Ајде доста со таа Барса овде,ова е Манчестер Јунајтед фан клуб,дај да прекинеме...
Интересна изјава на Рио
Фердинанд: Меси не би се изборил за место во нашиот тим
http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/6228/rio_280x390_478470a.jpg По синоќешното демолирање на Арсенал, Рио Фердинанд веќе гледа кон големото финале. Не сакал да каже кој противник го посакува, но го прокоментирал најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси. Според него, Аргентинецот не би се изборил за место во првиот состав на "црвените ѓаволи". Се обидел да го спореди со Кристијано Роналдо, кој вчера два пати ја затресе мрежата на Алмунија.
"Мислам дека Кристијано Роналдо е подобар и дека ја заслужи титулата најдобар играч на светот. Многумина зборуваат за разни играчи, дека токму тие се најдобри, но јас сум задоволен со нашиот кадар. Не би менувал ниту еден играч од првите 11 фудбалери на Манчестер" - објаснил рефпрезентативниот дефанзивец, додавајќи:
"Го следам внимателно светскиот фудбал, а потоа ги гледам и играчите во нашата соблекувална. Среќен сум што сум тука."
Фердинанд се осврнал и на претстојниот викенд и градското дерби против Сити.
"Тешко е нешто да се планира. Можеме да славиме против сити, но и да ги изгубиме следните три меча. Се е можно. Ќе биде тоа тежок натпревар и ќе биде тешко да триумфираме. Сити во последните неколку меча ниже победи, па против нас ќе заиграат со многу повеќе самодоверба." - заклучил Фердинанд.