лекцијата, а воедно, и тие ќе ги научат своите лекции и ќе ја прочистат својата карма. Така, дете може да се најде во опкружение кое отплаќа одредена карма, затоа што, истото соодветсвува со кармата кое тоа лично треба да ја отплати. Тешките околности во кое живее, никогаш не се последица само на туѓата карма. Тие се последици и на неговата карма од минатите животи која треба да ја одработи. Одговорноста е и негова.

Се разбира, ова се однесува кога го земаме принципот на карма и реинкарнација во предвид. А, за да го разбереме, потребно е и да претпоставиме и дека се е поврзано, ништо не е случајно и се, буквално се, има своја логична причина и последица, која е резултат на нашите мисли и дела низ безбројните наши ре-инкарнации.

Кога тоа ќе се прифати, тогаш станува јасно дека никој не е апсолутна жртва, ниту неправедно осуден на лоши околности. Се што живее, е последица на неговите мисли и дела. Ништо не отплаќа единствено поради гревовите на другите.
 
..Читам и читам и скоро секој пост ми се свиѓа, а е и реален.

Но како и д абиде,секогаш сметам дека кад-тад правдината пристигнуа.Не она да сметам -Бог ќе плаит- и бла бла.Туку дека секогаш на крај мора да излезе на добро.Поготово ако ние сами сметаме на тоа.И сакаме,и покажеме дека можеме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom