Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Јас сакам мојот клуб да освојува трофеи да биде прв секаде несакам да биде трети или четврти а зошто затоа што не им се троши пари а се фалаат дека имаат 100 милиони фунти за трошење:toe:Па троши..
Манчестер освојувал и ке освојува трофеи
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.626
Поени од реакции
6.433
Ферги го носи Качар од Херта како замена за Сколс

Манчестер Ј. е подготвен да плати сума од 12 милиони евра за српскиот играч од средината на теренот, Гојко Качар кој моментно е фудбалер на германска Херта. Веста во најновиот број ја објави тиражниот весник „Билд“, дополнувајќи дека менаџерот на Јунајтед, Фергусон, во Качар гледа заменик за ветеранот Пол Сколс.
Скаути на Манчестер Ј. ги следеле настапите на Качар на ЕП во Шведска и останале задоволни од она што го прикажа српскиот репрезентативец. Покрај Манчестер Ј. за услугите на Качар во моментов се заинтересирани и екипите на Лацио и Фиорентина.
Качар потекнува од фудбалската школа на Војводина, од каде и замина во Херта во 2006 година. „Билд“ истакнува дека луѓето од Херта ја разгледуваат понудата на Манчестер Ј., а разврската ќе се знае во скоро време.


Балкански дрим тим :wink:
сите срби ке ги донесе ферги.само колку години е овој? :smir:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.794
Поени од реакции
44.077
Добар фудбалер е Мајкл Овен и постигнува голови,иако претходнава сезона не му беше баш најдобра..Јас верувам во неговите можности и мислам дека ако добива шанса 10 гола ќе постигне обавезно...
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.359
Поени од реакции
701
Бо кејфој сум.... :)

Новиот Тети шерингам...или Хенрик Ларсон..во Јунајтед...
Иземајќи ја последната сезона во нјукасл , Мајкл Овен секогаш играл за победници ,за екипи со големи амбиции- така да дечкото е роден победник...

Е сеа поранешен е скаусера...али јгб - најголем мерак ќе ми биде кога ќе се појави на Коп ...со наш дрес врз него...

Колку шо сум информиран и Евертон му понудиле добар договор (со поголема плата од нас) - ама чим повеќе размислувал за нас ,значи дека сеуште има големи амбици...а сепак и толку добар напаѓач незаслужува да се пензионира без титула во премиерлигата-таак единствено со нас може да го напрви тоа!!!

Денес Ферги ќе види -ако е подготвен за настап и ако е добар со здравјето...мсилам дека добиваме големо засилување.....многу подобро од сите претходни кои се поврзуваа со нас досега !!!
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.626
Поени од реакции
6.433

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.359
Поени од реакции
701
Еве што вели статистиката за тандемот Руни -Овен

Games together: 29

Rooney: 12 goals

Owen: 11 goals

Rooney mins per goal: 163

Owen mins per goal: 197


Мислам Фергусон ја исправува грешката на капело ,при изборот на напаѓачки тандем!!
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.739
Поени од реакции
11.618
Кога ќе размислам подобро, добро е да го земеме, и така е без пари, и ич да не заигра, никому ништо.
Се надевам нема да се повредува толку често, и ќе знае да бапне по некое голче.


Ова не е официјално, не читаш дека пишува Papers ?
 

4Man

...
Член од
14 јуни 2009
Мислења
46
Поени од реакции
1
Алекс Фергусон го сака и Златан Ибрахимовиќ
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон, наводно е многу „загреан“ по Златан Ибрахимовиќ, кој ова лето може да се случи сепак да го напушти Интер

Или Ибрахимовиќ ќе остане во Интер или ќе замине за Манчестер. Тоа се единствените опции во неговата блиска иднина, напиша италијанскиот весник Кориере дело Спорт, кој повторно ја актуелизираше приказната за заминувањето на Ибрахимовиќ од Интер. На крајот од мината сезона Ибро самиот изјави дека сака да го напушти Интер, но Барса и Реал, тимовите кој беа најмногу загреани за Ибро, се откажаа од купувањето на најдобриот играч на Интер. Во меѓувреме Барсеона се заврте кон Давид Вила, а Реал го купи далеку поевтиниот Карим Бензема. Но во приказната се замеша Манчестер Јунајтед. На Сер Алекс Фергусон, со заминувањето на Кристијано и Тавез му се преполови составот и еднинствено што сега му остана се парите. Голема е дупката во неговиот напад и Јунајтед ова лето едноставно мора да донесе некое големо име за да ги задоволи навивачите.
Фергусон работи на донесувањето на Овен, но без сомнение, тој во соблекувалната повеќе би сакал да има еден Златан, иако медиумите во Англија напишаа дека Манчестер попрво би го донел Агуеро од Атлетико Мадрид.
Околу целата оваа приказна се уште не се огласил Мурињо, кој најверојатно ќе полуди доколку биде приморан да го продаде Златан. Тој на клубскиот газда, а и на самиот Ибрахимовиќ им кажал дека до 2-ри јули мора да го знае комплетниот кадар со кој ќе располага за да може да стартува со подготовките.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Манчестер Јунајтед ни направи голема услуга со тоа што го зема преплатениот Овен. Навивачите на Њукасл можат да ви бидат благодарни.
Мислам дека нема баш да се снајде ни во Ман Ј. затоа што ќе има премногу натпревари во сезоната, а знаејќи го колку е склон на повреди, Фергусон си ги фрла парите во ветар, место да си го купи Хунтелар или некој друг од екстра класа.
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
Манчестер Јунајтед ни направи голема услуга со тоа што го зема преплатениот Овен. Навивачите на Њукасл можат да ви бидат благодарни.
Мислам дека нема баш да се снајде ни во Ман Ј. затоа што ќе има премногу натпревари во сезоната, а знаејќи го колку е склон на повреди, Фергусон си ги фрла парите во ветар, место да си го купи Хунтелар или некој друг од екстра класа.
1. Овен доаѓа како слободен агент, не плаќа Јунајтед никаква отштета
2. Платата му е 50 000 фунти неделно, а во Њукасл му беше 115 000

Не гледам каде ги фрла парите во ветар Фергусон
 
Член од
1 август 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
37
Само да не станеме како милан
 

Attachments

Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.626
Поени од реакции
6.433
Манчестер Јунајтед ни направи голема услуга со тоа што го зема преплатениот Овен. Навивачите на Њукасл можат да ви бидат благодарни.
Мислам дека нема баш да се снајде ни во Ман Ј. затоа што ќе има премногу натпревари во сезоната, а знаејќи го колку е склон на повреди, Фергусон си ги фрла парите во ветар, место да си го купи Хунтелар или некој друг од екстра класа.
анчестер не ви прави никаква услуга.Овен е слободен играч и може да оди каде сака без оштета.и не се секирај за повбредите.нема да игра по 5 утакмици по ред,има и други напагачи кои ке добиваат шанса :vozbud: :smir:

Само да не станеме како милан
зошто да станеме како милан?купивме еден играч од 29 години и право како милан....:nenene:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom