Не сум помешал ништо. Сосема добро ми се познати работите, и однадвор и однатре.
Прочитај ги моите постови повторно..!
се потрудив, прочитав, и еве на што ми остана вниманието:
неможе на било кој Митре или Ставре да му текне дека му се допаѓа или не некој владика.
За жал, може. Ако си подзаборавил, да те потсетам на тоа како гореспомнатиот Спасеновски и дружината му ја удрија клоцата на Тимотеј. Доколку си во тек со работите, сигурно ја памтиш хајката од напади, навреди, плукања, организираните насилнички напади со јаца и домати, недоличните писма и притисоци врз свештениците блиски до Тимотеј. Сигурно, исто така ја памтиш седницата на Синодот со која практично раководеше Боб Спасеновски, со тупаница на маса: “Тимотеј не може повеќе да биде владика во Австралија“. Сигурно и памтиш со колкава покорност и пиетет Синодот во целост ја исполни волјата на Спасеновски.
Истоа так, сигурен сум дека памтиш дека по преземањето на испразнетото владичко место, Петре веднаш покажа дека најмили од сите “верници“ во Австралија му се плукачите по Тимотеј. Сигурно и не си заборавил дека Спасеновски по милоста Петрева а поради заслугите во плукањето по Тимотеј стана првиот претседател на Петровата епархија.
Е, сега за тебе има уште едно прашање. Нели Тимотеј е владика на МПЦ, исто како Петре. Тогаш, дали плукањето по Тимотеј е плукање по МПЦ или не?
Ако одговорот е да, тогаш значи го осудуваш Петре како плукач по МПЦ. Ако пак одговорот е не, значи го одобруваш плукањето по владиците. Многу ме интересира кој е твојот избор.
Се на се, приказната е напишана одамна, пред повеќе од 2000 години. Кој ветар сее, бури ќе жнее. Како што спомна некој во првите денови по доаѓањето на Петре: “сега, штом научивме на кој начин се менува владика, го знаеме патот за натаму“.
Додека е во Австралија, Петре може само трње да собира, зашто тоа е единственото што го посеал. А човекот што ќе си посее, тоа и ќе си жнее, нели?