- Член од
- 28 август 2008
- Мислења
- 189
- Поени од реакции
- 5
Интересен е фактот што во средниот век за убава и посакувана жена се сметала полничка жена.
Сега е друго,нормално. Немам ништо против полните луѓе,не ми пречат,и поготово не се однесуваат така како шо погоре наведе Skapanica. Дечко,ти треба малце да внимаваш на речникот и преиспитај се себеси и своите понашања пред да коментираш (осетлива) тема. Толку за тоа. Да се вратам на темата. Дебелите луѓе се дебели(или изгледаат дебело) поради(колку шо знам до сеа) 3 причини: 1. нормално,од преухранетост,и нездрава храна. Мек Доналдс и сите тие глупости. 2. има луѓе на кои едноставно им е таква градбата или генот и изгледаат полни. 3. од хормонски лекови(знам многу луѓе,особено девојки кои пијат од разни причини)и притоа се "се издувуваат". Воглавно,дебелината е страшен проблем во Америка,каде се хранат со секакви вештачки ствари.Доколку се води грижа за начинот на кој се исхрануваат луѓето,вишокот килограми нема да биде проблем.
