Доколку владата го изгуби спорот со ЕВН, а меѓународниот суд пресуди милионска оштета која ќе треба да ја платат граѓаните на Република Македонија (види случај ОКТА)....за кого вие тогаш ќе навивате и од кого ќе ви се гади ?
прашањето не го поставуваш - што ако ЕВН изгуби и државната компанија го добие спорот, него обратно.
сакаш јас да ти одговорам?
ако ЕЛЕМ го добие спорот, тебе ќе те снема 2 месеци од темата, додека се не се заборави, и дојде некоја нова.
ако ЕЛЕМ го изгуби спорот, ти ќе бидеш најсреќен на свет.
па што.. и онака тебе никој од џеб нема да ти земе пари. данок и онака си плаќаме. е сега, дали ќе имаме уште еден стадион екстра или не, те заболе нели? никој нема куќата да ти ја земе. затоа те боли уво - боље владата да го јаде, него македонија да има ќар
толку е проста математиката.
решете се еднаш, владата го конторилира судот или не? паднаа ли нејзините закони на уставен за веронаука, трето дете? што уште ќе изјавите - да го конторилира основен суд два, апелационен, ама нема контрола над уставен?
очигледно дека нема контрола, да би имала немаше 1+1 да биде еднакво на 2.
ок, еве да бидеме пристрасни и субјективни. да речеме во случајов имала контрола и придонела за одлуката на судот против интересите на страснкиот инвеститор, тогаш од каде вие тоа го знаете? нели постапката сеуште е во тек? нели се закануваат дека ќе одиме на меѓунардона арбитража? уште неотидени, изгуби ли ЕЛЕМ?
не.
не, ама во твои очи да. зошто? бидејќи си убеден во тероија како владата намерно делувала врз судот се со цел да се избркаат инвеститорите, никој никогаш да не инвестира во македонија, сите ние да испоцркаме за струја.
сега site ние треба да веруваме во оваа тероија, само колку ти да бидеш во право.
на страна тоа што ЕВН прикажувал инвестиции од пари собрани од наплата што не се реални инвестиции и што е спротивно на договорот, за што ќе плаќа пенали (така бар најави ставревски). треба да заборавиме што не поднесувале месечен извештај спротивно на договорот до каде оди наплатата, да заборавиме што договореното за реални инвестиции не го исполниле..
абе мислете малку со своја глава да му се сневиди..