Не ни требале играчи...Не дека не ни требаат,туку треба вишокот да се отстрани и да се донесе играч кој ќе биде на висина на задачата...Конкуренцијата се билда,ние како издишани...Фулам 3 комада да ни дадат ееееееееј!Во Јануари мора зимски шопинг,инаку можеме да се збогуваме од титулата и од лига Шампиони одма!!!Можеме да се лажеме колку сакаме,и да бидеме оптимисти,но така стојат работите и тоа е реалност-тоа е факт.А ферги пак нека не купува играчи...Со де Лает,со О'ши и такви специјалци кои јас одма би ги шитнал не се освојува титула во најпрестижното првенство на планетата...Со овој состав и Милан ќе не згази,а знаеме дека Милан се лузери големи.Ќе ги инвестирале парите од Роналдо,гледам ги инвестираа,некој од тие пари си покрива долгови,а тимот нека се дави во 2-3-4 позиција во Шампионатот...За поразот од Фулам сум крајно револтиран,не го ни догледав мечот.Срамотилаци!!!Има и гласини дека Тошич може да напушти,ако тоа се случи стварно штета ќе биде...Ист пример се случи со Пике,значи Ферги не е секогаш во право со неговите одлуки!!!
Тотално се согласувам со тебе. Можеби имаме многу играчи, но никој не може да не однесе до титула. Како прво, и конкуренцијата е многу голема, видете првин во средината Керик, Флечер, Сколс, Андерсон, Гибсон, сите овие играа средина, е сеа рачунајте да бидат цел тим фит и да не мора Флечер и Керик да играат во одбрана. Е тогаш мора да ги ротира овие 5, кој каде побрзо. Сколс јас мислам е време да се пензионира, нема веќе што да игра, тој си го направи своето за Јунајтед. Јас мислам треба да им дава шанса на Флеч, Андерсон и Керик. Гибсон ептен го форсира, па доста му е да го клава со послаби екипи и во куповите засега. Се враќа и Харгривс сега, тој како ќе фати место? По крилата имаме ептен играчи. По десно крило никој не може да му го земе местото на Валенсија, додека за лево крило се борат Обертан, Нани, Тошич, Парк и Гигс. Кај го има тоа ? Никаде. Се согласувам Гигс да игра, впрочем тој игра и еднаш на 3 натпревари, ама другите ретко добиваат шанса. Нани мислам дека јануари ќе си оди, нема што повеќе да бара во Јунајтед, не затоа што е слаб, него што не игра. Полусезона дојде, а тој едвај има 10 натпревари целосно, и дали ги има? Исто така и Тошич ќе си оди, тој веќе ич не може место да фати, откако е дојден секогаш игра за резервите. Обертан мора да добива повеќе шанса, доколку Ферги сака да го прави квалитетен играч, ако не нека зема некое квалитетно крило, а не вака да го чекаме некој играч 1 сезона додека се вклопи. Ете колку е голема конкуренцијата во Јунајтед. Искрено јас се надевам дека ќе има голем шопинг во Јануари. Да се земе еден креативец на играта, и 2-3 тројца играчи да си заминат.
Колку што знам Красич е напагач и не гледам креатор на играта во него,силва е крило и потребен ни е ваков играч но нам ни треба еден добар плејмејкер со офанзивни предиспозиции кој би играл со флечер во средината...е таму може хамшик
Красиќ игра десно крило, а понекогаш и како централен во средината. Како прво нам ни треба некој кој ќе ни ја организира играта заедно со Флечер, а тука најмногу добро би дошле Силва, Красиќ или Хамшик. :helou: