Тука сум и јас
. Малку задоцнето, но тоа е заради еуфоријата од синоќешниот спектакл. Најпрво честита победа и пласман во финалето, а воедно и честио нова тема. Поздрав до Чомбе за убавиот вовед. Ќе се потрудиме сите ние во иднина да збогатуваме тука со квалитетни коментари со цел ова да биди уште поквалитетна тема од предходните досега. Мора така затоа што тоа го заслужува Манчестер, тоа го заслужувате и сите вие фановите на Манчестер. За синоќешниот натпревар би пишувал и цела страница убави зборови, но ќе бидам пократок затоа што сеуште трае еуфоријата. Како да нема еуфорија? Зарем е тоа можно кога синоќа гледавме фудбал од учебниците. Она што Роналдо го правеше синоќа, не само што не може никој да го направи на теренот, туку и тешко се монтира на компјутер како анимација
. Сведоци бевме на нешто натприродно, нешто за кое што треба да се запрашате дали е ова сон или јаве? Ќе ве молам (не вас, фановите на Манчестер,) туку сите оние антиманчестеровци (кои би сакал да ги нема овде, ама знам дека тоа е тешко), да се потрудите
ДА НЕ ЧИТАМЕ понатаму да кажувате и да го споредувате Роналдо со ниеден фудбалер. Роналдо е фудбалски робот, последно чудо на природата и нема конкуренција ама баш со никој. Тоа го покажа синоќа, не дека даде два гола, тоа е негова рутина, туку дека си поигруваше со сите и правеше натприродни прецизни акробации кога што ќе посакаше, и како ќе посакаше. Комплетно цел тим без никаков кикс, го надигра Арсенал и покажа дека Манчестер е фубалски ГИГАНТ. Незнам дали ќе ме поддржите во моето мислење дека фаулот од Флечер не беше за црвен картон. Точно е дека беше пенал, ама можеше само со жолт да помоне. Прегледајте ги снимките и ќе видите дека сум во право. Жалосно за Флечер кој толку многу се труди и во последно време е во фантастична форма, ама тоа е, не може ништо да се стори. Да не должам, уште еднаш да испратам честитки за оваа фантастична претстава, која никој не го остави рамнодушен. Денес сите ги слушам по улица како викаат дека се навивачи на Манчестер :pos2:.
Сакајте го и понатаму клубот од соништата, убиствената машинерија, светскиот фудбалски гигант, професор за модерен фудбал и синоним за фудбалска стратегија,
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД!!!