Владата под дипломатски напон

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
Ја колку што гледам на суд изгубија 200милиончиња шо не платат ...
ако мислат дека се во право ...
шо не се жалат?

кои се они да ја притискаат цела држава и да не труат со изјави од амбасадори ... да ни се закануваат ... лапнаа фирма вез пари .... закон не ни почитуваат ... е шо сега ...
рекоа дека ќе тужат пред тоа ја обжалија одлуката до апелациски суд

Не трујат бе баче (калимеро нема правда :pipi:)посилни се од нас има гарант дупки и законот и договорот и на крај ние ќе платиме
Инаку досега ако беше како што изјавуваат нашиве телиња кои не сваќаат дека не му се брца на тигар во око со игла досега немаше да има толкава прашина дигнато ниту пак изјави од амбасадори и преставници во еу
Ќе беше се средено позади затворени врати .....
 
а јас прашувам што мислеше груевски со отворен напад на евн(австриската компанија и инвеститори) која е голема компанија а не некое малечко фирмиче?

Колку што гледам австријците тепаат .....

Сила бога не моли научете го тоа и да калимеро нема правда

Многу лесно се манипулира со фактите.
Силата е сила а правдина е правдина.

Груевски не ја донесе одлуката, Основен суд Скопје ја донесе, не манипулирај.

Ти сакаш да кажеш дека ЕЛЕМ е во право ама поради силата на Австрија тие милиони треба да ги плати Македонскиот народ ако сака да не му се наруши имиџот пред светот.

Жално е што македонскиот политички естаблишмент својот светоглед го насочува исклучиво низ западната страна.

Светот има 4 страни.
 
а јас прашувам што мислеше груевски со отворен напад на евн(австриската компанија и инвеститори) која е голема компанија а не некое малечко фирмиче?

Колку што гледам австријците тепаат .....

Сила бога не моли научете го тоа и да калимеро нема правда

А ти за кого навиваш? Ќе тепаат австријците само додека има „мозоци“ како тебе.
 
Замисли да имавме опозициона партија која ќе застанеше позади одлуката на Основен суд Скопје.

Помило им е тапшањето по рамо на странските дипломати од државата сопствена.
 
рекоа дека ќе тужат пред тоа ја обжалија одлуката до апелациски суд

Не трујат бе баче (калимеро нема правда :pipi:)посилни се од нас има гарант дупки и законот и договорот и на крај ние ќе платиме
Инаку досега ако беше како што изјавуваат нашиве телиња кои не сваќаат дека не му се брца на тигар во око со игла досега немаше да има толкава прашина дигнато ниту пак изјави од амбасадори и преставници во еу
Ќе беше се средено позади затворени врати .....

знаеш шо ....

ми се гади од луѓе кои не си го ценат своето и во добор и во лошо ...
ми се гади од луѓе кои величат се друго а по своето плукаат ...
ми се гади од луѓе кои од надворешни притисоци не се обединуваат и застануваат зад заеднички домашни интереси ... туку напротив праат раздор и застануваат против домашните интереси ...

Ајде да се расправаме за внатрешни домашни работи ... било која сфера ... за да си направиме подобро ... колку повеќе размислувања подобар заклучок ... НООО кога се работи за надворешна политика да се обединуваме и застануваме позади нашите интереси а не туѓите ....
 
А ти за кого навиваш? Ќе тепаат австријците само додека има „мозоци“ како тебе.
знаеш шо ....

ми се гади од луѓе кои не си го ценат своето и во добор и во лошо ...
ми се гади од луѓе кои величат се друго а по своето плукаат ...
ми се гади од луѓе кои од надворешни притисоци не се обединуваат и застануваат зад заеднички домашни интереси ... туку напротив праат раздор и застануваат против домашните интереси ...

Ајде да се расправаме за внатрешни домашни работи ... било која сфера ... за да си направиме подобро ... колку повеќе размислувања подобар заклучок ... НООО кога се работи за надворешна политика да се обединуваме и застануваме позади нашите интереси а не туѓите ....
Доколку владата го изгуби спорот со ЕВН, а меѓународниот суд пресуди милионска оштета која ќе треба да ја платат граѓаните на Република Македонија (види случај ОКТА)....за кого вие тогаш ќе навивате и од кого ќе ви се гади ?
 
споров не е надворешна политика.....:toe:

внатрешно прашање е....само немој да испадне ко ОКТА,мада шо не верувам:toe:
 
Доколку владата го изгуби спорот со ЕВН, а меѓународниот суд пресуди милионска оштета која ќе треба да ја платат граѓаните на Република Македонија (види случај ОКТА)....за кого вие тогаш ќе навивате и од кого ќе ви се гади ?

Која отштета? Ти како прво немаш елемантарни познавања од право. Доколку владата го изгуби спорот со ЕВН само ќе се поништи одлуката на судот. Со тоа ЕВН нема да плати 200 мил. евра.

А ние како држава ќе платиме само судски трошоци.

И секогаш сум навивал за Македонија, за разлика од некои „реални“.
 
Владата не коментира судска пресуда и нема да се меша во спорот меѓу ЕВН и ЕЛЕМ. Односот меѓу двете компании е дефиниран со купопродажниот договор, а Владата не е странка во овој случај.

Со ваков став денеска излегоа вицепремиерот Ставрески и министерот Бесими за несогласувањата меѓу двете енергетски компании.

Интерес за овој случај изрази и виенската енергетска заедница. Претставници изминатите два дена ги посетиле речиси сите надлежни институции. Вчера оствариле средба со регулаторите, а денеска беа поканети во Владата.

Австриска ЕВН е лута на Владата, велат очекувале поголема поддршка.

Случајот со ЕВН денеска доби и уште едно продолжение. Вицепремиерот излезе со податоци утврдени од ревизорската куќа Ернст енд Јанг дека австриските газди од продажбата на ЕСМ Дистрибуција не инвестирале ниту евро во државава. Според Ставрески во првите две години потрошиле околу 20 милиони евра, но тоа не биле странски пари туку собрани од македонските граѓани.

Од ЕВН, пак денеска со податоци од друга ревизорска куќа која утврдила дека компанијата инвестирала речиси 108,9 милиони евра во изминатите 3 години.

Кој е во право ќе се утврдува на арбитража во Лондон.

http://www.time.mk/story_3281030c9b_article_e8ebb3aae5.html

и сеа не ми е јасно со кое право вие сте судиите ....?
а што ако ЕЛЕМ е во право?

и сеа според тебе реален ... шо викаш пресудата од Основен е донесена ...
дали владата треба притисок да изврши врз Судството ?
и со кое право ЕУ ни се меша у Судство ...
и шо им е работа на амбасадорите да се мешаат ...
дали тие ги знаат детално фактите и доказите ...?

се е само пара и инетереси ...
јас само се чудам зошто не сме единствени кога се работи за наши интереси ...

Замисли да имавме опозициона партија која ќе застанеше позади одлуката на Основен суд Скопје.

Замисли брат ... замисли ...

и пак ќе се повторам

ми се гади од луѓе кои не си го ценат своето и во добор и во лошо ...
ми се гади од луѓе кои величат се друго а по своето плукаат ...
ми се гади од луѓе кои од надворешни притисоци не се обединуваат и застануваат зад заеднички домашни интереси ... туку напротив праат раздор и застануваат против домашните интереси ...
и ова се однесува општо .. не само за ЕВН-ЕЛЕМ
 
Која отштета? Ти како прво немаш елемантарни познавања од право. Доколку владата го изгуби спорот со ЕВН само ќе се поништи одлуката на судот. Со тоа ЕВН нема да плати 200 мил. евра.

А ние како држава ќе платиме само судски трошоци.

Не зезај!

Македонија пред опасноста од меѓународен суд - најматно

Опасноста Македонија да заврши на меѓународен суд и евентуално да биде принудена да плати милионска отштета, поради тужбата што ја најави австриски ЕВН, е најматен настан во април.

Линк

И секогаш сум навивал за Македонија, за разлика од некои „реални“.
Не мешај наивност на глупа влада со навивање за Македонија.
 
Не зезај!

Македонија пред опасноста од меѓународен суд - најматно

Опасноста Македонија да заврши на меѓународен суд и евентуално да биде принудена да плати милионска отштета, поради тужбата што ја најави австриски ЕВН, е најматен настан во април.

Линк

Не мешај наивност на глупа влада со навивање за Македонија.

Јас ти кажувам дека нема никаков правен основ, Македонија да плати отштета освен можеби за нарушен углед на компанијата ЕВН. Но тоа би било различна постапка пред меѓународен суд, не во рамките на оваа со која се преиспитува одлуката на основен суд 1.

А овие морониве од невладини што трезат зелени, тоа е показател на нивната неукост.:toe:
 
Не зезај!

Македонија пред опасноста од меѓународен суд - најматно

Опасноста Македонија да заврши на меѓународен суд и евентуално да биде принудена да плати милионска отштета, поради тужбата што ја најави австриски ЕВН, е најматен настан во април.

Линк

Евентуално ....
а што ако Елем го добие спорот?

и од утре да го раформираме судството ... шо викаш ..
нека нема судство ...
и за секој случај ќе бараме мислење од Рикер и останатите а?
 
Јас ти кажувам дека нема никаков правен основ, Македонија да плати отштета
Ај те држам за збор :)

Евентуално ....
а што ако Елем го добие спорот?
А што ако Македонија го изгуби спорот и по некој основ на ЕВН треба да искешира неколку десетици милиони евра ???
 
Дома > Македонија
prazno.gif
Македонија пред опасноста од меѓународен суд - најматно

Коментари (1)
prazno.gif
prazno.gif
10.05.2009 13:10
bistro-matno.jpg
Во анкетата за април не беше направен избор на бистри настани
Опасноста Македонија да заврши на меѓународен суд и евентуално да биде принудена да плати милионска отштета, поради тужбата што ја најави австриски ЕВН, е најматен настан во април.
Овој случај доби 11 гласа во анкетата „Бистро - Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност - нулта корупција“, во која учествуваа 17 главни уредници на печатени и електронски медиуми во Македонија.
Откако го загуби случајот со „ОКТА“, Македонија повторно е соочена со странска арбитража поради приватизациска зделка. ЕВН соопшти дека ќе тужи поради пресудата да плати околу 200 милиони евра на државната компанија за производство на струја ЕЛЕМ, за ненаплатени долгови од потрошувачите од 1995 до 2004.
Дистрибутивната компанија тврди дека македонската влада во купопродажниот договор гарантирала оти не постои таква обврска кон ЕЛЕМ. Повеќе амбасади го набљудуваа судскиот процес во Скопје и за неправилностите ги информираа македонските власти. Случајот од аспект на судските реформи и исполнување на економските критериуми го следи и Европската унија.
evn.jpg
Овој случај доби 11 гласа во анкетата „Бистро - Матно“
На второто место со по три „матни“ гласа се притисокот врз новинарите и непочитување на Уставниот суд. Здружението на новинарите на Македонија минатиот месец реагираше по повод донесување пресуди против новинари, без да се почитува процедурата. Против новинарите се водат стотици судски процеси и се изрекуваат астрономски парични казни.
Одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката во училиштата предизвика бурна реакција кај дел од јавноста, која бара предметот да се врати. Некои од протестите се одржуваа пред самиот Суд, иако групите што ја поддржуваат веронауката тврдеа дека не вршат притисок врз судството. Запрепастеност од јавно изразениот бес од страна на одредени верски водачи и политичари, против одлуката на Судот изрази и Специјалниот известувач на ОН за слобода вероисповед или убедување, Асма Џахангир.
Во анкетата за април не беше направен избор на бистри настани.
Во анкетата „Бистро - Матно“ за април учествуваа телевизиите: А1, Алсат, Канал 5, Телма, Наша ТВ, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вест, Време, Дневник, Лајм, Нова Македонија, Утрински весник, неделниците Глобус, Фокус и Форум и електронското издание на Лоби.

реалне пастирај го целиот текст нека чита цел свет
еве го текстот од линкот
 
А што ако Македонија го изгуби спорот и по некој основ на ЕВН треба да искешира неколку десетици милиони евра ???

А што ако Македонија го добие спорот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom