Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Како што веќе еднаш реков видеото со сите голови од минатата сезона е готово и изнесува 620 МБ. Е сега, дознав дека во интернет сообраќај кај мене се сметало и download и upload заедно, а јас мислев дека имам по 4 ГБ за двете. Е сега дали има стварно заинтересирани (барем 5) за да го ставам видеово на rapidshare оти некако не ми се даваат лесно 620 МБ за upload.
Ставањето на рапид шер е веќе аплоуд :smir: поарно дај го на цд на некој познат да го прикачи :)
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.774
Поени од реакции
43.978
Пак не поврзуваат со Силва и Агуеро. :vozbud: Се надевам дека барем еден од нив ќе потпиши за нас.:smir:
http://uk.eurosport.yahoo.com/02082009/58/transfers-view-liga-stars-right-united.html
За Агуеро мислам дека тешко ќе биде...35 мил. нема шанси да прифатат Валенсија..Мислам дека прво треба да се cконцентрираме на Силва,па после да тргнеме по Агуеро..:)
 
Член од
23 јули 2009
Мислења
122
Поени од реакции
4
За Агуеро мислам дека тешко ќе биде...35 мил. нема шанси да прифатат Валенсија..Мислам дека прво треба да се концентрираме на Силва,па после да тргнеме по Агуеро..:)
Се сложувам:smir:А кога играме со Валенсија?
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.896
Поени од реакции
22.976
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Виде Ферги што ни фали во составот...Се надевам дека Агуеро ќе пристигне..
Е ај кај ке го ставиш агуеро??? Руни, Берба, Овен доста се, ги имаме и Македа-кој многу добро се покажа на пријателскиве, Велбек кој има доста потенцијал, и новиов дечко Диуф.
За крило е иста работата - Нани и Валенсија би играле прв состав тука се и Парк и Тошич(од кој очекувам доста), уште Обертан е тука од кој и не треба да се очекува многу во првата сезона, и покрај нив и Велбек може да игра крило, а да не заборавиме сепак на Гигс која му е природна позиција иако ретко ке го гледаме на лево крило поради староста(читај бавноста).....
Од централните играчи во средниот ред, очекувам Андерсон да игра многу повеќе заедно со Керик а тука се уште и Гигс, Сколс, Флечер,Гибсон(кој знае и крило да игра) од есенва можеби ке се врати и Харгривс.
Во централната одбрана Рио и Немања се незаменливи, замени Еванс, Браун и по некоја минута во ФА купот и Cathcart.
од бековите ги имаме Евра и Рафаел за во прв состав, можеби Браун место Рафаел, се зависи од тактиката на Ферги, уште тука се Фабио(како замена за Евра) и Невил кој сеуште може да изигра добра партија и можеби Де Лает. Уште додајте го и О'шеј кој може да игра буквално на секоја позиција....
Од Голманите Ван дер Сар e незаменлив, повеќе шанси ке добива Фостер и по некоја минута и Кушчак но за наредната сезона мора да се земе еден квалитетен голман.
Сите позиции се добро покриени, Имајте во предвид дека ке се игра оваа сезона стрикно 4-4-2. Ја сум задоволен со составот ако се купува друг играч мора некој да си оди пошто ке има премногу борба за места во тимот што би ја нарушило атмосферата :smir:
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.896
Поени од реакции
22.976
Нани не го ставам прва постава...треба да се докаже..
 
Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653

Имаме добра одбрана, истата е од лани, но со поголемо искуство посебно за Фабио и Рафаел за кој можам да кажам дека ќе се достојна замена за секој играч од првата постава иако не би ме изненадило Рафаел да започне повеќе натпревари од Браун и можеби О'Шеј.

Крилните позиции се најдискутабилни. Го имаме новиот Валенсија кој ветува после Ауди купот но сеуште е многу рано за да се коментира за неговиот допринос во нашата игра. За Нани оваа е сезоната на одлука, или ќе покаже дека вреди да го носи нашиот дрес или ќе биде продаден (се надевам ќе се случи првово). Нани заслужува шанса и поголема минутажа која ќе ја добие оваа сезона, останатото е на него. Тошиќ секако ќе добива по некоја минута во Премиер и поголема во ФА и Карлинг купот и со планираниот негов развој мислам дека ќе биде сосем солиден играч. За Обертан стварно ќе чекам да го видам на неколку натпревари па после да коментирам, зашто 10 минути изгледани од него на јутјуб не е доволно да се даваат некои коментари. Само ќе кажам дека несомнено има квалитет кој се надевам ќе го покаже кај нас. Парк е лав на теренот и иако некогаш знае да се загуби ма теренот сепак неговата брзина, дриблинзи и напорната работа го прават еден од најкорисните наши играчи.

За централниот среден ред мислам дека имаме доволно играчи. Во прва постава би ги ставил Керик и Андерсон кој мислам дека полека созрева во еден добар играч кој оваа година ќе покаже многу повеќе отколку претходната сезона. Флечер очекувам да има добра сезона ако ништо повеќе барем да ја има ланската сезона кога изигра многу добро. Со враќањето на Харгрејвс ќе биде како да имаме ново засилување и со малку повеќе среќа да остане фит мислам дека ќе немаме проблеми во овој дел од теренот сметајќи секако и на Гибсон, Сколс и Гигс тука секако кој и на 35 години игра како во најдобрите денови.

Што се однесува до голманите ВДС е незаменлив и се надевам ќе има уште една одлична сезона. Искрено ако Фостер сака да биде негова замена ќе мора да покаже многу повеќе отколку до сега или бројот два ќе му биде загарантиран.

Нападот мислам дека е комплетен, спој на младост и искуство. Се надевам на многу голови.

Ако нешто ме загрижува тоа се головите кој ќе треба да дојдат од средниот ред. Минатата сезона еден тип од португалија даде 25-26 гола во сите конкуренции. Тоа се голови кои дојдоа од средниот ред, а оваа сезона мислам дека ќе ги нема од еден играч, туку целиот среден ред ќе треба да 'нагази' и со колективен напор да даде максимум во нападот. Тука пред се мислам на Андерсон, Нани и Валенсија и можеби Парк.

Се надевам и оваа година ќе постигнеме многу голови и ќе се радуваме на барем два трофеи.
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Многу очекувам од Нани оваа сезона.....:smir: дечкото е голем талент./...:pipi:
 
N

navivacka

Гостин
И јас како и сите очекувам од Нани ова сезона да се докаже,на пријателските играше супер...ке видеме на стартот на сезоната како ке игра, се надевам дека нема да не разочара...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom