Факт е дека Ферги погреши вчера. Нејкам никој да напаѓам, али дома да почнеш само со Руни како шпиц стварно иритира. И тоа против екипа која има доста солидни дефанзивци и екипа која на контра е пеколна, нешто што го дознаа и Ливерпул. Иронијава се враќаат Видич и Браун и ние примаме гол со глава.
Иначе сметам и сигурен сум дека ако играше Овен место Парк уште од почеток ке бевме триумфални. Како да немавме десен бек за помош во нападот, а знаеме дека преку бековите обично ослободуваме од притисокот кој се ствара врз Руни и офанзивните играчи. Флечер кога и да отидеше напред и упатеше центаршут имаше шанси да заврши во наш играч исто колку шо Лузерпул има шанси за титула. Парк изгуби повеќе топки од Лукас. Гигс упропасти три чисти шанси и тоа по одлични проигрувања од Руни. Не може нашата десетка сам да игра. Факт.
Руни различна приказна. Прво полувреме маестрален, проигруваше, шутираше се бореше. Второ полувреме упропасти минимум 4 контри кои ТРЕБАШЕ да завршат со гол. Подавањето во празно кон Бербатов, безброј шутеви кои завршуваа у з редот на Олд Трафорд или у Фридел, па лобот што сакаше да му го направи на голманот место да пласира или да ја скине мрежата...
Руни ја упропасти вчера највеќе, колку и да го сакаме мора да си признаеме дека треба уште еден како него за да се симне притисокот од него, оти јасно е дека ментално е многу послаб играч од Роналдо, премногу дури. Не знае да изнуди фаул како Рони, шутевите од далеку имаат помала процентажа за гол од Рони и тн. Вчерашната утакмица дефинитивно илустрираше колку само ни фали тој човек. Каде во претходниве сезони можеше да се случи вакво нешто, ако поведеше екипа како Вила се случуваше канонади на нивниот гол. Само нека ви текне пред 3 години блекбурн кога водеше 2-0 на наш стадион, влезе Рони од клупата и вуала 4-2. Иако Сколс со тој маестрален гол се одвои од другите, не е коинциденција што со влегувањето на Рони се сврте утакмицата. Лани исто со Тотенхем од 2-0 на 5-2. Има безброј примери али тоа за другпат.
Вчера на клупата недоволно заздравен Бербатов, Овен-играч кој не знае сам шанса да си направи, не знае да издрибла некој, нема никаков шут од далеку, значи ние со измената очекуваме ала Солскјер впечаток да има. Тоа тешко момци. Никој не може да го замени Baby Face.
Мора Фергусон да престане да го игра Руни сам во нападот, премногу лесно се фрустрира на промашување а секако го чуваат по тројца и нормално нели не е супермен човекот. Му треба партнер во нападот, посебно дома кога играме. Многу слабости ни се открија вчера, не е само лош ден верувајте. Само се надевам дека нема многу екипи да ги искористат.
Иначе честитки за Вила. Повеќе од заслужена победа. Ѕверови.