Секој град си има своја убавина. Од анкетава посетени ми се Виена, Амстердам и Париз.
Гласав според тоа кај би можела да престојувам јас подолго време.
Мојот глас го дадов за Виена. Преубав град, секое ќоше е исполето со знаменитости, феноменална историја, прекрасна архитектура, многу паркови и зеленило (она со што другите градови не можат баш да се пофалат). Би сакала повторно да го посетам.
Амстердам е убав град, специфичен, интересно е изграден меѓу тие каналчиња и постојано вештачки продолжуван. Многу малечки улички, ниски градби сите слични една на друга и премногу велосипеди како никаде на друго место во светов
А Париз е огромен град. Со богата историја, но сепак јас никогаш не би можела да живеам во него. Тој е град за посетување, за возвишување на прекрасните зданија, но за живеење преопасен. Би отишла пак зашто невозможно е цел да се посети и секогаш ќе имам убави сеќавања.
Исто така и Букурешт би го спомнала а го нема на анкетава. Многу интересен град, го нарекуваат мал Париз. Град кој може да се пофали со многу одлични градби, а посебно она што вечно ќе го помнам е нивната парламентарна зграда во која се беше позлатено.
Се надевам ќе имам шанса да ги посетам дожливиот Лондон, ладната Москва, топлиот Мадрид и секако Рим

Aх да и Прага и Будимпешта.
По слики сите градови се убави, сепак најдобро е кога ќе се посетат и ќе се увиди нивната убавина.