Оваа прилика ја користам да им ја честитам 18тата титула на тимот кој што го сакам, навивам и секогаш подржувам, како и на стариот лисец во кого се крстам...а секако и на сите навивачи, луди фанатици, пациенти, тешки случаеви итн...
И повеќе не гледам англиско....од следната сезона, нека играат сите тимови освен Јунајтед...па на крај победникот од тие екипи ќе игра против нас во финале за ПЛ шампион
Што се однесува за 27ми...цврсто сум убеден дека Тевез ќе ја реши утакмицата, па Ферги има да плати еден грст пари за да го купи...ќе се види колку вреди дечкото за овој тим...околу Берба не правам муабет...некни ме искења некој овде дека некој друг бил организатор...хммм јас сепак мислев на натпреварите кога игра Димче...
Премногу емоции ми се измешаа вчера и сеуште сум во транс по победата...и никој веќе не може да ме разубеди нити пак постојат најмали шанси, тие скапаниците од мерсисајд, да направат било каков потег...20 години немаат титула, нема ни уште 20 да видат...зошто не се голем тим...толку јадење гомна цела сезона, за вице-шампиони на крај, ми делува како очајно патење и гаење лажни илузии на толпа напатени пешлачиња, кои од роџења не виделе како изгледа освојување на титула па си прават филм....како еден ден можеби ќе го видат тоа...сон!
Glory Glory Man Utd