Што ако не ја прифаќаат вашата врска?

МнмлЧупе

Форум зависник
Член од
9 јуни 2009
Мислења
92
Поени од реакции
6
Леле, мн лошо... Јас да сум на нејзино место не би му одела по газот на родителите туку ќе пробам да му објаснам дека стварно го сакам и дека ако се скарам ќе ми биди многу тешко и дека не можам да се замислам без него... Па ако стварно се решени да продолжат да зборат за то дека не ми е на ниво и дека треба да му се скарам, ќе разгледам некоја друга можна алтернатива пример да ги запознам (ако одиме подолго зш ако е кратко нема смисла) и сами да сфатат дали е добар чоек и дали е за мене... Се сомневам дека после то уште ќе трубат за скарвање ко ќе сфатат дека стварно го сакам и дека детето се труди да оди напред во животот, не е тој крив шо животот му сврти грб... Освен ако се родителите некои тешки снобој ех тогаш... не знам... :icon_frow
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Ми се случило. Неколку пати. И гадно е.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Fenomenalno Schmeker,Djordje Balasevic gomna da jade ova treba da odi kako kolumna vo Tea Moderna so tvoe slikce vo lev goren agol so soferska cvikera kako Trendo vo vremeto koga bese kolumnist.

Ne znam kako da izreagiram na postov ajde ako ostavime nastrana sentimenti znaci ovde se raboti za bezkarakterna licnost koja bi podlegnala na prvata poteskotija vo zivotot,kako sto i samiot kaza nejziniot zivot bil podreden taka da onaa samo gi golta gotovi zalacite, dodeka tvojot drugar bil susta sprotivnost od nea.

So Butterfly Effect da gi amputirame roditelite na devojkava odnosno nivnoto vlijanie jas pak mislam deka ovaa prikazna nema da ima happy end od pricina sto pri prvata poteskotija vo brakot ili vrskata koga ke se osamostojat(kako sto i samiot kaza na drugarot ne mu cvetale rozi koga molknel klimi i rabotel vo kafana), taa ke go pokaze svojot vistinski "karakter" i ke se povika na rozoviot svet koja go ziveela prethodno i bi otrcala kaj mama i tato doktori.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Девојката е многу амбициозна и успешна студентка. Родителите на девојката се наконтени и испувани суетни доктори коишто мислат дека правиот за нивната ќерка е некое дете од нивна класа.
Не знам кој би бил правиот за нивната ќерка. Ќе пробам оваа приказна да ја погледнам од неколку гледишта и да кажам зошто сметам дека раскинувањето и не е толкав проблем за такви страшни патетизирања и фрки...

Се ставам прво на местото на цурата - јас НЕ БИ БИЛА со некој кој имам чувство дека порано или подоцна ќе треба да го издржувам. Не се работи за дипломата од факултет, има еден куп кои успеале без никаков папир од образовна институција. Се работи за чувството кое го имам за некој, колку ќе направи во својот живот, колкави му се амбициите, дали би можеле заедно да ја одиме патеката. Цврсто сум убедена дека едиснтвениот начин да се има убава врска (подоцна и брак), е да се најде партнер со кои постои заеднички свет. Интелектуално, класно, сеедно... Заљубувањето е една работа, друга е реалноста. Порано или подоцна може да дојде моментот кога ќе ги фрлиме поглед на иднината која не очекува со некој и нема да сме задоволни од неа. Тука е првата можност за крај на врската, а причината која ја навела може да е било која, најверојатно најлесно самата пред себе би си се оправдала со родителското неприфаќање. Нејзините пијанства и одбивање да продолжи понатаму може да објасни на еден куп начини, меѓу кои и емотивната лабилност:)


На место на дечкото - сигурна сум дека тој од старт бил свесен дека влегува во врска со девојка која живее сосема поразличен живот од него. Не е само семејството проблемот, туку и друштвото, колегите од факултетот, интелектуалната дупка која се продлабочува како што девојчето напредува професионално а тој стагнира... Моментот кога тој би сфатил дека во потенцијалниот заеднички живот секогаш би постоела онаа напнатост дека едниот е позаслужен од другиот за она кое го имаат, дека тој не би можел да се најде во муабет со нејзините пријатели и колеги, и дека неа никогаш не би и било забавно со неговото друштво. Вредностите на двајцата кои стартно (кај нив двајцата додека сеуште биле практично деца) биле еднакви, почнуваат да се менуваат како што поминува времето и нормално, на двајцата им е несфатливо како е можно да се промени другиот толку многу (иако најверојатно промената би била едновремено присутна кај двајцата)... Порано или подоцна тоа би било причина за тој да се замисли за целта на таа врска. Втора можност за раскинување.


Родителите не се сомневам дека се идиоти во случајот. Не затоа што имаат лошо мислење за дечкото или затоа што и се мешаат во личниот живот на ќерката, туку затоа што тоа го прават страшно несуптилно и нападно, така што таа нив сега би ги обвинувала за своите одлуки и за тоа што го решила. Сите родители ни влијаат на мислењето, помалку или повеќе, сите ни ги наметнуваат по малку своите ставови, и од нас зависи колку од тоа ќе прифатиме или не. Не мислам дека е лошо родителското мислење, посебно кога сме заслепени, млади и залетани:) Некогаш е тоа гласот на реалноста кој е потребен за да го направиме вистинското решение, што мене ми се има случено. Проблемот настанува кога родителите не се доволно бистри (какви сакаат почитувани доктори нека се двајцава, кога не си го знаат своето дете доволно... тури пепел) па маваат забрани и рестрикции. Тие во никој случај не се виновни за распаѓањето на врската. Евентуално кај нив е вината што девојчето им е неподготвено да живее во светот така што ќе си одговара самата за своите постапки.


Не се обвинуваат родителите, роднините, друштвото за распадот на нечија врска. Врската ја градат двајцата, секако во една средина која не може да ја изменат, и се што ќе направат во неа се објаснува само со нивните карактер, гледишта, акции.
 

МнмлЧупе

Форум зависник
Член од
9 јуни 2009
Мислења
92
Поени од реакции
6
Абе се зависи од то дали му даваш предност на умот или на срцето...
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
АНАСТАЗИЈА:Се ставам прво на местото на цурата - јас НЕ БИ БИЛА со некој кој имам чувство дека порано или подоцна ќе треба да го издржувам. Не се работи за дипломата од факултет, има еден куп кои успеале без никаков папир од образовна институција. Се работи за чувството кое го имам за некој, колку ќе направи во својот живот, колкави му се амбициите, дали би можеле заедно да ја одиме патеката. Цврсто сум убедена дека едиснтвениот начин да се има убава врска (подоцна и брак), е да се најде партнер со кои постои заеднички свет. Интелектуално, класно, сеедно... Заљубувањето е една работа, друга е реалноста. Порано или подоцна може да дојде моментот кога ќе ги фрлиме поглед на иднината која не очекува со некој и нема да сме задоволни од неа. Тука е првата можност за крај на врската, а причината која ја навела може да е било која, најверојатно најлесно самата пред себе би си се оправдала со родителското неприфаќање. Нејзините пијанства и одбивање да продолжи понатаму може да објасни на еден куп начини, меѓу кои и емотивната лабилност:)
Овде се работи сепак за едни млади луѓе. Ваквите нешта им се случувало во 19тата година. Прекинаа на 20 години. Сеа имаат 23. Анастазија...во тој период...они се препуштале најискрено само на своите емоции и времето убаво шо го поминуваат заедно. Значи ниту планирале брак...ниту заедничко живеење.
Уживале во оние млади години кога биле најискрени во љубовта.
Еве ти се ставаш на место на цурата и кажуваш како ти би изреагирала. Но сепак биле многу млади. Овие ствари кои ти ги напиша...се размислуваат негде подоцна кога стварно ќе решиме да живееме со одредената особа. Значи...на нив првенствено им било нарушено уживањето. Типот инаку моментално студира. Собра пари од рмбањето и се запиша на факултет. Значи сега да би биле уште заедно...можеби ова ќе беше задоволувачки критериум за родителите на девојката?...Сигурно би било.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Во никој случај родителите неможат да ми со сменат мислењето...колку и да пробуваат. Моите лични емоции пред тупењето на родителите....Вива ла амор:pipi:
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Овде се работи сепак за едни млади луѓе. Ваквите нешта им се случувало во 19тата година. Прекинаа на 20 години. Сеа имаат 23. Анастазија...во тој период...они се препуштале најискрено само на своите емоции и времето убаво шо го поминуваат заедно. Значи ниту планирале брак...ниту заедничко живеење.
Уживале во оние млади години кога биле најискрени во љубовта.
Еве ти се ставаш на место на цурата и кажуваш како ти би изреагирала. Но сепак биле многу млади. Овие ствари кои ти ги напиша...се размислуваат негде подоцна кога стварно ќе решиме да живееме со одредената особа. Значи...на нив првенствено им било нарушено уживањето. Типот инаку моментално студира. Собра пари од рмбањето и се запиша на факултет. Значи сега да би биле уште заедно...можеби ова ќе беше задоволувачки критериум за родителите на девојката?...Сигурно би било.

Јас имам 19. Не би била со некој кој ми изгледа дека нема иднина пред себе. Нека не те лажат девојчињата дека гледаат само убавина и убаво пројдено време кога се помали:) Испрограмирани сме да бараме сигурност, без разлика дали имаме 15, 20 или 25. Како што вие сте испрограмирани да гледате потенцијална мајка на вашите деца, во секоја девојка со која сте заедно. Посебно што сега сум убедена дека не се виновни родителите. На 17, 18, 19 години, колку што имале додека биле заедно, природно ни доаѓа да се бунтуваме против родителите. Во краен случај, за инает би останале заедно...
Како што и погоре кажав, најлесно е во случајот да се каже дека родителите се кривците и да се фрла со камења по нив, ама не верувам дека е исправно да се направи тоа, посебно не ако навистина се работело за толку силна, чиста љубов за каква што зборуваш.
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Јас имам 19. Не би била со некој кој ми изгледа дека нема иднина пред себе. Нека не те лажат девојчињата дека гледаат само убавина и убаво пројдено време кога се помали:) Испрограмирани сме да бараме сигурност, без разлика дали имаме 15, 20 или 25. Како што вие сте испрограмирани да гледате потенцијална мајка на вашите деца, во секоја девојка со која сте заедно. Посебно што сега сум убедена дека не се виновни родителите. На 17, 18, 19 години, колку што имале додека биле заедно, природно ни доаѓа да се бунтуваме против родителите. Во краен случај, за инает би останале заедно...
Како што и погоре кажав, најлесно е во случајот да се каже дека родителите се кривците и да се фрла со камења по нив, ама не верувам дека е исправно да се направи тоа, посебно не ако навистина се работело за толку силна, чиста љубов за каква што зборуваш
Можеби во моментот кадешто он сурово се бори за гол живот и неговата фамилија он нема некоја осигурена иднина. Но во животот ништо не се знае нели?...Еве сега типот е запишан на факултет. Факултетот ќе му отвори нови хоризонти за неговата иднина. Има на што да се надева. Он има иднина пред себе. Значи ти не би била со некој без иднина. Но дали би била со некој што стварно гз поти и крв просерува за својата иднина и пралелно се бори за врската или би била со некој со веќе обезбеден "статус" од дома и од неговите родители. И некојси таков паразит уствари шо не знае у гз да се буцне. Никој мене не ме лаже Анастасија. Ги знам добро тие работи. Но ако некоја си моја девојка прво нешто што приметува кај мене е колку сум ја добро материјално потковен а не ме гледа шо човек сум ондак...фак офф не ми треба таква девојка ич. Велиш испрограмираност...каква е таа програмираност жити се??....пак од дома некоја програма а? Од програмата на родителите? Хмм...
Тоа е тоа Анастасија...се работело за права љубов. Можеби да не биле родителите со нивната тензија они двајца ќе останале заедно...можеби и не. Можеби сосема друго ќе било причина за нивниот крај. Битното нешто во врска со темава е да родителите не се мешаат многу у љубовта на своите деца. Знаеме сите дека секој индивидуално ретко наоѓа некоја супер личност со која што би делеле убави моменти. Моментот кога сме среќни со некоја особа. У тој случај...родителите немаат никакво право да ја уништуваат среќата на своето дете.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Приказнава ко онаа на Боба и Марија од ''Жикина Династија'' :)...

Не поддржувам никако, али понекогаш родителите превише се грижат за своите деца...Родителот и кога детето има 20 години ко гледа како сега да го испратил во градинка...Не сите родители, секако...Но, повеќето...
И тоа што знаат да се мешаат не е толку страшно колку што е пострашна мерката во која тоа ќе го прават...Тука се претерало, апсолутно и нема изговор за тоа што го напраиле...Сечење у корен, без можност за поправка...
Тупење мозок како стандард родителска карактеристика која на крајот им успеала, но и тие самите се каат поради тоа...Тоа е веројатно нивниот најголем пораз...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Какви се тие родители што не им дозволуваат на своите деца да управуваат со својот живот.. Знаеме сите дека родителито тоа често го прават бидејки мислат само најдобро за своите деца но таквото однесување на родителите може да биде поголем проблем , на пример да влијае на некоја одлука на детето за кое тоа после ќе се кае цел живот и недај боже да се искомплицира па ете ти и уште проблеми..
Без разлика дали детето има 15, 17 или пак 20 год. не е во ред..
Јас имам 15 години и имам дечко и незнам како би се осеќала ако моите дома не би го прифаќале но познавајки ја мајка ми знам дека никогаш не би ми забранувала бидејки сепак тоа е моја одлука и ако јас мислам дека тој што сум го одбрала ми одговара ќе и одговара на неа, а ако мисли дека има некој негативни особини би ми укажала на тоа, но забрана, тоа е веќе претерување...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Какви се тие родители што не им дозволуваат на своите деца да управуваат со својот живот..
A kakvi se tie deca sto dozvoluvaat nekoj drug da im se mesa i da upravuva so nivniot zivot. Roditeli kako roditeli, sakaat se najdobro za deteto, zanemaruvajki go toa deka za deteto najubavo e ona sto toa go saka. Vo red e na 14-15 godini roditelite da go posoveuvaat deteto deka nesto e dobro ili loso za nego. Ama na 20-21 uste nekoj da vlijae na tebe... Ne gi bovinuvam roditelite vo slucajov, spored mene devojkata e taa zaradi koja propadnala vrskata, ne roditelite. Mozela da zastane pred niv i da im rece: vie sto ste si odbrale - ste odbrale, momentalno jas biram, jas utre ke go minam zivotot so nego i mene mi odgovara ako vas ne vi odgovara vas problem.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
105
Поени од реакции
37
Секој има право на своја одлука и право слободно да си го креира својот живот.
Родителите на девојката пред се требале прво да го запознаат Типот на нивната керќа,а не неговиот материјален статут .. Парите не се се во животот,битна е и среќата. Ако моите родители ме сакаат и ме ценат тогаш ќе го ценат и него без разлика од која фамилија е,дали е богат и така натака .. Најважно е што носиме во себе .. А парите порано или подоцна може на многу лесен начин да се изгубат ..
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
A kakvi se tie deca sto dozvoluvaat nekoj drug da im se mesa i da upravuva so nivniot zivot.
Така е... сега ми е криво што изумив и тоа да го напишам.... :smir:
но сепак понекогаш кога родителите на некој начин ќе управуваат со твојот живот и они те тераат да донесеш некои одлуки кои на тебе не ти одговараат ,зар не се замислуваш и запрашуваш : "еј па тоа се моите родители они ми мислат само добро и знаат повеќе за животот, можеби треба да ги послушам"... и едноставно одиш на тоа што твоите родители ти го кажуваат... се случува и тоа...
... Но сепак родители се родители и многу пати ние децата се залажуваме дека сето тоа они што ни го кажуваат понекогаш е поразумно...
ова е само мое мислење не велам дека сум во право
исправете ме ако грешам... :)
 

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Прво ставете се на местото на родителите, ниеден родител не сака неговото дете да се земи со некој кој е многу посиромашен од нив, сигурен сум дека и тие што велат дека девојката не требало да ги слуша родителите еден ден(кога ќе станат родители) ќе го променат своето мислење.

Ауфф не би сакал да сум во кожата на чупето. Сигурно минувала низ пекол. Многу е лесно на форум да напишеш дека ќе разговараш со родителите и ако не ги убедиш, тогаш ќе ѓи напуштиш, али во реалноста... друга прича. Од една страна родителите од друга страна дечкото од трата страна факултет, притисок и очекувања од сите страни. Не ни чудо шо се свртила на алкохол, јеби га со него нема грижи. Јас мислам дека девојката воопшто не е виновна, само немала среќа. Тешко е да ги напуштиш родителите кои 20 год. се грижеле за тебе и ти овозможиле убав живот за некој кој ете немал некоја голема среќа во животот. Патем имала само 20 год. па на таа возраст лесно се преболува некоја особа, али ете заглавила. Можеби затоа што била растена во стаклено ѕвоно, не знам.

Сеа ко шо гледам на сите им е криво шо врската се прекинала, ама сигурен сум дека на родителите највеќе, затоа што нема ништо полошо од тоа детето да си го гледаш несреќно (барем според мене). Се надевам дека навреме сите ќе си ја признаат грешката и приказнава ќе заврши вака некако.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom