Денеска ни се случи вистински потоп на Крејвин Котиџ,и играчки и резултатски,тоа мора да се признае.Точно е дека во натпреварот влеговме со многу повредени дефанзивци,па мораше да се експериментира со Де Лает на пример,ама голем тим каков што бездруго е Јунајтед,да не створи ниедна поизгледна прилика,изработени акции речиси да нема,тоа е сепак премногу.Средниот ред,иако релативно ослабен без Керик и Флеч,ги имаше Сколс и Андерсон,кои реално,имаа страшно очаен меч денес.Валенсија исто,изгубен,речиси ниеден пас или нафрлување не му мина,неколкупати непотребно солираше,едноставно ништо не му одеше денес.Овен пак,како што кажа некој погоре едвај неколкупати се сретна со топката .Останатите,само се вклопија во сивилото на екипата денес.
Навистина незнам што некои толку се нафрлија по Сер Алекс деновиве на форумов.Реално е оти кормиларот сноси вина за поразите,ама да се фрла со дрвја и камења по човекот кој има големи заслуги за тоа што е Ман Јунајтед денес,епа тоа е претерано.Некој рече импровизирал,а кој нема да го прави тоа кога има еден цел состав надвор од строј.Точно е и јас се согласувам,оти некои од засилувањата не придонесуваат како што треба,ама сепак сеуште е рано тоа да се потврди.Впрочем,Евра по бледата полусезона која ја имаше по доаѓањето во тимот,требаше веднаш да биде шутнат според некои од вас.
Констатацијата пак,демек Ферги остарел,го загубил умот,апсолутно не држи вода и е претерана.Како тоа,човекот кој само пред неколку месеци,го доведе тимот до нова титула во ПЛ,а и финале на ЛШ,каде што во меѓувреме надмудри неколку фудбалски тренери `пар екселанс`,толку брзо `испарил`.Или да не добил Паркинсон во меѓувреме.Мислам дека коментари од ваков тип воопшто не се потребни,за еден таков лик,каков што е Ферги.Верувајте,дека тој сам ќе си замине од тимот,ако смета дека тоа е неопходно.
И да,јас истотака мислам оти ни е потребно засилување на полусезоната.Според мене офанзивец,левокрилен би бил реален избор.Нани,полека,но сигурно е се подалеку од Јунајтед,на Тошиќ пак некако тешко му оди аклиматизацијата на тамошниот фудбал,а и самиот тоа тој го истакна.Реално,многу далеку е дечкото од првиот тим во моментов.
За засилување во одбраната,бидејќи не се посериозни повредите,не би требало да се дискутира.
То је то,заслужен пораз од Фулам.Сега останува само да се надеваме на кикс на Челзи утре,за да нема поосетно бодовно одалечување.
Јас се надевам само,дека очајната игра и катастрофалниот пораз беа само лош ден,и ништо друго.Поздрав.