Кратка анализа на тимовите со кои може да се сретнеме во 1/8 - финале во ЛШ:
Баерн - Искрено тим кој би сакал до го избегниме. Покажаа дека се незгодна екипа, посебно и тоа што до 1/8 - финалето ќе има се вратат во фул опрема Рибери и Робен, со што ќе бидат многу јаки.
Милан - Тим од кој многу пати сме отпаѓале во нокаут фазата во ЛШ, но доколку оваа година ни паднат мислам дека ќе им се одмаздиме. Сепак не се екипа за потценување, ги имаа Рони, Пато, Пирло . . .
Порто - Многупати во 1/8 - финале ни биле редовни пациенти, со што ако ни паднат и оваа година, би поминале без многу потешкотии.
Лион - Незгодна екипа се Лион, иако немаат некој добар состав, сепак и да ни паднат очекувам минимално да ги поминиме.
Интер - Ги совладавме лани, зошто да не и годинава.:tv: Сепак добар тим се Интер, и тоа е уште едниот тим кој сакам да го одбегниме во 1/8 - финале.
Штутгарт - Некако успееа да се протнат во 1/8 - финалето, но сепак немаат состав со кој би продолжиле понатаму. Доколку ни паднат и со втор состав би ги победиле.
Олимпијакос - Тимот кој најмногу го сакам во 1/8 - финале, да ни дојдат на ОТ, да им маниме една петарда и да се чудат кој се.
Баерн, Интер и Милан се тимовите кои би сакал да ги избегнеме, но сепак мислам дека ќе ни се падне некој од овие 3. Како и да е очекувам пласман во 1/4 - финале. Останува да дочекаме до 18 - ти, да видеме со кој ќе паднеме. :manutd: