- Член од
- 15 април 2009
- Мислења
- 130
- Поени од реакции
- 39
Библијата е единствена книга. Се состои од шеесет и шест помали книги. Ги пишувале 40 вдахнати писатели, во период од 1.600 години, 1.500год пред нашата ера и 100 год. во нашата ера.Провери во (2 Тимотеј 3.16). Библијата е откровение од живиот Бог и има моќ да го менува човечкиот живот. Иако некои луѓе ја сметале за некорисна и безвредна а мнозина сакале да ја уништат, но сепак Библијата останува книга нај читана и нај продавана во светот. Повеќето од 39 книги на Стариот завет се пишувани на еврејски јазик.Истите подоцна се преведени на грчки јазик.Тој превод е познат како Септуагинта или ,,превод на седумдесетмина‘‘.Преводот е извршен во Александрија за потребите на Александриската библиотека. Работата почнала околу 285. год. пред Христа. Како што се верува, за тој превод дал налог Александар Македонски, посетуваќи го Ерусалим во 322. год. пред Христа, од пророштвото на Даниел дознал дека неговото царство ќе го урне Медо-персиското царство (види Јосиф Флафие:Старини, книга II, глава 8, отсек 5 ). Овој превод бил употребуван во Христово време.
Во текот на ископувањата во 1979-80 година во низа гробници што се наоѓаат покрај црквата св. Андреј, најужниот крај од долината Хином, во Ерусалим, е најден малечок сребрен свиток. На тој свиток е напишан благослов кој го изговорил свештеникот Арон, а денеска е изложен во Израелскиот музеј во Ерусалим:,,Господ нека те благослови и нека те чува! Господ нека погледне на тебе со своето светло лице и нека те помилува!Господ нека го сврти својот поглед на тебе инека ти донесе мир!‘‘(4. Мојсева 6,24-26). Овие зборови се напишани седмиот век пред Христа. Овој ракопис е најстар од некој библиски текст.