Тоа за Петар го зборуваат не само во Австралија туку и десетина години порано во САД, меѓу другото.
Со еден збор, владиката Петар ја уништува македонската црковна заедница во Австралија. Тој ги подели црквите и ја чинеше истата таа заедница $5 милиони -- пари кои можеа да бидат испратени во Македонија за благородни цели.
Целта на Петар е да ги поседува црквите и имотот. Срамота е тоа што го прави.
За доброто на МПЦ и Македонија, владиката Патар треба под итно да биде сменет!
Братучед, ти благодарам за отворањето на темава. Јас живеам во Sydney Australia, и одам во нашите цркви. Сум бил и овде и во Мелбурн. Одењето во црква нема никакво значење со поповите, ако сака некој да си заврши некој обред, ке го направи во македонска, српска, бугарска, грчка или Руска црква. Не постои Нација пред Бога.. - сите се исти. (да не бидам погрешно разбран)
Јас сум од поновата генерација на македонци кои живеат овде, што пак ми овозможува да ги согледам проблемите од малце друг агол или аспект. Точно е дека има има голем спор кој се влече веке неколку години, и потрошени милионски суми на долари по судовите. ИМЕНО:
Станува тука за 2 система, или за два различни закони.
- Австралискиот кој дозволува да група или здружение на граѓани, да формираат црковна заедница, - црква, училиште, ис сите приходи се ослободени од било каква давачка (TAX FREE).
- Стариот наш канонски закон - обичај, каде ктиторот - градителот на црквата, ја гради за народот, и на денот на осветувањето на црквата, тој ги предава клучевите на епрхијата, од од тој момент нема никаква физичка или финансиска врска со приходот. (цел приход оди во епархијата)
Сега вистината е тука некаде помеѓу двете. Премногу ЕГО, и немање на слух за Диалог. На почетокот на 60те и 70те години, кога првите организирани иселеници од овие краишта почнае да пристигнуваат во Австралија, по некое време, тие почнале и да се организираат во црковни заедници. Средствата се собирани од народот, но некои од "сегашниве сопственици" имаат заложено куќи да за земат кредит и да ги изградат тие цркви. Од Австралиски аспект, тоа е ОК, и сега тие и имаат полно право на таа сопственост, исто како и инвестиција, да ги собираат парите од приходот.
Меѓутоа од духовен или од црковен аспект, тоа и не е баш црква.. Само да подсетиме, во македонија има прку 2000 црковни објекти, и манастири, изградени од луѓе владетели, цареви како и богати луѓе, но и тие на кои светци им дошле како појава - сон, со задача да почнат да градат.. НИДЕН од нив не се "ДРЗНАЛ" да си го побара кајмакот, или собере приходот од парите кои се оставаат таму за за здравје или за успех во животот или бизнисот.. Примери колку сакааш. почнувајки од пред ранохристијанскиот период, - до Самуила, крале Марко, Душан, па до сегашниве, Костовски, Мојот личен Кум, покојниот Тоше Проевски.. и многу други...
Така да, кога ке го кудите г.Петар или били кој од митополијата, само сетете се, вие одите во црква ЗАРАДИ ВАШИОТ ЛИЧЕН КОНТАКТ со Бога, а не заради некој поп, или митрополит или Вие претпоставувате дека се огрешиле пред Бога.. Не е ваше да СУДИТЕ (сетете се на библијата) - ваше е да бидете почитувани христијани, и чисти колку што може пред Бога..
Што се однесува до Зоран, да ви кажам - нема шанси, никој не е мутав овде, има луѓе кои се дојдени од Беломорска Македонија, и се уште паметат што значи Грчката Црква, Бугарската Егзархија, и Српската пропаганда..
Ако некаде е осуден на пропаст.. и како промашена работа на Зорана, е Овде да го пласира во Австралија.. Ако е толку смел, зашто Тој не дојде овде ??? ( не подлегнувајте на провокации).
Зоран би успеал пред во Македонија одколку во Австралија.