Дали човек може да побегне од сопственото минато?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Не ја гледам целта тука.

Ова слично на филмот со Кери, кога сакаше да си го избрише сеќавањето?

Бидејќи која логика треба да се имплементира тука за да ја сфатам целта на тоа?

Всушност, нели лошите спомени ни помагаат да учиме од нив, а добрите ни посочуваат на какви да тежнееме во иднина.
Настрана прашањето кое повеќе влегува во домен на чиста математика, бидејќи ти ако сакаш присилно да заборавиш нешто, треба да знаеш (памтиш) што треба да памтиш,а што да заборавиш.
А со самото тоа што треба да памтиш што да заборавиш...ете, ти го памтиш тоа.

На крај,дури и да си направиш присилна амнезија (сам себе убијал), како што беше кажано погоре, кој ти гарантира дека лошите спомени пак нема да те стигнат?
Голема е веројатноста дека ќе си ги рекреираш сам, бидејќи без тоа сеќавање, ти ќе бидеш истиот оној човек пред да му се случат тие...односно под тотално исти услови и прилики, па со чиста логика доаѓа дека пак ќе го направиш истото.

Баш ме интересира што човек би постигнал со тоа, вака размислено подлабоко малце, не само одговор како "бегање од лошите спомени/итн".

Си се исфилозофирал Мац... ама ми се чини у празно. Прашањето мислам дека сака да каже, како да направиме навистина да почнеме нов живот кога нас ни е мерак. На пример... умира жена ми во цутот на љубовта и ме остава сам со ќерка ми, како да се натерам себе си да побегнам од тамошната реалност, да се преселам на друго место, и повеќе да не мислам на неа?!

Не дека тоа што си го напишал не е точно, но е само филозофија.
И мислам дека не е можно, токму болката која ќе се трудиме да ја заборавиме, таа насилно ќе си седи тука со нас... онака за инает. Не знам како е кај другите луѓе, но мојата потсвест работи страшно опирачки на моите желби. Секој труд да сторам нешто од тој тип ме става во страшно инфериорна позиција, па морам да водам војна со себе која секако не можам да ја добијам :duel:
 
Си се обидел да ја избркаш сенката?
А да ја смениш?
А да ја допреш?
Не може, врти сучи, минатото е тука, такво е ко што сме си го направиле, нема бегање...
 
Сопственото минато е исто како, кога на куче би му врзале една метална конзерва на опашката со конец. Колку тоа ќе се ослободи од неа толку и ние од нашето минато. Тоа постојано ќе не следи, но ако би се послужил пак со металната конзерва и кучето, би рекол дека, со текот на времето можеби од постојаното тропање тоа ќе се излижува па нема така силно да не следи, туку едноставно звукот кој ќе го предизвикува ќе биде се по тап и нема толку да не вознемирува. На моменти кога ќе се одмораме после некој напорен дел од нашиот живот, тогаш и нашето минато ќе мирува, но продолжувајќи понатаму со совладување на разните предизвици, повторно тоа ќе почне да тропа и така сакале или не, гледањето напред ќе биде проследено со звуци од назад, со тоа продолжува нераскинлива нишка помеѓу иднината и нашето минато.
 
Pa mozebi zavisi i do karakterot, sepak ne moze da go izbrise, moze postojano da go potisnuva dlaboko vo sebe.no minatoto i sekavanjata nikogas nema da ne napusti, kako sto ne ne napusta sopstvenata senka..
 
Ух, мојата доскорешна дилема :)

Не може да се побегне. Секоја желба да го "избришеме" минатото, ни се враќа со тоа што било нашиот личен вознемир, било околината, ќе не "потсетуваат" на она што било, се додека не "прснеме" и се соочиме. Во спротивно, си ствараме предуслов за болести, психички и физички, лоши односи...се на се, си го уништуваме животот.

Кога се работи за наши искуства, бегање нема. Од себе да побегнеш не можеш. Барем не без притоа ментално, психички и физички да се руинираш.

А, се што се затрупува и игнорира, избива на површината како "експлозија" која разорува.

Минатото е лекција. Минатото е слика на нашите мисли и ставови, кои довеле до постапки и се материјализирале преку разни порази и слично.

Дури кога со отворени очи ќе погледнеме во минатото, ќе видиме каде сме погрешиле, ќе ја превземеме одговорноста, и, најважно, ќе си опростиме на себе и другите, дури тогаш ќе ја научиме лекцијата и животот ќе не ослободи од нејзино повторување. Значи, ќе не ослободи, нема да ја избрише.

Потребно е соочување, тоа е клучот за нашиот развој.
Потребен е опрост (кој се раѓа само и единствено од љубовта), тоа е клучот на нашиот спокој.

Бегањето пак, е само продолжена агонија. Страдање на рати.

Јас, лично, до скоро сакав да бегам и да се правам слепа. Сега се учам да погледнам, прифатам, опростам.
And guess what?
It works :)
 
Не може и најпаметно е да не се обидува.Дури и да си помисли некој дека му избегал на минатото,баш во момент кога најмалку очекува ќе го плесни по лице,само колку да го потсети дека сепак е тука.Најлошо е што човек може да се обиде да излаже кого сака,и понекогаш можеби ќе му успее,но да се излаже самиот себе,за жал никогаш.

Затоа најдобро е да склучиш примирје со минатото и во тој случај нема ни да те прогонува толку.Треба да најдеш начин да го прифатиш такво какво што е,без ни трошка залажување,да се помириш со него и да научиш да живееш со него.
 
Не можеме. Тоа е нашиот живот. Минатото го живееме на еден начин. Се поставуваме кон нештата во животот онака, да не ни се повторат лошите а да ни повторат добрите... Секој сегашен момент станува дел од минатото за само еден миг, дури не ни чувствуваме како ни бега моментот. Минатото не е далеку... Блиску до нас е ... Исто како што кажа Вештица... Наша сенка... Како што не можеме да ја избркаме и избегаме од неа, така и не можеме од минатото...
 
Неможе.Тоа е нешто што ќе не следи и понатаму без разлика дали е добар или лош спомен.Можеме колку сакаме да се обидуваме да заборавиме [ова се однесува повеќе на оние лошите работи],но мислам дека не би успеале.
Најчесто тие лошите работи преовладуваат и токму тие оставаат неизбришлива трага во нашето срце.
Некогаш предизвикуваат каење,некогаш бес и немоќ за да се смени истото направено нешто,ама дефинитивно неможат да се сменат грешките од минатото и да се побегне од нив.Ако не би постоело минатото не би научиле да не ги повторуваме истите работи и не би учеле од своите грешки.:)
 
Не може. Не е возможно тоа нешто. Колку и да се трудите и да сакате пак нема да успеете т.е може за момент, пероид да ги заборавите ама секогаш се врачаат.
 
Не може да побегне од минатото зошто е веќе „напишано“ али може да види од него, да увиди на постапките и случувањата и да се промени (на подобро или полошо).
 
Не може, а и не треба. Грешките кои сме ги направиле во минатото се на еден начин плус искуство, за во сегашноста и во иднината да знаеме да постапиме правилно, бидејќи нели, од грешките се учи. Колку и да било лошо, единствено што ни останува е да се тешиме дека поминало.
 
Со самото тоа дека нешто сакаме да избришеме од минатото ,кажува дека сме ја научиле лекцијата .Се се случува со причина ,најчесто најголема болка доживуваме од најблиските ,и од нив највеќе научуваме .Така да не треба да бегаме од минатото, тоа само ќе не направи подобри луѓе ,сепак тоа не сме ние кои сме сега и тоа сепак било друго време ,да го сватиме тоа да си простиме сами на себе и да се сакаме затоа што сме ја научиле лекцијата а исто важи и за оние кои ни придонеле да го сватиме тоа . Се е во љубовта колку повеќе ја имаме во себе ќе си опростиме себе си а и на другите .
 
Од мене кратко и јасно.
Да го избришеме не можеме, можеме само да се помириме.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom