Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Со мало задоцнуванје честито победа и нека ни се множат.
По овој натпревар очекувам Фостер да добие шанса и во ПЛ:smir:
Мислиш Кушчак :smir:

статистиката е за премиер лига мислам а не за куповите

И за куповите е :smir:
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Фергусон сака средба со тимот на неговиот син

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс ФЕргусон има само една желба кога е во прашање ждрепката за осмина финалето во Карлинг Купот.


Искусниот долговечен шкотски менаџер на клупата на „Црвените Ѓаволи“ посакува среда против Питерброу, клубот од втората англиска лига (Чемпионшип), кој го води неговиот 37-годишен син Дарен.

„Би сакал Питерброу да ни биде наредниот противник, но на домашен терен! Целата фамилија Фергусон би била среќна со таквото сценарио.“ - изјави Сер Алекс, кој натпреварувањето во Карлинг Купот го користи како прилика за тестирање на младите играчи, кои ретко ги гледаме во посилните натпреварувања во акција.

Синот Дарен во неговите фудбалски денови Алекс Фергусон го доведе и во Манчестер Јунајтед, и никогаш не оствари голема кариера. Но, се чини дека од татко му го наследил тренерскиот дар. ВО првите две сезони на менаџерската клупа на Питерброу, тимот го одведе од четвртата до втората англиска лига.:pipi:
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.091
Поени од реакции
1.652
Анализа: Стоук Сити v Јунајтед



Премиер Лига, 7мо коло|Сабота, 26 Септември 2009|Почеток: 16:00h
Стадион: Britannia Stadium, Stoke-On-Trent

Конечно и полесен противник после 4 многу тешки натпревари.Барем се надевам дека е полесен.

Минатата сезона во 2 средби со Стоук не успеаа да ни земат ни бод, иако кога игравме на гости беше прв натпревар по враќањето од Азија поради Светското Клупско Првенство.Сепак, минатата сезона многу ни помогнаа Стоук кон освојувањето на титулата, Ливерпул најдобро знаат зошто, одземајќи им значајни поени.Сезонава пак, малку фалеше да им одземат бод на Челзи, но Малуда ги спаси во последните минути.Ние пак, еднаш ги демолиравме со 5-0 на Олд Трафорд, а еднаш на Боксинг Деј, Тевез во последните 5 минути од натпреварот го постигна победоносниот гол.

Од натпреварите што ги имам следено на Стоук, изгледаат како тим кој може да конкурира за средината на табелата, иако немаат никакви звучни имиња.Но, откога ќе примат гол и имаат негатива, скоро никогаш не се вратиле (минатата сезона + досега = 2 пати) и најчесто примаат по повеќе парчиња.Сега играат дома, против Шампионите на Англија, не им треба поголема мотивација за да не го остават срцето на теренот.

Јунајтед пак, со нанижени 6 победи по ред и само 1 изгубен натпревар од Барнли на гости, гледа да додаде +3 поени на своите 15.

Можни состави:

Sorensen
Faye - Shawcross - Collins - Huth

Delap - Whelan - Whitehead - Etherington

Kitson - Fuller



Kuszczak
O'Shea - Vidic - Evans - Evra

Nani - Fletcher - Anderson - Giggs

Owen - Berbatov​

Моја прогноза:
Стоук 0 - 1 Јунајтед
Нани :)

п.с

 
Член од
21 мај 2007
Мислења
32
Поени од реакции
0
најдов една интересна страна каде се пишани сите трансфери во премиер лигата од 1990 до денес .. можете да биде интересно : http://transferleague.co.uk/
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Можни состави:

Sorensen
Faye - Shawcross - Collins - Huth

Delap - Whelan - Whitehead - Etherington

Kitson - Fuller



Kuszczak
O'Shea - Vidic - Evans - Evra

Nani - Fletcher - Anderson - Giggs

Owen - Berbatov​

Мислиш дека Руни нема да биде во првиот состав? Чисто сумњам, единствено нешто што би спречило да не игра во стартниот состав е можна повреда (не дај Боже) или отсуство поради картони... :toe:
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Ќе играат Руни-Бербатов, а можно е и Овен.Руни не играше против Волвс, така да 101% игра во стартните 11 против Стоук :)
Фергусон сеуште има доверба во Фостер, голманот ќе биде стартер против Стоук
Сер Алекс Фергусон потврди дека Бен Фостер ќе биде стартер за Манчестер Јунајтед на дуелот со Стоук Сити
Се навестуваше дека е можно Томас Кушчак да го има првиот старт во Премиер Лигата откако ја сочува мрежата незатресена при победата над Волвс во Карлинг Купот.


Сепак Феругосн му даде јавна поддршка на Бен Фостер, откако тој имаше катастрофален ден на градското дерби со Сити и голманот утре повторно ќе биде стартер на дуелот со Стоук.


“Беше добра можност за Томас да игра во среда но Бен ќе биде на голот на утрешниот натпревар.” – рече Фергусон на денешната прес-конференција.


“Бен нема големо искуство но ќе биде ОК.”


Во меѓувреме, Ферги потврди дека првиот избор за голманската позиција, Едвин ван дер Сар ќе биде отсутен уште три недели.


“Сеуште чувствуваме дека ќе му бидат потребни три недели за опоравување.” – додаде Ферги пред да потврди дека ниту еден играч не заработил некоја нова повреда на последните два натпревари.


Сер Алекс исто така имаше пофални зборови за работата на Тони Палис во Стоук и очекува гостувањето на Британиа Стадионот да биде незгодно.


“Стоук има одличен скор на домашен терен, и не сум изненаден од начинот на кој тие ја започнаа сезоната.”


“Тие се клуб во подем и ќе бидат тежок противник оваа сезона.”

Да бидам искрен и јас му верувам, прави некогаш некој глупи грешки, но верувам во него :)

Кристијано Роналдо сеуште го следи Манчестер Јунајтед
Португалскиот интернационалец открива дека сеуште го следи својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед кога има време

Роналдо признава дека сеуште сака да знае што се случува на Олд Трафорд и што прават неговите поранешни соиграчи.


Најдобриот Фудбалер во Годината според ФИФА помина шест години на Театарот на Соништата пред да се пресели ова лето во Реал Мадрид во светски рекорден трансфер вреден 80 милиони фунти (94 милиони евра).


Португалецот е задоволен што неговиот сонародник Нани, сега добива повеќа шанса за настап и му дава поддршка да стане ѕвезда во дресот на Црвените Ѓаволи.


“Секогаш кога можам се обидувам да ги гледам натпреварите на Манчестер Јунајтед на телевизија.” – рече Роналдо за Daily Mirror.


“Сеуште сакам да знам што се случува на Олд Трафорд. И покрај тоа што сум во Реал среќен сум кога ќе дознаам дека Јунајтед победил.”


“Исто така гледам дека Нани игра многу повеќе отколку минатата сезона кога јас бев таму. Тоа е добро за него и тој ќе има голема корист од тоа.”


“Сега има повеќе можности и ќе може да им покаже на фановите колку добар фудбалер е. Сеуште се слушаме по телефон и добро е што фановите на Јунајтед почнуваат да го ценат.”


“Нани е одличен фудбалер. Тој може да прикаже многу повеќе и сигурен сум дека за неколку години ќе биде помеѓу најдобрите фудбалери во светот.”
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
и да Фостер пак ке биде на голот бидете сигурни
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.842
Поени од реакции
22.879

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.828
Поени од реакции
11.460
Јас едвај чекам Харгривс да се врати да им ги искрши нозете, рацете и главите на сите!
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
“Сеуште сакам да знам што се случува на Олд Трафорд. И покрај тоа што сум во Реал среќен сум кога ќе дознаам дека Јунајтед победил.”


“Исто така гледам дека Нани игра многу повеќе отколку минатата сезона кога јас бев таму. Тоа е добро за него и тој ќе има голема корист од тоа.”


“Сега има повеќе можности и ќе може да им покаже на фановите колку добар фудбалер е. Сеуште се слушаме по телефон и добро е што фановите на Јунајтед почнуваат да го ценат.”


“Нани е одличен фудбалер. Тој може да прикаже многу повеќе и сигурен сум дека за неколку години ќе биде помеѓу најдобрите фудбалери во светот.”
Ова ми се свиѓа, а не нашите што се гледаат еднаш во 2 месеца и се тепаат по тренинзи:toe:
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.091
Поени од реакции
1.652
Еве и на блогот

Фостер стартер против Стоук

Сеуште го сакам Јунајтед - Роналдо


Тевез треба да учи од Роналдо за однесувањето.Дава изјави против тимот и Фергусон па после бил изненаден од однесувањето на фановите.:pop:

Заради ваквите изјави и професионалното однесување, нема да биде исвиркуван од фановите како Тевез.

Мислиш дека Руни нема да биде во првиот состав? Чисто сумњам, единствено нешто што би спречило да не игра во стартниот состав е можна повреда (не дај Боже) или отсуство поради картони... :toe:
Сепак, играше во сите натпревари досега и заслужува одмор за стореното, иако е во врвна форма.Ова се полесни натпревари кои ни следат и според мене би требало само да влезе ако биде густо и да им се даде шанса на Овен и Берба да се стават во форма, за да имаме фантастичен напад и повеќе опции, бидејќи играме во ЛШ,ПЛ,Карлинг и ФА куп, а Ферги обожава да прави ротации.Сепак, само мое мислење.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Имаме примено 8 гола од старт на сезоната а уште септември не е завршен и се` поради дрвоно Фостер. :nerv:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.828
Поени од реакции
11.460
Ќе го кикне Капело а и Ферги ако продолжи да се понаша ко Бајага на гол...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom