Е ај кај ке го ставиш агуеро??? Руни, Берба, Овен доста се, ги имаме и Македа-кој многу добро се покажа на пријателскиве, Велбек кој има доста потенцијал, и новиов дечко Диуф.
За крило е иста работата - Нани и Валенсија би играле прв состав тука се и Парк и Тошич(од кој очекувам доста), уште Обертан е тука од кој и не треба да се очекува многу во првата сезона, и покрај нив и Велбек може да игра крило, а да не заборавиме сепак на Гигс која му е природна позиција иако ретко ке го гледаме на лево крило поради староста(читај бавноста).....
Од централните играчи во средниот ред, очекувам Андерсон да игра многу повеќе заедно со Керик а тука се уште и Гигс, Сколс, Флечер,Гибсон(кој знае и крило да игра) од есенва можеби ке се врати и Харгривс.
Во централната одбрана Рио и Немања се незаменливи, замени Еванс, Браун и по некоја минута во ФА купот и Cathcart.
од бековите ги имаме Евра и Рафаел за во прв состав, можеби Браун место Рафаел, се зависи од тактиката на Ферги, уште тука се Фабио(како замена за Евра) и Невил кој сеуште може да изигра добра партија и можеби Де Лает. Уште додајте го и О'шеј кој може да игра буквално на секоја позиција....
Од Голманите Ван дер Сар e незаменлив, повеќе шанси ке добива Фостер и по некоја минута и Кушчак но за наредната сезона мора да се земе еден квалитетен голман.
Сите позиции се добро покриени, Имајте во предвид дека ке се игра оваа сезона стрикно 4-4-2. Ја сум задоволен со составот ако се купува друг играч мора некој да си оди пошто ке има премногу борба за места во тимот што би ја нарушило атмосферата :smir: