Вранишковски и владиката Петар роварат во Австралија

Член од
4 мај 2009
Мислења
209
Поени од реакции
9
Ако е точно дека Петар е потписник на нишката декларација тогаш тој човек е тотално несоодветен да биде во дипломатска мисија во Австралија!!! Не се до толку во МПЦ недоветни па тоа да не го знаат!
И покрај официјалните податоци од државните органи на Бугарија, сеуште во Македонија има луѓе што одбиваат да веруваат дека Љубчо Георгиев е блгарски гражданин. За Петар пак, своевремено сите македонски весници ја објавија целосната содржина на нишката спогодба, но за оние на кои им треба потсетување, бујрум копија:





Обрнете внимание на следното: во текстот на договорот стриктно се одбегнува да се спомне терминот “Македонска Православна Црква“. Место МПЦ, се вели “Православната Црква во Република Македонија“, “Црквата за која станува збор“ и слично. Понатаму се вели дека “Црквата за која станува збор“ согласно со традицијата го носи името Охридска Архиепископија, и дека “поглаварот на Црквата за која станува збор“ ќе се нарекува Архиепископ охридски и митрополит скопски.

Со спогодбата великодушно им се допушта на “Црквата за која станува збор“ и на нејзиниот поглавар за внатрешна употреба да ги користат називите што досега ги користеле. Разбира се, како од огин се бега од тоа да се спомен кои се ти е називи.

Се на се, фамозниот нишки договор е двојна формула за бришење на македонското име во споредба со која перверзиите на Бакојани, Нимиц и Фрчковски се детска игра.

Само луд или слеп може да го поддржува владиката кој од име на “Црквата за која станува збор“ е прв потписник на овој договор, во она што сака да го постигне во Австралија - целосна и апсолутна контрола врз црковните имоти и црковниот живот воопшто. Откако ќе елиминра секаква опозиција, Петар би имал реална можност во кој момент ќе посака докрај да го спроведе договореното.

За Мисирков: ова ѓубре не е за почитување и не смее да се почитува, брату.
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Mnogu vistiniti fakti tuka se kazani megutoa sepak ne ste do vistinskta cel. Prvo ke se navratam na nekoj sto plukaa po Altin i ke kazam deka toj e eden covek koj sto za vreme na graganskta vojna se ima vrateno vo Egejska Makedonija za da se bori protiv grcite i zatoa drugo ne treba da se komentira.Drugo fakt e deka Petar ne e bas najidealna licnost ali da se razbereme sepak toj e samo licnost koj sto e pusten od MPC koj sto utre moze da bide nekoj drug, znaci tie od kompaniite utre ke imaat problem so nekoj drug Petar ili Stanko, ranko....Znaci bez plukanje po licnosti, ovoj problem ne e problem na licnosti a trae poveke od 12-13 godini. Petar e samo licnost koj sto se najde vo dadenava situcija. Znaci problemot moze da se kazi ili bara tamu nekade okolu koj da gi kontrolira parite ili imotite, sto ne znaci deka tie od t.n. kompanii parite gi zloupotrebuvaat za svoi privatni potrebi. Tie sponzoriraat aktivnosti sto se povrzani so makedonskta aktivnost vo celina i vo Avstralija i Makedonija. Vo isto vreme tie ne mnogu veruvaat na vrvot na MPC poradi pregovoite so SPC,bidejki se plasat da ne se vrati crkvata pod srpska jurisdikcija.
Kako zaklucokok: Problemot ne megu licnosti tuku vo celata bitka se koristat site sredsva pa ima mnogu proaganda koja doaga do narodot i zatoa obicniot citael ili vernik tesko moze da go sogleda kade e problemot pa na povrsina izleguvaat sekakvi muabeti samo ne i vistinskiot problem.

I ke zaboravev sto se odnesuva za Zoran, ne mesajte go toj vo Avstralija nema sansi.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.822
Поени од реакции
12.317
Значи во крајна линија се е за пари и профит. Можеби тие што се судат и спорат за ова би требало да се угледаат барем малку на некој кој дава, а не бара ништо назад, не бара да контролира дел од црквата. Постојано при ова ми паѓа на памет едно име-Тоше, но сигурно има и други вакви примери (Гуштеров, Костовски). Даваат, градат, но не бараат контрола и акции од МПЦ. Можеби преголемо учество во овој спор има материјалниот аспект.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
209
Поени од реакции
9
Постојано при ова ми паѓа на памет едно име-Тоше, но сигурно има и други вакви примери (Гуштеров, Костовски). Даваат, градат, но не бараат контрола и акции од МПЦ.
Нема шанси. Знаеш што би се случило кога Гуштеров или Костовски би изградиле црква во Австралија? По експресна постапка Петар би ги дал на суд, и би започнал со пропаганда дека бараат контрола и акции од МПЦ. Со луѓето од Австралија кои давале се од себе за да се изградат македонски цркви Петар постапува буквално на тој начин. Ги напаѓа без никакви обзири ниту респект, со најдолни средства и методи.

Можеби тие што се судат и спорат за ова би требало да се угледаат барем малку на некој кој дава, а не бара ништо назад
Исто како да си рекол: “брат Љубе не требаше да се суди и спори во Хаг. Требаше да се угледа на Бучковски и да почне да дава македонска земја без да бара ништо назад, а не да изигрува херој и да се бори против оние што убиваа и касапеа македонски војници“.

Тие што “се судат и се спорат“ се на суд заради тоа што како обвинети мора да се појават на суд за да се одбранат. Ако не се појавиш на суд, автоматски му даваш можност на тужителот (Петар)
наредниот ден да ти испрати судски извршител кој ќе ти чукне на врата со налог за принудна наплата на цехот. Не заборавај дека Петар по австралиските судови се однесува како да има подигнато хипотека од десет хотели “Изгрев“. На располагање му се најскапите адвокати и правни услуги, и биди сигурен дека “божјиот човек“ не се ни обидува нити помислува да штеди на адвокатски трошоци. Обичен македонски човек кој дваесет години црнчел во Австралија за да отплати една куќа или стан не си го може со Петрета. Не е еден кој, сакајќи или не, се има изгорено од него.

Можеби преголемо учество во овој спор има материјалниот аспект.
Материјалната страна е доста битна. Како резултат на судските активности на Петре, македонската заедница во Перт го има изгубено културниот дом. Имотот на МПЦО “Света Петка“ е драстично смален. Културниот дом “Свети Илија“ од Футцкрај е даден под наем како угостителски објект за да може да се отплаќаат долговите. Секако за историјата би било интересно ако некој се потруди да ги собере податоците за финансиските резултати од сите тужби на Петар по австралиските судови.

Но, нематеријалното е исто така битно. Света Петка не само што ги изгуби придружните објекти, туку се случи и нешто друго, многу значајно. Од центар кој беше збиралиште на Македонците, сега тоа е запустено место. Не само во Света Петка, туку и ширум Австралија општествениот живот на македонската заедница е замрен. Нема ниту дел од онаа сила,влијание во државата и полет што постоеше на почетокот од деведесеттите години, пред да биде Петре назначен за митрополит австралиски. Место борба за македонското, сега има само судири меѓу оние кои веруваат во лагите на Петар и оние кои успеваат да прогледаат преку нив.

Нека му е на чест.
 

Јордан Мијалков

Вмро Засекогаш
Член од
8 март 2009
Мислења
228
Поени од реакции
15
За да нема корупција во МПЦ потребно е да влезе во Унија со Ватикан.Под раководство на Папата нема да можат поповите и владиците да ги трошат народните пари:toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.822
Поени од реакции
12.317
А Ватикан саде домаќини и невини :) Тие не трошат милиони, тие трошат цифри кои овде не можат да се опишат. Со многу нули.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
За да нема корупција во МПЦ потребно е да влезе во Унија со Ватикан.Под раководство на Папата нема да можат поповите и владиците да ги трошат народните пари:toe:
и ке увеземе педофилија...ама ако мислам попозитивно ке биде сега засега сојуз со ватикан и признавање од нив отколку од овие кои се прават православни а спроведуваат сатанска(значи нехристијанска)нечесна игра:toe:
 

Јордан Мијалков

Вмро Засекогаш
Член од
8 март 2009
Мислења
228
Поени од реакции
15
А Ватикан саде домаќини и невини :) Тие не трошат милиони, тие трошат цифри кои овде не можат да се опишат. Со многу нули.
Трошат за сиромашните луѓе преку Каритас,прават цркви каде е потребно и не се оженети.А нашите крадат за жени,деца за внуци,едноставно од поп сака да стане бизнисмен и од него да живеат 3 поколенија:toe:

и ке увеземе педофилија...ама ако мислам попозитивно ке биде сега засега сојуз со ватикан и признавање од нив отколку од овие кои се прават православни а спроведуваат сатанска(значи нехристијанска)нечесна игра:toe:
Педофили има насекаде па дури и во Православието кај монасите.И тие се живи луѓе имаат потреби неможат цел живот да :drk:,мора малку :sekss:.

:pos2::pos2:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.822
Поени од реакции
12.317
Трошат за сиромашните луѓе преку Каритас,прават цркви каде е потребно и не се оженети.
Каритас? Хуманитарни... да, да. Преку истите тие хуманитарни се водат воените конфликти... ене кај нас што правеа хуманитарците од запад.
А за дали МПЦ дава или помага, еве линк, прочитајте. Толку негативна енергија кон своја црква, а пофалби за други немам видено.
http://www.preminportal.com.mk/
 

Јордан Мијалков

Вмро Засекогаш
Член од
8 март 2009
Мислења
228
Поени од реакции
15
Каритас? Хуманитарни... да, да. Преку истите тие хуманитарни се водат воените конфликти... ене кај нас што правеа хуманитарците од запад.
А за дали МПЦ дава или помага, еве линк, прочитајте. Толку негативна енергија кон своја црква, а пофалби за други немам видено.
http://www.preminportal.com.mk/
Каритас е служба за помош низ цел свет па и во Македонија колку што знам.А католиците имаат подобра црковна власт од православните.
Католици-еден поглавар за цел свет.
Православни-секоја земја свој поглавар
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Каритас е служба за помош низ цел свет па и во Македонија колку што знам.А католиците имаат подобра црковна власт од православните.
Католици-еден поглавар за цел свет.
Православни-секоја земја свој поглавар
суштината е дека на нашата црква и треба поддршка баш сега поради пропагандата на овие...сатанистите
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Каритас е служба за помош низ цел свет па и во Македонија колку што знам.А католиците имаат подобра црковна власт од православните.
Католици-еден поглавар за цел свет.
Православни-секоја земја свој поглавар
Тоа е и главната причина за поделбата на овие две цркви, ватикан сакаше апослутна власт, а византиската не сакаше да ја даде. И се поделија. Е сега римокатоличката многу брзо напредна на сметка на православната.

суштината е дека на нашата црква и треба поддршка баш сега поради пропагандата на овие...сатанистите
Од кого подршка?

Ако мислиш од надворјас не гледам зошто на некоја црква воопто би и било битно дали некој друг ја признава или не. Не може црквата да добие ништо освен можеби малку шетање за поповите.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
не шетање ама непризнаена е ранлива на одметници ко овој зоран вранишковски:toe:
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
не шетање ама непризнаена е ранлива на одметници ко овој зоран вранишковски:toe:
Aбе каков Вранишковски. Проблемот ние го напраивме сами. Да му дадеа црква ќе банкротираше до сега со 10 луѓе не се прави религија.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Некој ја прочита ли Нишкава спогодба или само со меѓусебни филозофии се препукувате ...
види член 5, 14, 15
кои глупости еј ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom