Владата под дипломатски напон

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
ova bas ic ne go razbiram,i sakam nekoj da mi go objasni.

mozebi moite podatoci ne se vo red ,pa ispravete me.
dali ova znaci deka avstrijcite go kupile esm za 225 milioni
posle toa oni si gi naplakaat zaostanatite smetki koi vkupno iznesuvaat 160 milioni
pa znaci dale 225 ,ke zamat 160 ,i taka doaga deka tie celo esm si go kupile za samo
65 milioni ?
bas me interesira rabotava.
 
ЕУ нека плукаат кај сакаат...ние треба да си го средиме судството.

и секако дека ова вриење на амбасадорите не е до владата туку до судството...не верувам да го слушаат фуере и рикер:nenene::nenene:

а и не треба....:toe:
 
епа муабетот првичен е со кое право ни се мешаат ЕУ ...
со кое право критикуваат јавно судска одлука ... вршат притисок ...
и завземаат страна ...
 
епа муабетот првичен е со кое право ни се мешаат ЕУ ...
со кое право критикуваат јавно судска одлука ... вршат притисок ...
и завземаат страна ...
точно...се прифакаат коментари од правни експерти не од дипломатски претставници.....ама гледаме дека не е до ЕУ туку до нивната претпоставка дека ке играме по нивниот ритам
 
точно...се прифакаат коментари од правни експерти не од дипломатски претставници.....ама гледаме дека не е до ЕУ туку до нивната претпоставка дека ке играме по нивниот ритам

вршат притисок ...
и пази што ако Евентуално владата била приморана да плати оштета после арбритажа во Лондон ....

значи не пресудено, докажано .... него приморана владата да плати ...

ти се молам кои уцени ...
 
арбитражата е конечно решение во правото тоа ти иде како крајна пресуда

и навистина експерти таму одлучуваат на пример за окта беа тотално во право нема шо...но овој случај не верувам да стигне до арбитража
 
вршат притисок ...
и пази што ако Евентуално владата била приморана да плати оштета после арбритажа во Лондон ....

значи не пресудено, докажано .... него приморана владата да плати ...

ти се молам кои уцени ...
Ај бе немој да плачете веќе.

Уцени, конспирации дрн дрн.

Ако Македонија по било кој основ на крај исплати поголема сума на пари на ЕВН по основ на некаква оштета, одговорноста за тоа МОРА да ја сноси оној кој неуко се впуштил во таква авантура. ТОЧКА.
 
Ако Македонија по било кој основ на крај исплати поголема сума на пари на ЕВН по основ на некаква оштета, одговорноста за тоа МОРА да ја сноси оној кој неуко се впуштил во таква авантура. ТОЧКА.

Точно, се сложувам со тебе. Ама еве по 1000 пат пишувам нема правен основ Македонија да плати отштета, може само да се укине отштетата што треба да ја плати ЕВН или истата да се намали.

Инаку се разбира дека одговорноста ќе биде на оваа влада. Нема ваљда пак Бранко да им е крив:helou:.
 
Де некој нека ми ја објасни одговорноста на оваа Влада по овој случај ?

Еве ЕВН мене ми задира во правото на сопственост, имам право на суд да си го одбранам правото ?
 
И сеа демек Марсовка ги подбуцнала странските амбасадори :tapp:

Ах лоша марсовка....лоша!:tv:
Марсовка сака да го искористи ова групно завивање на амбасадорите, поточно на медиумите за своја пропаганда, жално е што мисли дека ако ги подржува Австријците со тоа први голема работа за граѓаните и државата.:nenene:
 
Не ги прочитав сите мислења на оваа тема но од последните, а и од некое искуство можам да кажам дека повторно се издвоени две страни, нели логично едни кои се на едната страна и други кои се на другата страна. Оние кои се на едната страна и оние кои се на другата страна во својата дискусија гледам дека влегуваат повеќе емотивно врзани кон некој центар кој дали дирекно или индиректно ги насочува нивните дискусии кон бранење на одредени политички позиции. Конкретно во овој спор јас би сакал да кажам дека и едните и другите треба да бидат на една страна, во случајот цврсто да се брани позицијата на ЕЛЕМ колку и да не можат да се помират со тоа. Ова го базирам врз фактот што и ЕВН е поткрепена од страна на ЕУ и САД и тоа единствени, без притоа да се декларираат кои се и на кои политички опции припаѓаат во нивните земји. Тие бранат став со намера да извршат притисок и се разбира да излезат како победници во овој судски спор. Тогаш зошто ние сите заедно не застанеме на страната на ЕЛЕМ кој е во државна сопственост. Зошто ние секогаш мораме да изигруваме некакви си демократи заради нашата кусогледост и одбојност кон спротивната политичка опција. Зошто и во овој случај кога овде државата е директно засегната. Може ли сите заедно да застанеме во одбрана на државните интереси колку некому да му изгледаат губитнички. Дали ќе бидат среќни до колку ЕЛЕМ под притисок го изгуби спорот и дали ќе бидат несреќни ако пак го добие спорот. Кои се навистина интересите и на тие и на оние?
 
Зошто ние секогаш мораме да изигруваме некакви си демократи заради нашата кусогледост и одбојност кон спротивната политичка опција. Зошто и во овој случај кога овде државата е директно засегната. Може ли сите заедно да застанеме во одбрана на државните интереси колку некому да му изгледаат губитнички.

Затоа што ние светот го разбираме како поле за културен натпревар на народите.

Некои мислат дека добронамерните амбасадори со цел да ни помогнат, укажале на грешката на владата и не советуваат дека судот не е во право.

Светот не функционира така наивно. Тие луѓе си бркаат свои интереси, и к.р ги боли за Македонија.
 
Ајде сега, во случајот веронаука на т.н ,,меџународна заедница'' нашето судство беше ок. ама сега кога станува збор за ЕВН истото тоа судство одеднаш нечини:nesvest::kesa:
 
Точно, се сложувам со тебе. Ама еве по 1000 пат пишувам нема правен основ Македонија да плати отштета, може само да се укине отштетата што треба да ја плати ЕВН или истата да се намали.

Инаку се разбира дека одговорноста ќе биде на оваа влада. Нема ваљда пак Бранко да им е крив:helou:.
од кај толку сигурен ги имаш видено документите?договорите го познаваш нашето право?ги имаш видено одбиените докази?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom